Денес (19.05.2023 год.) во Хотел Мериот се одржа HR работилница предводена од Stefanie Wittenbecher, Head of Learning & Development во DHL, Germany.
На работилницата се дискутираше за клучните механизми за задржување на квалитетните луѓе во една компанија. Воедно учесниците имаа можност да се запознаат со новиот продукт на KARIERA.mk наречен HR Scanner!
Работилницата се состоеше од две сесии низ кои се разгоараше за стратегиите на успешните компании, како да ги задржите и направите среќни вашите вработени и секако работа во групи и многу интересни дискусии и споделени искуства.
Компании кои испратија свои тимови на работилницата беа: Zegin, MTEL, FashionGroup, Taskforce, A1 Makedonija, Toyota Avto Centar, Sparkasse Bank AD Skopje, Lear, APS, Damilah, QUIPU, Johnson Matthey, TianDe Macedonia, Brako, Aktuel, Solar, Alkaloid, NLB, Telelink, Magna, Aptiv Services Macedonia.
Погледнете дел од атмосферата и се гледаме на следната работилница!
Во прилог галерија од фотографии: