Промовирани огласи »

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи не очекува големи осцилации и зголемување на цените на прехранбените производи, по нивното одмрзнување што треба да стапи во сила задутре, но најавува дека Владата ќе ја следи состојбата за да реагира ако евентуално се случи тоа.  

Сите предуслови за да останат цените на исто ниво, а можеби дури и да бидат помали се направени, сите претходни услови што беа креирани за да се зголемат цените сега ги нема, а електричната енергија не е на цената на којашто беше. Цената на суровини на светските берзи е намалена. Тоа значи дека и тие што произведуваат, но и тие што тргуваат, имаат услови реално да ги задржат намалените цени,  како што беа замрзнатите цени, дури и да бидат намалени. Ние видовме дека на пазарот со зеленчук, природно се намалија дури за 40 проценти од замрзнатите цени и затоа одлуката е да се одмрзнат, изјави денеска Битиќи. 

Минатата недела, како што информираше, имале состонок во Стопанската комора, а убедувањето, како што рече, е дека ќе нема големи осцилации, односно наплив на зголемување на цени.

Но, подготвени сме будно да следиме, ако евентуално се случи тоа да реагираме, но мислам дека нема услови за тоа, рече Битиќи, на новинарско прашање по отворањето на МЕФ Енергетскиот Форум 2023.

Тој пред учесниците на конференцијата порача дека во фокус на работата на Владата е изградба на капацитети за производство на енергија од обновливи извори на енергија.

Ако земеме предвид дека секторот енергетика креира 10 до 15 проценти од БДП на нашата економија, тогаш јасен е изборот што го правиме во енергетскиот сектор денес, дека ова ќе има големо влијание врз иднинатата на нашата економија и благосостојба на граѓаните. Нашата држава е енергетски лидер во регионот, со усвоени и имплементирани закони и подзаконски акти, целосно усогласени со Европската енергетска заедница и на овој начин ја овозможуваме либерализацијата на енергетскиот пазар, рече Битиќи. 

Промовирани огласи »

Ако сте природен лидер кој бара нови предизвици, размислувате да создадете свој бизнис. Да се има нагон и ентузијазам да се самомотивирате и да создавате нови можности и да им помагате на другите е токму она што ви треба за да станете успешен претриемач. Дали сте вие еден од нив? 

Во продолжение шест карактеристики кои потенцијалните претприемачи ги поседуваат:

  • Го ставате во прашање статус квото

Дали понекогаш се чувствувате непријатно затоа што се чувствувате како да го гледате светот малку поинаку од другите луѓе? Дали постојано ги преиспитувате работите? „Зошто ги правиме работите на овој начин? „Зарем не би било поефикасно ако ги правиме работите поинаку? „Која е поентата да се прави ова? Преиспитувањето на статус кво може да ги иритира родителите, наставниците и шефовите, но тоа е сигурен знак за претприемачки дух.

  • Верувате во подобра иднина

Дали чувствувате дека секогаш можете да заработите повеќе пари, да најдете нови можности и некако да напредувате? Дали сте оптимисти, дури и кога другите се обидуваат да ве убедат дека нешто е „безнадежно“, „бесмислено“ или „никогаш нема да успее“? 

  • Сакате да учите

Дали верувате во „ти си тоа што си“ и не можеш да се промениш? Или мислите дека можете да пораснете и да се промените во кој и да сакате да бидете? Луѓето со претприемачки дух знаат дека можат да научат сè - без разлика дали тоа е маркетинг, програмирање или пак менаџирање.

  • Се стремите кон личен раст

Дали секогаш се обидувате да се подобрите? Дали читате книги за размислување, слушате мотивациони подкасти или гледате инспиративни видеа? Ако е така, веројатно имате силен претприемачки дух.

  • Не се плашите од неуспех

Ако живеете според изреката: „Неуспехот е само повратна информација“, веројатно имате многу силен претприемачки дух.

  • Преземате ризици

Дали луѓето ве сметаат за човек кој презема ризици, додека вие се сметате себеси за претпазливи? Претприемачите често се сметаат за несовесни или храбри за преземање на такви застрашувачки ризици. Меѓутоа, кога ќе бидат прашани за овие ризици, тие обично ќе имаат добро осмислена причина за преземање на скокот. 

Доколку и вие пседувате неколку од овие особини, веќе сте на добар пат да се реализирате во успешен претприемач.

Промовирани огласи »

Министерот за економија Крешник Бектеши синоќа во емисијата Клик Плус на ТВ21 рече дека многу брзо ќе почне изградбата на фабриката за електрични автомобили  „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“ во Тетово.

Тој рече дека имаат рок од 2 години да почнат да ја градат фабриката од моментот на потпишување на договорот. Според него веќе е потпишан договорот меѓу „е-ГО“ и изведувачот кој ќе ја гради оваа фабрика.

Потпишан е договор помеѓу е-ГО и тој што ќе ја изгради фабриката која ќе започне за многу кратко време. Е-ГО е сериозна компанија зад која стои сериозна групација и се базираме на потпишани договори. Работите од наша страна како Влада се завршени во рекордно време. Имаат рок, во рамките на договорот, од 2 години да почнат со работите. Сега имаме информации дека е потпишан договорот за изградба на фабриката, рече Бектеши.

Промовирани огласи »

Германија се соочува со голем недостиг на квалификувана работна сила, практично во сите гранки. Најголеми проблеми има во секторот за социјална работа.

Здруженијата на работодавачи уште минатата година објавија дека бараат зголемена имиграција на работници.

Според последното направено истражување, помеѓу 2021 и 2022 година, на пазарот на трудот во Германија недостасуваа повеќе од половина милион квалификувани работници. Ова е резултат на студијата спроведена од Институтот за германска економија (IW) во Келн. Регистрирани се вкупно 537.923 непополнети работни места.

Најмногу проблеми со вработувањето стручен труд во изминатите 12 месеци имало во секторот за социјална работа. Таму има 20.578 непополнети работни места, што е нов рекорд, тврди IW. „Станува збор за професионалната работна сила која недостасува, на пример, во социјалната работа во училиштата, работата со млади, деца и во домовите за стари лица или во советувањето на зависниците. Значи во сите оние области каде што е потребна човечка поддршка за решавање социјални проблеми“, пишуваат авторите на студијата Хелен Хикман и Филис Конеберг.

Недостиг од работници во многу сектори

Сличен недостиг на стручна работна сила е забележан и во секторот каде што работат воспитувачи од предучилишна возраст - 20.500 работни места сè уште се непополнети. „Ова е рекордна вредност во тој сектор“, се вели во студијата на IW. Во домовите за стари лица недостигаат 8.279 негувателки, потребни се 16.974 електротехничари, а уште 16.839 работници се потребни во здравствениот сектор, односно грижата за пациентите.

Сè потешко е да се најде професионална работна сила за санитарните компании, односно оние компании кои се занимаваат со системи за греење или одржување на климатизација. Им недостасуваат 14.013 работници. Германските компании бараат 13.638 ИТ специјалисти, 12.060 физиотерапевти, 11.771 техничари за одржување на моторни возила и 10.562 професионални возачи. За возачите, IW предвидува дополнително заострување на состојбите на пазарот на трудот, со оглед на фактот дека „вработените се натпросечни стари и имајќи го предвид недостатокот на помлади луѓе“.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »