Денес, направете нешто убаво за вашиот партнер без разлика дали ноќеска се скаравте или имавте супер продолжен викенд.
Нашите партнери се оние кои не држат во добро расположение и не прават среќни, затоа денес, бидете вие тие што ќе иницирате љубов и убава енергија - неочекувано!
KARIERA.mk ви дава предлози за убаво попладне по напорниот работен ден по продолжен викенд:
- Подарете му топла прегратка кога не ја очекува
Прегрнете го кога тој најмалку очекува. Физичките гестови се многу поефективни од вербалните.
Ставањето на вашите раце околу неговото тело кога тој не очекува, неизбежно говори за вашата љубов кон него.
- Смејте се на неговите шеги, иако ги слушате по стоти пат
Не му велете „Ми го имаш кажано ова“ и оставете го да ја доврши започнатата шега. Насмевнете се за да ја потврдите својата љубов кон него.
- Направете мала жртва за него кога тој не го бара тоа од вас
Иако гледањето фудбал, игрите со карти и посетувањето на спортски натпревари не се дел од вашите омилени активности, изненадете го и согласете се да ги вметнете во вашиот презафатен ден.
Дали некогаш сте ја жртвувале сопствената среќа за да измамите насмевка на лицето на партнерот? Тоа е најчистиот и најискрениот начин да кажете „Те сакам“.
- Подарете му масажа по напорниот работен ден
Овој љубезен гест ја докажува вашата грижа за него. Масажата не само што ќе донесе позитивна промена во неговото расположение, туку е прекрасна и релаксирачка замена за љубовните зборови „Те сакам“.
- Прегрнете го одназад додека гледате телевизија
Да, ќе ви биде многу покомфорно ако лежите опуштено подалеку еден од друг, но тоа нема да го затопли вашето срце. Прегрнете го и дозволете грижливата прегратка да зборува за вашата љубов.