Промовирани огласи »

Министерот за економија Крешник Бектеши синоќа во емисијата Клик Плус на ТВ21 рече дека многу брзо ќе почне изградбата на фабриката за електрични автомобили  „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“ во Тетово.

Тој рече дека имаат рок од 2 години да почнат да ја градат фабриката од моментот на потпишување на договорот. Според него веќе е потпишан договорот меѓу „е-ГО“ и изведувачот кој ќе ја гради оваа фабрика.

Потпишан е договор помеѓу е-ГО и тој што ќе ја изгради фабриката која ќе започне за многу кратко време. Е-ГО е сериозна компанија зад која стои сериозна групација и се базираме на потпишани договори. Работите од наша страна како Влада се завршени во рекордно време. Имаат рок, во рамките на договорот, од 2 години да почнат со работите. Сега имаме информации дека е потпишан договорот за изградба на фабриката, рече Бектеши.

Промовирани огласи »

Германија се соочува со голем недостиг на квалификувана работна сила, практично во сите гранки. Најголеми проблеми има во секторот за социјална работа.

Здруженијата на работодавачи уште минатата година објавија дека бараат зголемена имиграција на работници.

Според последното направено истражување, помеѓу 2021 и 2022 година, на пазарот на трудот во Германија недостасуваа повеќе од половина милион квалификувани работници. Ова е резултат на студијата спроведена од Институтот за германска економија (IW) во Келн. Регистрирани се вкупно 537.923 непополнети работни места.

Најмногу проблеми со вработувањето стручен труд во изминатите 12 месеци имало во секторот за социјална работа. Таму има 20.578 непополнети работни места, што е нов рекорд, тврди IW. „Станува збор за професионалната работна сила која недостасува, на пример, во социјалната работа во училиштата, работата со млади, деца и во домовите за стари лица или во советувањето на зависниците. Значи во сите оние области каде што е потребна човечка поддршка за решавање социјални проблеми“, пишуваат авторите на студијата Хелен Хикман и Филис Конеберг.

Недостиг од работници во многу сектори

Сличен недостиг на стручна работна сила е забележан и во секторот каде што работат воспитувачи од предучилишна возраст - 20.500 работни места сè уште се непополнети. „Ова е рекордна вредност во тој сектор“, се вели во студијата на IW. Во домовите за стари лица недостигаат 8.279 негувателки, потребни се 16.974 електротехничари, а уште 16.839 работници се потребни во здравствениот сектор, односно грижата за пациентите.

Сè потешко е да се најде професионална работна сила за санитарните компании, односно оние компании кои се занимаваат со системи за греење или одржување на климатизација. Им недостасуваат 14.013 работници. Германските компании бараат 13.638 ИТ специјалисти, 12.060 физиотерапевти, 11.771 техничари за одржување на моторни возила и 10.562 професионални возачи. За возачите, IW предвидува дополнително заострување на состојбите на пазарот на трудот, со оглед на фактот дека „вработените се натпросечни стари и имајќи го предвид недостатокот на помлади луѓе“.

Промовирани огласи »

На 23 факултети и пет институти во состав на УКИМ денеска од 12 до 14 часот ќе се спроведе тајно гласање за избор на ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје за мандатниот период 16 септември 2023 - 15 септември 2026 година. Во Единствениот избирачки список на УКИМ, утврден од Универзитетската изборна комисија, запишани се 1419 гласачи.

Тие ќе избираат од еден од шесте кандидати за ректор на УКИМ, колку што и се пријавија на огласот: Горан Ајдински од Филозофскиот факултет, Биљана Ангелова од Економскиот институт, Ратко Дуев од Филозофскиот факултет, Атанас Кочов од Машинскиот факултет, Христина Спасевска од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ)  и Димитар Ташковски од ФЕИТ.

По 14 часот, кога ќе заврши гласањето, изборните единици ќе ги пратат резултатите до Универзитетската изборна комисија (УИК). Според роковникот за организирање на изборите, УИК до крајот на денот треба да ги објави резултатите од тајното гласање. Потоа ќе следува период за поднесување приговори во рок од три работни дена (31 мај – 5 јуни до 16 часот). Откако ќе бидат разгледани евентуални приговори, УИК на 6 јуни ќе ги објави конечните резултати. 

Доколку на некои единици во состав на УКИМ е потребно прегласување, повторното гласање ќе се организира на 9 јуни од 12 до 14 часот, а резултатите ќе бидат објавени до крајот на истиот ден. По законскиот рок од три дена за приговори, конечните резултати за избор на ректор ќе бидат објавени на 15 јуни.

Кандидатот што ќе биде избран, од септември ќе го наследи актуелниот ректор, проф. д-р Никола Јанкуловски од Медицинскиот факултет, кој функцијата ректор на Скопскиот универзитет ја извршуваше два мандата. 

Промовирани огласи »

Во досегашната работа, ФлуидПроект го покрива пазарот во Македонија, но и интернационалниот пазар како Косово, Бугарија, БиХ, Србија, Албанија, Кувајт и Гана. Исто така се дел од повеќе еколошки студии и проекти од областа на заштита на животната средина, истражувања на водните ресурси и заштита на подводни археолошки и природни реткости.

Моментално вработува:

ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ
ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР
ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »