Credi Yes е нова, современа брзорастечка компанија во областа на микрокредитирање на физички лица во Македонија. Поради брз раст, развивање и извршување на својата дејност потребен ни е „Регионален Менаџер Скопје“ кој во своја надлежност добива одделен регион со повеќе филијали каде е претпоставен .
Опис на работно место:
• Врши обука и управува со вработени во филијали каде е претпоставен
• Промоција и активно презентирање на продуктите на компанијата
• Активно привлекување на нови клиенти преку поставување на задачи и цели и контрола на тимот за нивно исполнување
• Одговора за остварувањето на стратегиските цели на компанијата во доделениот регион
• Го развива портфолиото на компанијата преку предлагање на продуктите на потенцијални клиенти
• Одговора за целосниот процес на опслужување на клиентите
• Работи во насока на креирање и одржување на имиџот на компанијата
• Одговорен за следење и спроведување на процедурите и стандардите на компанијата во доделениот регион
Квалификации:
• Образование: Пожелно е ВСС
• Релевантно искуство на иста или слична позиција
• Лојалност и мотив за развој
• Одлични комуникациски и организациски способности за управување со тим
• Одлични вештини за продажба
• Идентификација на конфликти и преземање брзи решенија
• Одлично познавање на Англиски јазик
• Одлично познавање на MS Office (Excel,Word)
• Аналитички пристап и систематичност кон поставените задачи
• Возачка дозвола
Компанијата нуди:
• Можност за професионален развој
• Службен автомобил
• Службен лаптоп
• Динамична работа во мотивиран тим
• Договор за вработување со конкурентска фиксна плата + бонуси засновани од постигнати резултати
Доколку сакате да бидете дел од нашата компанија, да се развиете како професионалец, да стекнете нови знаења, вештини и способности од областа, Ве молиме испратете ни детално CV со назнака за Регионален Менаџер Скопје на нашата е-маил адреса [најави се за да го видиш е-маилот]