Ако сте природен лидер кој бара нови предизвици, размислувате да создадете свој бизнис. Да се има нагон и ентузијазам да се самомотивирате и да создавате нови можности и да им помагате на другите е токму она што ви треба за да станете успешен претриемач. Дали сте вие еден од нив?
Во продолжение шест карактеристики кои потенцијалните претприемачи ги поседуваат:
- Го ставате во прашање статус квото
Дали понекогаш се чувствувате непријатно затоа што се чувствувате како да го гледате светот малку поинаку од другите луѓе? Дали постојано ги преиспитувате работите? „Зошто ги правиме работите на овој начин? „Зарем не би било поефикасно ако ги правиме работите поинаку? „Која е поентата да се прави ова? Преиспитувањето на статус кво може да ги иритира родителите, наставниците и шефовите, но тоа е сигурен знак за претприемачки дух.
- Верувате во подобра иднина
Дали чувствувате дека секогаш можете да заработите повеќе пари, да најдете нови можности и некако да напредувате? Дали сте оптимисти, дури и кога другите се обидуваат да ве убедат дека нешто е „безнадежно“, „бесмислено“ или „никогаш нема да успее“?
Дали верувате во „ти си тоа што си“ и не можеш да се промениш? Или мислите дека можете да пораснете и да се промените во кој и да сакате да бидете? Луѓето со претприемачки дух знаат дека можат да научат сè - без разлика дали тоа е маркетинг, програмирање или пак менаџирање.
- Се стремите кон личен раст
Дали секогаш се обидувате да се подобрите? Дали читате книги за размислување, слушате мотивациони подкасти или гледате инспиративни видеа? Ако е така, веројатно имате силен претприемачки дух.
Ако живеете според изреката: „Неуспехот е само повратна информација“, веројатно имате многу силен претприемачки дух.
Дали луѓето ве сметаат за човек кој презема ризици, додека вие се сметате себеси за претпазливи? Претприемачите често се сметаат за несовесни или храбри за преземање на такви застрашувачки ризици. Меѓутоа, кога ќе бидат прашани за овие ризици, тие обично ќе имаат добро осмислена причина за преземање на скокот.
Доколку и вие пседувате неколку од овие особини, веќе сте на добар пат да се реализирате во успешен претприемач.