Промовирани огласи »

Во досегашната работа, ФлуидПроект го покрива пазарот во Македонија, но и интернационалниот пазар како Косово, Бугарија, БиХ, Србија, Албанија, Кувајт и Гана. Исто така се дел од повеќе еколошки студии и проекти од областа на заштита на животната средина, истражувања на водните ресурси и заштита на подводни археолошки и природни реткости.

Моментално вработува:

ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ
ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР
ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,65% во однос на одлуката од 26.5.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,694%, кај дизелот за 0,269%, кај екстра лесното масло за 0,479% и кај мазутот зголемувањето е за 1,637%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,145%

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менуваат.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,742 ден/кг и сега ќе изнесува 40,175 ден/кг.

Од 30.5.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,50 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар), Мазут М-1 НС 40,175 (денари/килограм)-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 30.5.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Промовирани огласи »

Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимовски, денеска пред медиумите објави дека повторното воведување на евтина тарифа за електрична енергија е неизбежно во наредниот период затоа што цените на берзите во тој период се дури и негативни.

Евтината струја ќе се плаќа два часа во период кој допрва Регулаторот ќе треба да го утврди, но ќе биде помеѓу термините од 11.00 до 16.00 часот. Бислимовски откри дека операторот ЕВН Хоме ќе треба да излезе на самиот терен да внесува промени во броилата и да го измени билинг системот на наплата. Примената на евтината тарифа ќе запоќне кога ќе се завршат овие активности, а повеќе детали ќе бидат познати за десетина дена.

Воведувањето на евтината тарифа е само следење на пазарот на електрична енергија, не само во Македонија, туку и во регионот. Нема никаква политика, единствена цел ни е во тој период, во тие два часа да испратиме сигнал - да се купува евтина електрична енергија од фотоволтаиците и за сметка на тоа да се заштеди водата како многу битен ресурс и исто така да се заштеди јагленот, рече првиот човек на РКЕ.

Според Бислимовски, хидроакумулацијата и јагленот треба да се штедат за зимно време и на тој начин да се намалат потребите од поскапа увозна струја.

Промовирани огласи »

Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес -конференција рече дека мерката за замрзнати цени на одредени земјоделски производи нема да биде продолжена по нејзиното завршување предвидено на 31 мај.

Нема да продолжи мерката во делот на земјоделските производи, имајќи во предвид дека, согласно податоците што ги имаме ние како Министерство за економија, повеќето од производите се и пониски од нивото на замрзнување кое сме го имале претходно, рече Бектеши како одговор на новинарско прашање.

Инаку, поради оваа мерка, голем дел од маркетите во малопродажбата се одлучија да не ги продаваат дел од производите опфатени со мерката.

Министерот во контекст на ова дополни дека ќе има реакција од страна на Владата само доколку од 1 јуни биде забележана злоупотреба од страна на трговците.

Бектеши рече дека инфлацијата во јуни ќе биде под нивото од 10 отсто и се очекува да биде помала од тоа што претходно било проектирано од Народната банка.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »