Промовирани огласи »

Најсилниот пораст на каматните стапки во последните децении се прелева на пазарот на недвижности.

Цените на становите во еврозоната би можеле „хаотично“ да паднат бидејќи становите стануваат недостапни за граѓаните и непривлечни за инвеститорите поради високите каматни стапки, предупреди во средата Европската централна банка (ЕЦБ).

Тоа е еден од неколкуте ризици истакнати во анализата на ЕЦБ за финансиската стабилност, при што повисоките трошоци за задолжување и побавниот економски раст ги повредуваат бизнисите и домаќинствата.

Од јули минатата година, ЕЦБ се обидува да ја заузда инфлацијата со зголемување на каматните стапки, а се чини дека ќе опстои на строга монетарна политика и во наредните месеци, забележува Ројтерс.

Најсилниот пораст на каматните стапки во последните неколку децении сега почнува да се чувствува на пазарот на недвижности, кој бележи бум во текот на децениите на прифатливи и достапни кредити.

Гледајќи напред, падот на цените на (имотот) би можел да стане хаотичен бидејќи зголемувањето на каматните стапки на новите хипотекарни заеми се повеќе ја загрозува нивната достапност и го зголемува товарот на каматите на постоечките хипотекарни заеми, предупреди ЕЦБ.

Ова особено важи за земјите каде што преовладуваат хипотекарните кредити со променлива каматна стапка, посочуваат од банката, без да прецизираат кои. Податоци на ЕЦБ дека уделот на хипотекарните заеми со променлива стапка е најголем во Португалија, Шпанија и балтичките земји, забележува Ројтерс.

ЕЦБ, исто така, предупреди дека регионите каде што институционалните инвеститори заземале големи позиции на пазарот на станбен имот би можеле да добијат поголем удар доколку капиталот се повлече.

Ова ги вклучува Берлин, делови од западна Германија и група главни градови како Париз, Мадрид, Лисабон и Даблин. ЕЦБ посочува дека домаќинствата имаат корист од силниот пазар на труд, така што помалку граѓани најверојатно ќе имаат проблеми со отплата на заемите поради губење на работни места, покажува анализата.

Извор: Пословни.хр

Промовирани огласи »

Македонија е меѓу најевтините земји во Европа и лидер по ниски цени во многу актегории, покажуваат податоци на германскиот завод за статистика „Дестатис“.

Според податоците, трошоците за живот во Македонија биле за повеќе од половина пониски од Германија, а поевтино од државава е само во Турција.

„Дестатис“ ги анализирал цените на храна, пијалаци, тутун, облека, енергија, транспорт, забава, хотели, ресторани и други и речиси во сите категории Македонија нуди најниски цени.

Цените во Македонија се за 51 отсто пониски од тие во Германија, утврдил „Дестатис“.

Промовирани огласи »

Од денеска престанува да важи владината одлука со која беа замрзнати цените на некои земјоделски производи, белиот и полубелиот леб, брашното, маслото за јадење, јајцата, оризот, тестенините, млекото и млечните производи. Се „одмрзнуваат“ и цените на пелените, тоалетната хартија, влажните марамчиња и хигиенските влошки.

Надлежните уверуваат дека поскапувања на овие производи нема да има, а доколку тоа се случи, веднаш ќе бидат преземени соодветни мерки. Ситуацијата се следи на дневна основа и оценката е дека засега нема простор за големи ценовни осцилации.

-Согласно податоците што ги имаме, цените на повеќето производи се и пониски од нивото на замрзнаување кое сме го имале претходно. Ако од денот кога нема да важи одлуката за замрзнување има злоупотреба од страна на трговците, секако ќе следат различни мерки, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

Според него, непродолжувањето на мерката за замрзнатите цени на основните производи се должи, меѓу другото, и на наглиот пад на инфлацијата во земјава, особено на прехранбените производи.

Очекувањето на Министерството за економија е инфлацијата во јуни да биде пониска од 10 посто, а Бектеши е оптимист дека вкупната инфлација за цела година ќе биде пониска од проектираната.

И вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи смета дека нема услови да се зголемат цените на производите по одмрзнувањето. Додава и дека Владата ќе реагира ако за тоа има потреба.

Сите предуслови за да останат цените на исто ниво, а можеби дури и да бидат помали се направени, сите претходни услови што беа креирани за да се зголемат цените сега ги нема, а електричната енергија не е на цената на којашто беше. Цената на суровини на светските берзи е намалена. Тоа значи дека и тие што произведуваат, но и тие што тргуваат, имаат услови реално да ги задржат намалените цени,  како што беа замрзнатите цени, дури и да бидат намалени. Ние видовме дека на пазарот со зеленчук, природно се намалија дури за 40 проценти од замрзнатите цени и затоа одлуката е да се одмрзнат, напомена Битиќи.

Првата одлука за замрзнување на цените беше донесена на 28 февруари кога се замрзна цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари, а потоа на 16 март Владата донесе одлука да се замрзнат и цените на дел од тестенините и млечните производи. На 21 март стапи во сила и одлуката за замрзнување на цените на оризот и јајцата, додека на 5 април беа замрзнати цените и на 11-те видови овошје и зеленчук.  

Промовирани огласи »

На листата на Форбс се наоѓаат 20 од 110 семејства на руски милијардери, со најмалку 2,34 милијарди евра по наследник.

Магазинот Форбс објави листа на најбогати деца на 20 руски милијардери, на која се наоѓа и синот на основачот на Лукоил, Вагит Алекперов кој го зазема првото место, со богатство од 19 милијарди евра.

На листата на Форбс се најдоа 49 потомци на руски богаташи чие наследство не е помало од 2,34 милијарди евра.

Нашиот список вклучува 20 од 110 семејства на руски милијардери, со најмалку 2,34 милијарди евра по наследник. Овие семејства имаат 49 деца, а вкупната нето вредност на нивните родители е 227,3 милијарди евра – наведува Форбс.

На второ место се ќерката и синот на основачот на Еурохем, најголемиот руски производител на ѓубрива, и сопственикот на компанијата за јаглен СУЕК, Андреј Мелниченко - секое дете со 11,7 милијарди евра. Синот и ќерката на косопственикот на компаниите Сибур и Новатек, Леонид Микелсон се на трето место - секое дете ќе наследи имот од 10 милијарди евра.

Основачот на апликацијата Telegram Павел Дуров влезе во првите десет, кој го зазеде седмото место на листата. Има ќерка и син, а секое дете ќе наследи 5,37 милијарди евра.

ФОТО: Unsplash/Bermix Studio

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »