За компанијата: Најголемиот принт центар во Македонија, Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување.
повеќе за компанијата »Најголемиот принт центар во Македонија, Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување. Ние ги сметаме своите човечки ресурси за клучен фактор во нашиот брз и одржлив развој.
Распишуваме оглас за работното место „Административен асистент“.
На огласот можат да конкурираат кандидати кои сметаат дека ги поседуваат долунаведените потребни квалификации:
Лични карактерискити на кандидатот:
- Минимум завршено средно образование
- Комуникативност;
- Организираност и одговорност кон доверените работни задачи;
- Флексибилност, проактивност и лојалност;
- Желба за докажување и напредок;
- Способност за самостојна и тимска работа.
Опис на работно место:
- Комуницикација со клиенти на телефон, поврзување со колегите од останатите сектори,
- Проверка на материјалите кои се во изработка по барање на клиенти,
- Проверка на готови материјали со работните налози,
- Известување клиенти за готови материјали, пробни примероци ( на телефон и по маил-во случај кога клиентот не се јавува на телефон ),
- Изготвување на профактури и фактури,
- Читање на картица и ИОС,
- Организација на достава.
Нудиме:
- Постојана поддршка и помош од вработените во Полиестердеј во периодот потребен за адаптација;
- Одлична работна атмосфера;
- Можност за напредок доколку кандидатот покаже желба, знаење и способност да се носи со своите работни обврски;
- Можност за учење и стекнување нови вештини;
- Редовна Плата.
Работниот однос се заснова на определено време за период од 1 месец, со можност за продолжување на 3, 6 или 12 месеци.
За ова работнo место предвидена е почетна нето плата од 25.000 денари.
Искористете ја можноста да бидете дел од нашиот тим и кажете ни зошто вие сте идеалната личност за оваа работна позиција, испратете ни го вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] со наслов: “за работна позиција Административен асистент”.
Само кандидатите кои ќе влезат во најтесниот круг ќе бидат контактирани од страна на претставнци на нашата компанија.
Веб сајт:
www.print.mk
www.polyesterday.com.mk
Слични огласи »