Промовирани огласи »

Експертот на Блумберг, Мајк МекГлон, смета дека втората половина од оваа година ќе биде тешка за биткоинот и пазарите на криптовалути.

МекГлон верува дека ризичните инвестиции како акции и криптовалути ќе станат поевтини во наредните месеци бидејќи верува дека доаѓа економска рецесија.

Играта мачка и глушец помеѓу закрепнувањето на берзите и претпазливите централни банки може да биде проблем за ризичните средства. Криптовалутите се меѓу најризичните, рече тој.

Galaxy Crypto Index (BGCI) на Bloomberg, кој ги мери перформансите на најголемите крипто-валути, не може да се одржи над максимумот постигнат во 2018 година ниту оваа година, а можеби има добра причина за тоа - заострување на монетарната политика од страна на ФЕД - додва МекГлон.

Од почетокот на годината до 1 јуни, BGCI порасна за 50 проценти, а берзанскиот индекс Nasdaq за 30 проценти, што може да значи транзиција кон она што е типично во рецесија: ризичните средства можат да станат поевтини - истакнува овој експерт за Блумберг, пенесува „Телеграф.рс“.

Промовирани огласи »

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на прашања од медиумите најави дека до крајот на летотот конечно ќе започне инсталацијата на системот на снимање со камери за сообраќајни прекршоци.

Целиот тој проект е генерално да се опфатат сите делови на државата. Ќе има фиксни и мобилни уреди кои ќе може да бидат поместувани на регионален и магистрален пат или на автопат. Целата работа е да биде што е можно поопфатен проектот низ целата земја и тој да се проширува. Со тоа ќе се зголеми не само јавната безбедност, туку и сообраќајната.

Спасовски овој проект, како најважен за МВР, го најавува неколку години. Камерите кои се поставени сега во земјава се само во функција на државна безбедност. 

Камерите за сообраќајни прекршоци треба да бидат поставени на територијата на цела држава како софистицирано модерно решение. 

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика му одобри долгорочна лиценца од 10 години на ЕСМ производство на топлина за парно-греење во Скопје.

РКЕ минатата година издаде три лиценци за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија на три компании на ЕСМ, но оваа лиценца за производство со топлинска енергија, беше издадена во ограничен временски период што беше врзан со грејната сезона поради роковите во кои е склучен договорот за основните средства со Адора инженеринг

Денеска ЕСМ производство има лиценца за 10 години. Како што следите РКЕ во континуитет носи одлуки за сигурна, стабилна и безбедна испорака на енергенси за граѓаните, изјави Марко Бислимоски, претседателот на РКЕ.

Промовирани огласи »

Рамсторе Македонија е ланец од 29 маркети и еден онлајн маркет „Рамсторе до дома” кој ги искористи можностите на пазарот на труд да се докаже како работодавец кој нуди успешна кариера за своите вработени. Освен чувствителноста за потребите на потрошувачите, Рамсторе има изразена сензибилност за потребите на своите вработени, компанијата ги препознава нивните потенцијали и нуди можности за развој. Благодарение на тој непосреден пристап, веќе 17 години создава успешни кариерни приказни каде што има за цел да не е само компанија, туку и многу повеќе од тоа - семејство на своите вработени. Рамсторе семејството непречено расте и се развива, постојано се збогатува со нови маркети, нови вработени, но и новитети. 

Моментално вработува:

ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ – ОХРИД
ВОЗАЧ СО Ц КАТЕГОРИЈА
ШЕФ НА МАРКЕТ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА РЕГРУТАЦИЈА И ОБУКИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА НАБАВКА
ПРОДАВАЧИ ВО МЕСАРА – КУМАНОВО
ПРИЕМ НА ПРОИЗВОДИ – СКОПЈЕ
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ – ВОДНО
ПРОДАВАЧИ ВО РИБАРА
ПРИЕМ НА ПРОИЗВОДИ – СТРУГА
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - КУМАНОВО

Доколку сте се уште во потрага по идеалната работна позиција, сите останати работни места можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »