Промовирани огласи »

Во САД одамна е вообичаен феномен да не се доволни ниту две работни места за пристоен живот, а во Германија до неодамна беше реткост.

Сега веќе не е така, бидејќи веќе над 3,5 милиони луѓе работат на повеќе работни места - а често и тоа не е доволно за пристоен живот.

Повеќе од 3,5 милиони луѓе во Германија имаат повеќе од една работа. Бројката е повеќе од двојно зголемена во последните 20 години. Германија ќе стане земја со ниски плати, предупредува генералниот секретар на синдикатот ver.di Филип Шуман.

"Со гарантирана саатница од дванаесет евра со 42-часовна работна недела, можете да заработите нешто помалку од 2.200 евра бруто. Тоа е само околу 60 отсто од просечниот приход во Германија и не е доволно за живеење.

Во Германија платата најчесто се изразува како бруто износ, а тоа може да биде непријатно изненадување за странците кои доаѓаат да работат во оваа земја. Затоа што од таа сума се одбиваат реални придонеси, на пример за пензиско и здравствено осигурување, како и црковен данок и данок на доход - и тоа зависи од многу фактори, како брачната состојба и бројот на деца. Сè на сè, од 2.200 евра бруто, само околу 1.500 евра може да „легнат“ на сметка.

Инфлацијата јадеше се

Шуман смета дека минималната саатница треба да биде од 17 до 18 евра - во спротивно, на Германија и се заканува „ситуација како во САД“ каде луѓето често мора да работат на повеќе работни места. Наутро се доставуваат весници, дење курирска служба, попладне книжарница, ноќе како келнер...

Всушност, беше голем чекор на германската коалициска влада да ја зголеми минималната саатница на 12 евра во октомври минатата година, но инфлацијата и зголемувањето на цените „изеле“ речиси се што беше добиено со таа политичка одлука. Официјално, речиси 17 отсто од населението во Германија, односно над 14 милиони граѓани, се погодени од сиромаштија, а таа бројка сè уште расте поради инфлацијата.

Мама, тато и четири деца

Конкретен пример на шестчлено семејство од Велчер. Таткото е машински техничар со полно работно време, работи во три смени. Мајка Аника работеше со скратено работно време како асистент во тамошното училиште – но тоа не беше доволно. Бидејќи сè поскапе за над 20 отсто, на крајот на месецот на семејството му недостасуваа околу 700 евра.

Сега, освен во училиште, Аника работи и во градинка, а потоа и како продавачка во пекара. Веќе не знае за слободниот викенд.

Толку многу работни места се во исто време апсолутен товар и целосно исцрпувачки. Единственото нешто за кое сè уште можеме да размислуваме е како да ги организираме нашите работни места воопшто, да се грижиме за нашите четири деца и да ги координираме сите други состаноци“, се жали. Аника. Иако на училиште добива по 15 евра на час, тоа би требало да биде двојно повеќе за да им биде доволно за да живеат.

Засегнати се сите професии

Во меѓувреме, засегнати се сите професии. Олаф Карг (53) студирал социјално право и до крајот на минатата година работел само како посредник при договарање станбени кредити. Но, поради постојаното зголемување на каматите, бизнисот со кредитите практично престана, па сега работи како техничар за звук на конференции, како диџеј и како асистент во итната медицинска помош.

„Со само едно работно место би имал минимум 1.000 евра кусур месечно. Не може да си дозволи да ги одбие понудите за работа, бидејќи може да го заборават следниот пат кога ќе има „тезга“.

По седум часа како инженер за звук, доаѓам дома и потоа одам на повик во собата за итни случаи, така што лесно можам да работам 14 или 15 часа на ден.

Па дури и тоа едвај му е доволно. Единственото нешто што е константно е неизвесноста и прашањето како да заработите доволно пари, постојан стрес и планирање на цел работен ден. Со овие поскапувања и дневниците што ги добива не знае дали некогаш ќе се извлече од оваа ситуација.

Промовирани огласи »

Интернационалната ИТ компанија Singular организираше низа тимски активности по повод одбележување на мај како месец којшто глобално е посветен на подигнување на свеста за важноста на менталното здравје. Секоја активност е организирана со цел да посочи како различни аспекти од секојдневниот живот не треба да бидат занемарени бидејќи имаат позитивно влијание на нашата психо-физичка добросостојба.

„Активностите што ги презедовме овој месец служат како потсетник дека менталното здравје бара секојдневна грижа, а темите што ги покривме, како стрес менаџмент и креирање нови спомени со нашите блиски, се само мал дел од нашето секојдневие кое често знае да биде занемарено заради работните обврски,“ вели Елена Инадеска - Аврамовска, Employee Experience Manager во Singular.

Со тоа, вработените имаа прилика да присуствуваат на работилница за стрес менаџмент предводена од психологот Ивана Хаџиванова, основач на Неокортекс, еден од најдобрите центри во државата за психолошко советување и ментално здравје. Работилницата посочи колку и како стресот е штетен доколку не се адресира навремено, но и што може да се преземе за правилно справување.

Следно, се осврнавме на креативноста и социјализација со семејството, пријателите и колегите како извор на позитивно расположение. За таа цел, децата на вработените беа поканети да учествуваат заедно со нивните родители на креативна работилница предводена од Цветна Фабрика. Истовремено, одлучивме да оставиме трага  во нашите канцеларии со нанесување отпечатоци со обоени дланки на еден од ѕидовите. Оваа активност истовремено имаше за цел да ја поттикне нашата креативност, но и симболично да ја нагласи важноста на тимскиот дух.

