Промовирани огласи »

Справувањето со песимистот во вашиот тим може да биде фрустрирачко и да ви одзема многу време. Обидиот да ги игнорирате или да им се спротиставувате на честите негативни коментари од него, можат едноставно да поттикнат дополнителна негативност. Добра вест е тоа што ако бидете проактивни, можете да му помогнете на песимистот да го промени своето однесување и да му овозможите на вашиот тим да постигне поголема продуктивност.

Еве неколку совети како да се справете со песимистот во вашиот тим:

  • Создадете свест.
    Ова најдобро функционира ако го тргнете членот на тимот настрана и ќе му објасните дека неговите коментари влијаат негативно. Објаснете му зошто тој е ценет во тимот и појаснете му го влијанието на неговото однесување. На пример, можете да му кажете: „Кога давате негативни коментари, тимот заглавува и не можеме да продолжиме напред“.
     
  • Заобиколете ги негативните мислења.
    Негативноста може да ја намали мотивацијата на тимот. Не се задржувајте на негативните коментари. Побарајте појаснување или повеќе информации за тоа што и зошто така мисли говорникот. На пример, ако некој член од тимот рече: „Овој проект никогаш нема да успее“, замолете го да објасни зошто мисли така. Уште подобро, можете да побарате алтернативни решенија: „Што можеме да направиме за да се увериме дека проектот ќе помине успешно? 
     
  • Вклучете го целиот тим.
    Издвојувањето на член од тимот пред сите други може да биде штетно. Притисокот од колегите е далеку поефикасна тактика. Понекогаш социјалните санкции функционираат подобро од санкциите на лидерите. Поставете тимски норми и замолете ги сите да ги почитуваат истите.

Промовирани огласи »

Полициски службеници во текот на вчерашниот ден (16.05.2023) имаа контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 197 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 55 санкција, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за непрописно престројување на возила. Изречени се четири мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции минување на затворен сигнал (црвено светло), информираат од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Промовирани огласи »

Државјанство на маил за 150 денари, со новата дигитална услуга ќе се спречува корупција на шалтерите. Граѓаните ќе можат да добијат по електронски пат уверение на веб страната uslugi.gov.mk.

Дигитализација и поврзување на институциите би требало да ги намали гужвите по шалтерите каде се издаваат лични документи.

Додека министрите промовираат побрз начин да се дојде до државјанство, илјадници граѓани кои живеат на 185 улици чие име е сменето од градските власти, се соочени со проблем да обноват лични документи.

Од закажан термин на шалтерите на МВР ги враќаат граѓаните со образложение дека сами треба да извадат уверение во Град Скопје за новото име на улицата. Иако не по нивна вина, ова ги чини плус пари, време и  пропуштени термини.  Но и оваа потврда  можат да ја добијат откако ќе извадат нов имотен лист. Постапката трае со недели, а од МВР и покрај тоа што имаат сознание дека се направени вакви промени, велат не се надлежни да утврдуваат законитост на одлуките на градските власти.

Од март, граѓаните  веќе плаќаат повисоки такси за вадење лични документи и ова е само дополнителен трошок за нив. Поскапувањето според Спасовски е незначително, а било направено поради повисоките цени на репроматеријалите.

До следната 2024 е рокот за промена на личните документи со нови кои ќе го содржат уставното име на државата. Едно лице, ова ќе го чини најмалку околу 2700 денари. Дополнително МВР одлучува дали за кратенката НМК на регистарските таблички возачите ќе треба да ги променат за 1.500 денари или проблемот ќе се реши со едноставна налепница.

Промовирани огласи »

Пред 4 години компанијата Кромберг и Шуберт се вклучи во проектот на Дуално стручно образование, во соработка со СОТУ „Ѓорги Наумов“ од Битола и Делегацијата на германското стопанство во Македонија.

Реалистично може да се каже дека овој проект успешно беше реализиран и оваа година беше прославена заедно со Првата генерација на матуранти. Процесот на образование никогаш не завршува, а баш таков е и пристапот на компанијата кон проектот на Дуалното стручно образование, односно како што и тие континуирано се подобруваат така вложуваат и во развојот на овој исклучително значаен проектот. Целта е со секоја помината година да се изнесуваат уште поуспешни генерации кои ќе се обликуваат во професионален и стручен кадар кој би го менувал светот.

На овој начин како општествено одговорна компанија, главната мотивација на компанијата е придонесување кон подобрување на образованието и споделување на експертското знаење и познавање кое што професионалниот тим од компанијата го имаатг стекнато низ годините со учениците кои се на самиот почетокот од нивниот професионален развој.

Вложувањето во учениците, отворената комуникација, позитивната енергија,  чесноста, довербата  се алатките кои секогаш водат кон успехот. Во позитивна средина каде луѓето се отворени да споделуваат и пренесуваат свое знаење сѐ е возможно. Не останал проблем кој што не бил решен или пак ситуација која што не е надмината. 

Во четвртокот, 12.05.2023, матурантите од Дуалното образовнаие во Битола беа ѕвезди на денот за кои со голема љубов и внимание беше организирано дружење на кое беа поканети и нивните родители.

На настанот се прикажа ретроспективата на учениците, како започна оваа приказна пред 4 години, колку заедно пораснаа и научија голем број на стручни работи кои ќе им послужат во понатамошното образование. Учениците исто така беа изненадени со мал подарок кој ќе ги потсетува на едно преубаво време. Дружењето беше заокружено со мала забава, добра музика и многу желби за успех во иднина.

Во текот на овие години заедно учеа, се надоградуваа, се развиваа, другаруваа, ги насочуваа и се стремеа да им бидат добар пример на учениците за во иднина и да им ја покажат нивната најдобра верзија. Матурантите беа посоветувани да останат добри луѓе, да ја задржат искреноста и ведрината која ја краси секоја младост, зошто младоста е пролет на секоја личност, да продолжат да работат на себе и да не забораваат дека сѐ што сакаат можат да постигнат доколку вложат труд, време и се водат од вистинските вредности.

Завршувањето на едно поглавје секогаш означува почеток на ново, па токму тој исчекор треба да ги прави матурантите горди и среќни.

Од особена важност е младите да добиваат соодветно образование и својата иднина да ја градат во нашата држава. Само на тој начин можи да се придонесе да имаме општество кое ќе има успешна и позитивна иднина.

Посебна благодарност упатуваме до менторите кои несебично и со големо внимание го подготвуваа материјалот и им го пренесуваа знаењето на учениците на креативен и забавен начин. Преку бројните проекти и практичните примери им ја приближија теоријата и им ја разбудија желбата сѐ повеќе да истражуваат и да се надоградуваат.

„Матурaнти, Ви посакуваме многу среќа и успех во иднина! Бидете приказна која нема да престане да го инспирира светот околу себе! Се радуваме заедно со Вас на сѐ што досега постигнавте и ќе останеме и понатаму Ваша најголема поддршка, мотивација и инспирација во текот на градењето на Вашата кариера. Воопшто не се сомневаме дека сите животни предизвици ќе ги надминете и еден ден ќе станете примерни и успешни личности, а ние ќе бидеме горди на Вас. Ви посакуваме да ја изградите вашата иднина онака како што си ја замислувате и посакувате!“ – е дел од честитката која менаџментот на Кромберг & Шуберт ја упатија до матурантите.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »