Промовирани огласи »

Веќе  4 години Марко Мартинис од Нови Мароф живее во Сингапур. 

Овој млад човек вели дека матичната земја Хрватска не била вистински избор за него, затоа што сакал да учи и напредува. 

Работи во компанија каде го води одделот за продажба. По завршување на студиите заминал во САД каде стекнал контакти со странски компании. Потоа работел на проект во Загреб, но и барал вработување. 

Една година овој триесетгодишен Хрват работел во Белгија, а потоа се одлучил за работа во Азија, поточно во Сингапур. 

Работата која денес ја работам бара едукација на дневна база. Она што го учам го применувам во својата работа. Студирањето ми се чини како детска игра во однос на работата на глобална компанија која постојано расте- рече Мартинис. 

За Сингапур вели дека е земја која им овозможува добар живот на граѓаните, но и тие се трудат својата работа да ја работат што подобро. Обајснува дека Сингапур е најефикасната држава во која некогаш бил. Додава дека можности за квалитетен живот и кариера има и затоа најголемите умови и компании доаѓаат во оваа земја. 

Во Хрватска би се вратил, но само кога работите од корен би се смениле.

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Овие жени имаат слава и пари, а по богатството се вбројуваат меѓу најбогатите жени на светот.

Што работат или пак како ги добиле овие пари?

1. Лилијан Бетанкурт (94), Франција. Најбогатата жена на светот во моментот е 94-годишната Лилијан Бетанкурт, сопственичката на поголемиот дел од акциите на познатата „фабрика за убавина“, француската козметичка фирма „Л’Ореал“. Иако таа длабоко зачекорила во десеттата деценија од својот живот, Лилијан вредно работи, а поседува и своја хуманитарна фондација. За своите години изгледа фантастично! Нејзиното богатство во моментот се проценува на околу 43,1 милијарди долари. Живее во Франција.

2. Алис Валтон (67), САД. Втора на листата според богатство е Алис Валтон, која тежи 38,7 милијарди долари. Таа е единствената ќерка на основачот на „Волмарт“, Сем Валтон. Алис обожава уметност, па дури има и своја приватна уметничка колекција. Полна е со пари и ужива во нив – има ли нешто подобро од тоа?

3. Сузан Клатен (55), Германија. Трета на листата и прва најбогата жена во Германија. Таа успешно го води својот бизнис, а слободното време го поминува со семејството. Сузан е сопственичка на фармацевтска компанија, а заедно со својот брат поседуваат половина од акциите на „БМВ“. Нејзиното богатство се проценува на 22,5 милијарди долари.

4. Лорин Пауел Џобс (53), САД. Лорин Пауел Џобс не е само вдовицата на Стив Џобс, еден од основачите на „Епл“, туку и самата е искусна деловна жена и великодушна личност позната по големите добротворни акции. Нејзиното богатство се проценува на околу 20 милијарди долари.

5. Шарлот Казираги (31), Монако. Младата Шарлот е осма по ред за престолот на Монако. Внуката на славната Грејс Кели работи како новинарка, а слободното време го користи за да јава коњи. Се чини дека Шарлот, покрај кралското богатство го наследила и изгледот на својата холивудска баба. Нејзиното богатство се проценува на 5,7 милијарди долари.

Промовирани огласи »

Денес, направете нешто убаво за вашиот партнер без разлика дали ноќеска се скаравте или имавте супер продолжен викенд.

Нашите партнери се оние кои не држат во добро расположение и не прават среќни, затоа денес, бидете вие тие што ќе иницирате љубов и убава енергија - неочекувано!

KARIERA.mk ви дава предлози за убаво попладне по напорниот работен ден по продолжен викенд:

  • Подарете му топла прегратка кога не ја очекува

Прегрнете го кога тој најмалку очекува. Физичките гестови се многу поефективни од вербалните.

Ставањето на вашите раце околу неговото тело кога тој не очекува, неизбежно говори за вашата љубов кон него.

  • Смејте се на неговите шеги, иако ги слушате по стоти пат

Не му велете „Ми го имаш кажано ова“ и оставете го да ја доврши започнатата шега. Насмевнете се за да ја потврдите својата љубов кон него.

  • Направете мала жртва за него кога тој не го бара тоа од вас

Иако гледањето фудбал, игрите со карти и посетувањето на спортски натпревари не се дел од вашите омилени активности, изненадете го и согласете се да ги вметнете во вашиот презафатен ден.

Дали некогаш сте ја жртвувале сопствената среќа за да измамите насмевка на лицето на партнерот? Тоа е најчистиот и најискрениот начин да кажете „Те сакам“.

  • Подарете му масажа по напорниот работен ден

Овој љубезен гест ја докажува вашата грижа за него. Масажата не само што ќе донесе позитивна промена во неговото расположение, туку е прекрасна и релаксирачка замена за љубовните зборови „Те сакам“.

  • Прегрнете го одназад додека гледате телевизија

Да, ќе ви биде многу покомфорно ако лежите опуштено подалеку еден од друг, но тоа нема да го затопли вашето срце. Прегрнете го и дозволете грижливата прегратка да зборува за вашата љубов.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »