Промовирани огласи »

Градоначалникот на Бормида инсистираше на тоа дека ова е "обичен предлог" и го укина предлогот, откако околу 17.000 луѓе изразија интерес да се преселат во малото италијанско село пишува магазинот travelandleisure.

Во северозападна Италија, градоначалникот на еден мал планински град понуди да плати 2.000 евра, што е околу 2.200 долари, за секој кој ќе посака да се пресели таму.

Бормида, идилично село во Лигурија со брзо намалување на бројот на 394 жители, се надева дека стимулациите ќе помогнат да се привлечат новодојденците. Во спротивно, депопулацијата може да го загрози само постоењето на градот.

Деталите за планот не се потврдени, но еден локален советник за Гардијан изјавил: "Секој може да дојде и да живее овде."

Во прилог на првичните пари, стимулациите на градоначалникот Даниел Галијано ќе вклучуваат нудење на мали изнајмувачки имоти кои се достапни само за 50 евра (околу 55 долари). Во Бормида , се разбира, нема многу што да се работи. Постојат четири ресторани, една црква и вкусна лигурска кујна.

"Животот е толку едноставен и природен", изјавил Оддон Џузепе, менаџер на еден од гореспоменатите ресторани за "Гардијан". "Ова е здрав начин на живот, а воздухот е многу чист".

Лигурија е исто така дом на познатата Cinque Terre Cinematic дестинација, и има нешто повеќе од еден час возење до градот Џенова со автомобил.

Промовирани огласи »

Во полн ек е изградбата на аеродром во Истанбул, на 35 км северно од европската страна. 

Турскиот министер за сообраќај, Ахмет Арслан соопшти дека се ангажирани 30.000 работници и дека 57% од работите се завршени. 

Се проценува дека кога аеродромот ќе се заврши ќе има 225.000 вработени. 

До 2025 година на овој аеродром ќе поминат 120 милиони патници, кон 350 дестинации. 

Изградбата почна пред 2 години, а градењето ќе се одвива во 4 фази.

Промовирани огласи »

Двосменско работење од септември во државните управи и повеќе институции.

УЈП, Царинската управа, Управата за водење на матични книги, МВР, подрачните отсеци во Секторот за управно-надзорни работи, во Одделот за граѓански работи, Министерството за одбрана – одделенијата за одбрана на регион со градовите и општините во состав се институциите кои првично ќе почнат да работат во две смени.

Работното време во овие институции ќе биде од 7:00 до 14:30 часот и од 14:00 до 21:30 часот а ќе се работи и првата сабота од месецот но само во една смена од 8:00 до 16:00 часот.

Овие реформи со флексибилно работно време владата ги спроведува со цел да им излезе пресрет на граѓаните, односно овозможување подобри услови за вработените во администрацијата да имаат шанса да се прилагодат на работното време на градинките и училишните установи.

Што се однесува до флексибилното време кое ќе се воведе работниот ден ќе трае 8 часа со што почетокот на работното време ќе биде меѓу 7:30 и 8:30 часот, а завршувањето меѓу 15:30 и 16:30 часот.

Промовирани огласи »

На Чешка и се потребни 200.000 работници, а посебно се бараат ИТ стручњаци и луѓе кои би работеле во автомобилската индустрија. 

Чешка има рекордно ниска невработеност, а работници ќе „увезува“ од Србија. 

Од Стопанската комора на Чешка велат дека имаат работници од Украина, но со тоа проблемот не е решен и ќе ангажираат работници од земји кои се од блиско говорно подрачје. 

Лани на 284 Срби им се издадени дозволи за долготраен престој во Чешка. 

Другите во земјата престојувале врз основа на визите до 90 дена. 

Чесите на странците им нудат добри плати. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »