Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

ГД Гранит АД Скопје e најголемиот македонски градежен изведувач, чија основна дејност е изградбата на патишта и автопатишта, бренд кој е препознатлив и надвор од границите на Република Македонија. Главните активности на ГД Гранит АД Скопје се градежни активности од областа на високо и нискоградбата, со претежна концентрација на капиталните Проекти кои се обемни и знајчани како по нивната големина така и по нивната сложеност.

Моментално вработува:

ХИГИЕНИЧАР/КА

Унија Смарт Акаутинг е меѓународна сметководствена компанија, се одликува со висококвалитетни услуги и напредни решенија, како и висок степен на задоволство и доверба, како за клиентите, така и за професионалната јавност. Ние нудиме сметководство, платен список и консултации за компании од сите големини и форми на 14 пазари во Централна и Источна Европа, каде што највисокото ниво на квалитет е обезбедено од тим од високо професионални и искусни експерти.

Моментално вработува:

PANTHEON SUPPORT (REGIONAL)
PANTHEON DEVELOPER (REGIONAL)

ХАЛКБАНК е еден од најголемите и најсилни брендови на македонскиот финансиски пазар, како најбрзорастечка банка на пазарот.

Моментално вработува:

ИТ СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА СИСТЕМ ЗА МИС
ИТ СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА СОФТВЕР

Друштвото ПЕКО ДОО Скопје кое е дел од групацијата ПЕКО, на македонскиот пазар опстојува од 1992 год. Со цел да ги задоволи потребите на своите потрошувачи, ПЕКО ДОО Скопје е застапник на повеќе брендови меѓу кои и познатите: Ciciban, Planika, Paar, Imac, Nicola Benson, Stefano, Fly flot, Ara, Gabor, Zen, Alpina, Clarks, Obuca Marko, Urban fly, Walker flex, Atrai, Alberola, Girza, Legero, Fantasy, Mubb, итн.

Моментално вработува:

АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА

Гет Кафе е место каде можете пријатно да го поминете текот од денот или ноќта, место кое нуди позитивна енергија.

Моментално е во потрага по:

ПЕРСОНАЛ ЗА РАБОТА

Компанијата ЕНМОН е основана врз вредностите на проактивниот пристап кон пазарот, претприематчкиот духна вработените и посветеноста кон иноваците и светските трендови. Во рамките на компанијата функциониракомерцијалниот сектор (увоз/извоз, големопродажба, малопродажба, производство и складирање), секторите за планирање, набавка, квалитет, финансиии, сметководство, правен сектор, градежништво, маркетинг сектор,информатички, сектор за транспорт.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА
МАГАЦИОНЕР/МАГАЦИНСКИ РАБОТНИК

Axapta Masters е златен Microsoft Partner фокусиран на дизајнирање, управување и доставување на Microsoft Dynamics 365 имплементации, интеграции, развој, поддршка, надградба и услуги за миграција на податоци.

Моментално вработува:

SUPPLY CHAIN FUNCTIONAL CONSULTANT
DATABASE DEVELOPER
SOFTWARE DEVELOPER
PROJECT MANAGER
SUPPORT SPECIALIST
FINANCE FUNCTIONAL CONSULTANT

Кромберг и Шуберт се фокусира на развој и производство на комплексни системи за ожичување за автомобилската индустрија.

Моментално вработува:

ОДГОВОРЕН ЗА ОДНОСИ СО КЛИЕНТИ ВО ОДДЕЛ ЗА КВАЛИТЕТ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА УПРАВУВАЊЕ НА СУРОВИНИ
ДОСТАВУВАЧ НА МАТЕРИЈАЛИ НА ПРОИЗВОДНА ЛИНИЈА
ОПЕРАТОР ВО МАГАЦИН
ВОДАЧ НА СМЕНА ВО ПРОИЗВОДСТВО
ВОДАЧ НА ГРУПА ВО ПРОИЗВОДСТВО

АЛФИ БИ КОМПАНИ е компанија којашто во досегашното постоење успеа да изгради стабилен, функционален процес на работа, да креира коректни односи со своите потрошувачи, непрекинато прави регрутација на нови вработени и го зголемува својот тим се со цел да се продолжи традицијата на успешно работење и одржување на нашата препознатливост и имниџ.

Моментално вработува:

КАСИЕРИ/КИ – СКОПЈЕ
ПЕРСОНАЛ ЗА ПРОДАЖБА (СКОПЈЕ)
КЕЛНЕР/КА ШАНКЕР/КА (СКОПЈЕ)

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Луