Промовирани огласи »

Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимовски, денеска пред медиумите објави дека повторното воведување на евтина тарифа за електрична енергија е неизбежно во наредниот период затоа што цените на берзите во тој период се дури и негативни.

Евтината струја ќе се плаќа два часа во период кој допрва Регулаторот ќе треба да го утврди, но ќе биде помеѓу термините од 11.00 до 16.00 часот. Бислимовски откри дека операторот ЕВН Хоме ќе треба да излезе на самиот терен да внесува промени во броилата и да го измени билинг системот на наплата. Примената на евтината тарифа ќе запоќне кога ќе се завршат овие активности, а повеќе детали ќе бидат познати за десетина дена.

Воведувањето на евтината тарифа е само следење на пазарот на електрична енергија, не само во Македонија, туку и во регионот. Нема никаква политика, единствена цел ни е во тој период, во тие два часа да испратиме сигнал - да се купува евтина електрична енергија од фотоволтаиците и за сметка на тоа да се заштеди водата како многу битен ресурс и исто така да се заштеди јагленот, рече првиот човек на РКЕ.

Според Бислимовски, хидроакумулацијата и јагленот треба да се штедат за зимно време и на тој начин да се намалат потребите од поскапа увозна струја.

Промовирани огласи »

Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес -конференција рече дека мерката за замрзнати цени на одредени земјоделски производи нема да биде продолжена по нејзиното завршување предвидено на 31 мај.

Нема да продолжи мерката во делот на земјоделските производи, имајќи во предвид дека, согласно податоците што ги имаме ние како Министерство за економија, повеќето од производите се и пониски од нивото на замрзнување кое сме го имале претходно, рече Бектеши како одговор на новинарско прашање.

Инаку, поради оваа мерка, голем дел од маркетите во малопродажбата се одлучија да не ги продаваат дел од производите опфатени со мерката.

Министерот во контекст на ова дополни дека ќе има реакција од страна на Владата само доколку од 1 јуни биде забележана злоупотреба од страна на трговците.

Бектеши рече дека инфлацијата во јуни ќе биде под нивото од 10 отсто и се очекува да биде помала од тоа што претходно било проектирано од Народната банка.

Промовирани огласи »

На барање на Босна и Херцеговина, министерот за економија Крешник Бектеши ќе предложи во нашето Министерство за транспорт и врски да се разгледа можноста за евтини летови за граѓаните од Скопје до Сараево и обратно. Оваа можност министерот Бектеши ја соопшти денес откога со министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина, Сташа Кошарац, потпиша договор со кој ќе се зајакнува соработката во економијата и туризмот меѓу Македонија и Босна.

И со министерот и со амбасадорот разговараме за привлекување туристи, се вклучи и амбасадорот имајќи ги предвид и барањата што ги има во амбасадата на Босна. Ние сме заинтересирани, јас ќе го проследам нивниот интерес до министерот за транспорт и врски имајќи ги предвид програмите кои ги реализираме во делот на субвенционирање во делот на евтини летови, а не само за да имаме и конекција меѓу Скопје и Сараево, посебно во делот на старите чаршии, а зошто да не и за друг вид на туризам, рече министерот Бектеши.

Неговите очекувања се со договорот кој денес го потпишаа да се зголеми бројот на туристи во двете земји.

Секогаш сме заинтересирани да се продлабочи соработката со Босна и Херцеговина. На билатералниот состанок разговаравме за продлабочување на соработката во различни сектори, а денеска тоа го формализираме и со склучување на договор во делот на соработката во економијата секако и во туризмот имајќи ги предвид, секако, потенцијалите што ги имаме и двете држави за да се зголеми бројот на туристи од нашата држава кон Босна, а секако и дека спротивното. Во делот на економската соработка многу е важно да ги формализираме работите кои се бараат од страна на стопанствениците од двете држави. Тоа дека секако е олеснување на трговијата, а преку тоа и зголемување на обемот на трговија меѓу двете држави, рече министерот Бектеши по потпишувањето на договорот со министерот Кошарац, кој е во официјална посета на Македонија.

Досегашното искуство покажало дека за околу 30 % се зголемила трговската размена меѓу Албанија, Македонија и Србија со иницијативата „Отворен Балкан“ па Бектеши приближно толкав пораст очекува и во трговската размена со Босна и со другите држави кои би се приклучиле.

Во делот на туристи имаме околу 9000 граѓани и од нашата држава кои ќе ја посетат Босна и од нивната страна во Северна Македонија. Во делот на процентите секако дека не може да имаме конкретни  проценти, но имајќи го предвид искуството, тоа што го имаме со соседните држави со кои имаме вакви договори, а посебно со ратификување на одредени закони во склоп на ‘Отворен Балкан’, а секако и одлуки кои излегуваат  од страна на берлинскиот процес, околу 30% иницијално е зголемена трговската размена меѓу Албанија Македонија и Србија, што би значело дека 30% е минималниот потенцијал што би можеле да го имаме и со Босна па и со другите држави кои би одлучиле да се вклучат во вакви иницијативи, рече министерот Бектеши.

Промовирани огласи »

„Нема да продолжи мерката за замрзнување на цените на земјоделските производи, имајќи предвид дека цената на одредени производи веќе е пониска од утврденото ниво. Инфлацијата во делот на прехранбените производи нагло се намалува, така што очекуваме во јуни инфлацијата во земјата да биде пониска од десет насто“.

Ова денеска го изјави министерот за економија, Крешник Бектеши, по средбата со министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина, Сташа Кошарац.

Бектеши истакна дека ситуацијата со цените на производите се следи, така што доколку биде забележана злупотреба од трговците, ќе бидат спроведени соодветни мерки.

За енергетиката тој појасни дека со министерот за финансии и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и другите членови од Енергетскиот совет во рамки на Владата наредниот месец ќе разговараат за новиот модел за пресметување на цената на електричната енергија. Бектеши им порача на граѓаните дека независно каков ќе биде утврдениот модел, поскапување на електричната енергија нема да има.

Можам уште од денеска да им соопштам на граѓаните дека нема да плаќаат поскапа струја од 1 јули до крајот на годината, рече Бектеши.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »