Промовирани огласи »

На листата на Форбс се наоѓаат 20 од 110 семејства на руски милијардери, со најмалку 2,34 милијарди евра по наследник.

Магазинот Форбс објави листа на најбогати деца на 20 руски милијардери, на која се наоѓа и синот на основачот на Лукоил, Вагит Алекперов кој го зазема првото место, со богатство од 19 милијарди евра.

На листата на Форбс се најдоа 49 потомци на руски богаташи чие наследство не е помало од 2,34 милијарди евра.

Нашиот список вклучува 20 од 110 семејства на руски милијардери, со најмалку 2,34 милијарди евра по наследник. Овие семејства имаат 49 деца, а вкупната нето вредност на нивните родители е 227,3 милијарди евра – наведува Форбс.

На второ место се ќерката и синот на основачот на Еурохем, најголемиот руски производител на ѓубрива, и сопственикот на компанијата за јаглен СУЕК, Андреј Мелниченко - секое дете со 11,7 милијарди евра. Синот и ќерката на косопственикот на компаниите Сибур и Новатек, Леонид Микелсон се на трето место - секое дете ќе наследи имот од 10 милијарди евра.

Основачот на апликацијата Telegram Павел Дуров влезе во првите десет, кој го зазеде седмото место на листата. Има ќерка и син, а секое дете ќе наследи 5,37 милијарди евра.

ФОТО: Unsplash/Bermix Studio

Промовирани огласи »

Охрид од денеска авионски се поврзува со две нови дестинации. На охридскиот аеродром утрово слета првиот авион со туристи од Манчестер, Велика Британија, а подоцна и вториот авион од аеродромот Гетвик во Лондон.

Воведувањето на двете нови сезонски авиолинии од и кон охридскиот аеродром беше одбележано со воден мост и свечен пречек на туристите.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски рече дека новите линии значително ќе придонесат кон развој на авиосообраќајот во регионот.

Убеден сум дека овие нови дестинации значително ќе придонесат за развој на целиот регион, развој на авиосообраќајот, бидејќи нови авиолинии значат зголемен број на туристи, а тоа е значаен чекор кон обезбедување економски и туристички развој. Ова е само уште една потврда на заедничките заложби на Владата и на ТАВ да ги развиваме капацитетите на двата наши аеродроми, притоа да создаваме услови за нови авиолинии и генерално да го развиеме авиосообраќајот во земјата, истакна Бочварски.

Тој информираше дека во првите четири месеци од годинава во земјава е забележан раст на бројот на патници за 44 отсто во споредба со истиот период лани и раст од 11 отсто во споредба со 2019 година, која беше најдобра година со најмногу превезени патници.

Конкретно, за охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, е забележан раст на бројот на патници од над 30 отсто во споредба со минатата година.

Промовирани огласи »

Во Владата оптимисти, а граѓаните претпазливи. Надлежните се сигурни дека се исполнети условите за да се одмрзнат цените на основните прехранбени производи. До крајот на денот оваа антикризна мерка ќе престане да важи. Луѓето по пазарите – во страв. Велат дека и покрај поволните услови за стабилизирање на пазарот, некој сега „трие раце“. За народот нема дилема дека трговците и производителите ова го гледаат како сигнал за слободно да си ги зголемат цените. Се стравува од ценовен шок.

НЕВОЗМОЖНО Е НЕШТО ДА ПОЕВТИНИ. НЕ ВЕРУВАМ. ВО ОВАА СИТУАЦИЈА НЕ МОЖЕ НИШТО ДА СЕ НАПРАВИ. СИРОМАШТИЈАТА ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ УШТЕ ПОВЕЌЕ, ЌЕ БИДЕМЕ ПОБЕДНИ, РЕАГИРААТ ГРАЃАНИТЕ.

Од Владата велат дека имале консултации и со Стопанската комора и добиле уверувања дека нема да има големи осцилации на пазарот. Цените на струјата не се како што беа, цената на суровините е намалена на светските берзи. Ова се само дел од аргументите на надлежните. Според синдикатите, сето ова паѓа во вода.

ТРГОВЦИТЕ ЌЕ НАЈДАТ НАЧИН КАКО ДА ГИ МАНИПУЛИРААТ ПАЗАРИТЕ, А СО ТОА И ПОТРОШУВАЧИТЕ. СВЕСНИ СМЕ ДЕКА ВО ИЗМИНАТИОТ ПЕРИОД ДЕКА САМИТЕ НОСАТ ДВОЈНИ, ТРОЈНИ ФАКТУРИ, УВЕЗУВААТ ПОД ЕДНА ЦЕНА, ПРИКАЖУВААТ ДРУГА ЦЕНА, ШТО ЗНАЧИ ДЕКА МАНИПУЛИРААТ СО ЦЕНАТА НА ПРОИЗВОДИТЕ. СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА ДРЖАВНИТЕ ОРГАНИ БУДНО ЌЕ ГО СЛЕДАТ ТОА И ДЕКА ЌЕ СЕ ОБИДАТ ДА ВЛИЈААТ НА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ОВИЕ ПРОИЗВОДИ КОИШТО СЕГА ЌЕ СЕ ОДМРЗНАТ, РЕЧЕ ЗЛАТКО ЦВЕТКОВСКИ, СЕКРЕТАР НА ССМ.

Претходно и вицепремиерот за економски прашања најави дека ако има потреба соодветно ќе се реагира. Нови мерки сега нема, останува само инспекцијата. Битиќи уверува дека ќе се следи состојбата и кај трговците и кај производителите, со надеж дека ќе се задржат или намалат сегашните цени.

Промовирани огласи »

Поскапување за 13 проценти би имало кај цената на струјата доколку се прифатат барањата на компаниите. Ова го кажа првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски кој истакнува дека веќе се пристигнати сите барања од компаниите.

Тој посочува дека РКЕ во наредниот период ќе ги анализира  барањата, а одлуката ќе ја соопшти околу 20 следниот месец.

Бислимовски соопшти дека Електродистрибуција има побарано зголемување на цената за дистрибуција од 32 проценти, МЕМО, операторот на пазарот  на електрична енергија, од 83,3 проценти, а МЕПСО како оператор на преносниот систем од 53,51 процент. 

Процентот што го бара МЕМО, според него, навидум е голема бројка, но влијанието на цената е под 0,5 проценти. Вкупното влијание на цената на МЕПСО, пак, е нешто под пет проценти.

Доколку ги прифатиме сите овие барања тогаш би значело зголемување на цената на електрична енергија од 12,75 проценти, односно од 13 проценти - изјави Бислимовски.

Барање нема доставено само ЕВН Хоум поради тоа што не знае која ќе биде цената по која ќе ја набави од ЕСМ, повластените производители и ако има потреба од слободниот пазар. 

РКЕ ќе информира во наредните денови на што се темелат барањата за зголемување на цената, а како што вели Бислимовски, најверојатно е заради зголемени трошоци во работењето.

Ќе видиме дали е тоа прифатливо за нас или не. И претходно кажав не сум баш приврзаник за промени на цената на електричната енергија сега - рече Бислимовски.

Прашан за влијанието на враќањето на стапката на ДДВ од 18 проценти во цената на струјата, повтори дека РКЕ носи одлуки без ДДВ и оти ќе се задржи на делот што го регулираат.

Ако го пресметате ДДВ не е 8 проценти зголемување на цената, математички е некаде околу 7,3, односно  7,4 проценти како зголемување на цена што би влијаела - посочи претседателот на РКЕ.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »