Монтер/Помошник монтер на клима уреди

Плата од 24.000 ден. до 40.000 ден.

За компанијата: Најголем избор на високо квалитетни и економични клима уреди од најпознати светски и регионални брендови. повеќе за компанијата »

КЛИМИ.мк како дел од реномираниот бренд на ТИМ КОРПОРЕЈШН ДООЕЛ поради проширување тимот објавува оглас за отворено работно место на позиција МОНТЕР/СЕРВИСЕР и ПОМОШНИК МОНТЕР на клима уреди.

Работната позиција е во Кавадарци и Скопје.

НУДЕМЕ:

• Конкурентна плата и плус дополнителни бонуси според учинокот и постигнатите резултати

• Работа во динамична средина со тим на професионалци

• Можност за континуирана надградба и развој во кариера

• Програми за професионален развој, посета на обуки и семинари

• Работа во 1ва смена.

ОПИС НА ЗАДАЧИ:

• Монтажа на резиденцијални и комерцијални уреди за климатизација.

• Сервис и одржување на уреди за климатизација.

• Обезбедување квалитетна поддршка/едукација кон крајните корисници и помош поврзани со производите кои ги нудиме.

БАРАНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ВЕШТИНИ:

• Минимум средно завршено образование

• Возачка дозвола мин. Б-категорија.

• Предност ке имаат кандидатите со претходно искуство со монтажа/сервис на клима уреди и/или фриготехника.

Доколку сте заинтересирани и ги исполнувате барањата наведени погоре ве молиме испратете го вашето CV на следнава е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака: Оглас за вработување на МОНТЕР/СЕРВИСЕР.

По пристигнување на сите апликации ке се направи селекција на кандидати кои ќе бидат повикани на разговор/интервју. За повеќе информации може да не контактирате на 070 731 353

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »