Овие жени имаат слава и пари, а по богатството се вбројуваат меѓу најбогатите жени на светот.
Што работат или пак како ги добиле овие пари?
1. Лилијан Бетанкурт (94), Франција. Најбогатата жена на светот во моментот е 94-годишната Лилијан Бетанкурт, сопственичката на поголемиот дел од акциите на познатата „фабрика за убавина“, француската козметичка фирма „Л’Ореал“. Иако таа длабоко зачекорила во десеттата деценија од својот живот, Лилијан вредно работи, а поседува и своја хуманитарна фондација. За своите години изгледа фантастично! Нејзиното богатство во моментот се проценува на околу 43,1 милијарди долари. Живее во Франција.
2. Алис Валтон (67), САД. Втора на листата според богатство е Алис Валтон, која тежи 38,7 милијарди долари. Таа е единствената ќерка на основачот на „Волмарт“, Сем Валтон. Алис обожава уметност, па дури има и своја приватна уметничка колекција. Полна е со пари и ужива во нив – има ли нешто подобро од тоа?
3. Сузан Клатен (55), Германија. Трета на листата и прва најбогата жена во Германија. Таа успешно го води својот бизнис, а слободното време го поминува со семејството. Сузан е сопственичка на фармацевтска компанија, а заедно со својот брат поседуваат половина од акциите на „БМВ“. Нејзиното богатство се проценува на 22,5 милијарди долари.
4. Лорин Пауел Џобс (53), САД. Лорин Пауел Џобс не е само вдовицата на Стив Џобс, еден од основачите на „Епл“, туку и самата е искусна деловна жена и великодушна личност позната по големите добротворни акции. Нејзиното богатство се проценува на околу 20 милијарди долари.
5. Шарлот Казираги (31), Монако. Младата Шарлот е осма по ред за престолот на Монако. Внуката на славната Грејс Кели работи како новинарка, а слободното време го користи за да јава коњи. Се чини дека Шарлот, покрај кралското богатство го наследила и изгледот на својата холивудска баба. Нејзиното богатство се проценува на 5,7 милијарди долари.