Градоначалникот на Бормида инсистираше на тоа дека ова е "обичен предлог" и го укина предлогот, откако околу 17.000 луѓе изразија интерес да се преселат во малото италијанско село пишува магазинот travelandleisure.
Во северозападна Италија, градоначалникот на еден мал планински град понуди да плати 2.000 евра, што е околу 2.200 долари, за секој кој ќе посака да се пресели таму.
Бормида, идилично село во Лигурија со брзо намалување на бројот на 394 жители, се надева дека стимулациите ќе помогнат да се привлечат новодојденците. Во спротивно, депопулацијата може да го загрози само постоењето на градот.
Деталите за планот не се потврдени, но еден локален советник за Гардијан изјавил: "Секој може да дојде и да живее овде."
Во прилог на првичните пари, стимулациите на градоначалникот Даниел Галијано ќе вклучуваат нудење на мали изнајмувачки имоти кои се достапни само за 50 евра (околу 55 долари). Во Бормида , се разбира, нема многу што да се работи. Постојат четири ресторани, една црква и вкусна лигурска кујна.
"Животот е толку едноставен и природен", изјавил Оддон Џузепе, менаџер на еден од гореспоменатите ресторани за "Гардијан". "Ова е здрав начин на живот, а воздухот е многу чист".
Лигурија е исто така дом на познатата Cinque Terre Cinematic дестинација, и има нешто повеќе од еден час возење до градот Џенова со автомобил.