Одделот за човечки ресурси е еден од клучните сектори кој што потпомага при реализација на компаниската стратегија за раст и развој и е составен дел на секоја современа организација. Покрај регрутација на вработени и управување со бенефиции, HR секторот исто така е одговорен и за заштита на благосостојбата на вработените, како и за обликување и зајакнување на културата на компанијата и создавањето позитивна работна средина со фокус на вредностите на компанијата.
Човечките ресурси отсекогаш биле неопходни, но изминативе години покажаа дека се инструмент за одржување на бизнисот.
Денес го одбележуваме Меѓународниот ден на човечки ресурси, во продолжение проследете ги интервјуата на колешките од Секторот за човечки ресурси .
- Која е Софија? Што најмногу сакаш во својата работа, особено овде?
Амбициозна, одговорна и истрајна личност насочена кон личен и професионален развој. Претходното работно искуство во областа на човечки ресурси го стекна во надворешна компанија специјализирана за хедхантинг и менаџмент-консултантски услуги. Освен желбата и интересот во областа на човечки ресурси, дополнително е ангажирана во областа на психологијата и советувањето. Голем љубител е на планините, па секое слободно време го користи за планинарење и патување .
Во Флекс Кредит сум веќе 5 месеци, за релативно краток период имав можност да бидам дел од големи корпоративни промени и предизвици следејќи го растот и развојот на компанијата. Динамичната средина е секојдневието во Флекс Кредит, а тоа ми овозможува уште поголема мотивираност и насоченост кон поголеми успеси.
Можноста за развој, тимскиот дух и креативноста во работата е она што ми се допаѓа во компанијата.
Иако сите области од човечки ресурси се важни и значајни за една компанија сепак сметам дека изборот на вработени и одржувањето на мотивацијата на вработените се клучните работи за бизнисот.
Омилен дел во работата ми е креирање и имплементација на стратегии за мотивација на вработени како и регрутација на нови таленти и планирање на нивен кариерен развој.
- Која е Ивана? Кој процес од работата во човечки ресурси најмногу те исполнува и сметаш дека е твоја екпертиза?
Одговорна, принципиелна, фокусирана кон остварување на целта, како на приватен така и на професионален план. По завршување на породилно отсуство, се враќа со нови сили во пресрет на секојдневните предизвици. Во Флекс Кредит сум уште од самите почетоци како постои компанијата, на позиција Административен Асистент.
Самата експанзија донесе екстремен и брз раст, а со тоа и многу нови колеги и предизвици. Денес сум горда што сум дел од секторот за Човечки Ресурси на Флекс Кредит. Работам во супер динамична средина, следејќи ги светските трендови како и новитетите кои ги носат новите генерации.
Со моето повеќегодишно работно искуство во секторот на Човечки ресурси, научив дека најдобар начин да се постигне успехот е да се мотивираат вработените и да се создаде позитивна клима во компанијата. Омилен дел ми е регрутација и откривање на нови таленти.
Лилјана има повеќегодишно искуство од областа на човечки ресурси и работи како Менаџер за човечки ресурси во Флекс кредит Македонија веќе 1 година, доаѓајќи со искуство од финансиски институции и ИТ компанија. Сопруга и мајка на 2 деца, креативна и динамична личност, некој кој што ужива во тоа што го работи. Покрај професионалните обврски, Лилјана слободното време го користи за прошетки во природа.
- Како е да се работи во Флекс кредит и кои се идните планови и цели на компанијата?
Компанијата имаше голема експанзија со самото тоа работниот процес е многу динамичен со регрутации и запознавање на нови лица, што е јасен показател за растот на компанијата, кој ќе продолжи во иста насока и во ист дух. Наш приоритет ќе остане задржувањето и мотивирањето на вработените.
Човечките ресурси опфаќаат многу работи - од ефективна комуникација, трпеливост, способност да се анализираат и гледаат работите од различни агли до планирање и мултитаскинг. Она што е најважно за мене, а истовремено и најголем предизвик е воспоставувањето одлични конекции и соработка со вработените.
Компанијата е успешна колку што се успешни и нејзините луѓе, а тимот за човечки ресурси е задолжен за создавање и одржување на професионален и успешен тим. Секторот за човечки ресурси помага да се регрутираат и задржат врвни таленти. Како и организацијата на настани и активности, Годишна конференција, тимски дружби и натпревари, програми за лојалност и бенефиции. Инвестирањето во човечки капитал е приоритет на оваа компанија.
Доколку сакате да работите во компанија која е фокусирана на подобрување на искуството на вработените во секоја фаза од животниот циклус на вработените, ве охрабруваме да ги проверите нашите отворени позиции и да ни се приклучите.