За крајните активности, фокусот беше на забава и смеа, како едни од аспектите што имаат огромно влијание на нашето ментално здравје, а со тоа вработените на Singular имаа прилика да присуствуваат на стендап на Сашко Коцев, проследен со забава со којашто се заокружи овој месец на активности. Дополнително, освен настаните, HR тимот на Singular ја искористи оваа прилика да им даде акцент на придобивките коишто компанијата ги нуди на своите вработени, а се токму насочени кон грижа на менталното и физичкото здравје.

„Нашиот пакет на придобивки се стреми кон баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот, што нѐ прави особено горди бидејќи покажува дека во Singular, менталното здравје не е само популарна тема со рок на траење, туку нешто во кое континуирано вложуваме бидејќи грижата кон нашите вработени е секогаш приоритет“, додава Елена Инадеска-Аврамовска.

Откако Singular стана бренд на интернационалната дивизија на Flutter Entertainment Plc, светски лидер во онлајн спортско обложување и гејминг, фокусот на компанијата дополнително се засили кон креирање на средина во која што луѓето се чувствуваат поддржани, сослушани и згрижени, преку воведување на нови придобивки во пакетот што компанијата им го нуди на своите вработени.

Наскоро компанијата ќе сподели повеќе информации на оваа тема, со цел да ја зголеми свесноста за работна култура во која грижата за своето ментално здравје и балансот помеѓу приватен и професионален живот не се само придобивка, туку суштинска потреба на луѓето. 

Доколку сакаш да се приклучиш во тимот на Singular, посети ја нивната веб страна за повеќе информации: culture.singular.uk

Промовирани огласи »

Професорката на Економскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, и проректор за финансии, инвестиции и развој, проф. д-р Биљана Ангелова денеска е избрана за нов ректор на УКИМ, соопшти Универзитетската изборна комисија.

Според доставените резултати од страна на изборните комисии од спроведеното непосредно и тајно гласање на единиците во составот на при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, за ректор на УКИМ во мандатниот период 16 септември 2023 - 15 септември 2026 година е избрана проф. д-р Биљана Ангелова од Економскиот институт, се наведува во Одлуката на Универзитетската изборна комисија (УИК).

Според Комисијата, Ангелова добила 1 958,681 поени, а второпласираниот кандидат Димитар Ташковски од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) – 888,043. Натаму следуваат Горан Ајдински од Филозофскиот факултет со 866,078 поени, Христина Спасевска од ФЕИТ со 784,308, Атанас Кочов од Машинскиот факултет со 643,519 и Ратко Дуев од Филозофскиот факултет со 459,372 поени.

Претседателка на УИК, проф. Родна Живковска претходно за МИА изјави дека гласањето за избор на ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на сите 28-те единици - 23 факултети и пет институти, што денеска траеше од 12 до 14 часот, поминало во најдобар ред.

Се поминува во најдобар ред. Единиците пресметуваат и ги вадат поените, ние само ги собираме и ги ставаме поените од сите 28 единици. Чекаме уште физички да ги донесат, инаку се пратени онлајн во табели. Секоја единица си ги пресметува и ни ги праќа по електронски пат и компјутерот ги собира. Веќе имаме електронски, уште физички да ги донесат, рече Живковска.

По објавувањето на резултатите од тајното гласање, ќе следува период за поднесување приговори во рок од три работни дена (31 мај – 5 јуни до 16 часот). Откако ќе бидат разгледани евентуални приговори, УИК на 6 јуни ќе ги објави конечните резултати. Доколку на некои единици во состав на УКИМ е потребно прегласување, повторното гласање ќе се организира на 9 јуни од 12 до 14 часот, а резултатите ќе бидат објавени до крајот на истиот ден. По законскиот рок од три дена за приговори, конечните резултати за избор на ректор ќе бидат објавени на 15 јуни.

Кандидатот што ќе биде избран, од септември ќе го наследи актуелниот ректор, проф. д-р Никола Јанкуловски од Медицинскиот факултет, кој функцијата ректор на Скопскиот универзитет ја извршуваше два мандата. 

Ангелова е вработена на Економскиот институт од 1992 година, каде во континуитет ги добива сите научни и наставно-научни звања. Во 2007 година првпат е избрана во највисокото научно звање научен советник/редовен професор во областа на деловни финансии, а во 2012 година повторно е избрана во редовен професор во областа на финансиски менаџмент.

Во периодот 2006-2008 година била раководител на вториот циклус студии по Меѓународен менаџмент, а од 2008 година до денес раководи со насоката Финансиски менаџмент. Таа беше и прв раководител на студиите од трет циклус по организациски науки – менаџмент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во периодот 2012-2016 година. Од ноември 2009 до септември 2016 година била директор на Економскиот институт. Во јуни 2016 година е избрана за проректор за финансии, инвестиции и развој на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на која функција е и вторпат избрана и во 2020 година за мандатниот период 2020-2023 година. Од 2016 до 2023 година е претседател на Комисијата за финансии и на Комисијата за издавачка дејност на УКИМ. 

Промовирани огласи »

Во тек е етапна исплата на пензиите за месец мај, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

  • За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.05.2023 година (понеделник);
  • За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.05.2023 година (вторник);
  • За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 31.05.2023 година (среда) и
  • За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.06.2023 година (четврток).

Пензионерите кои користат платежна картичка, можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »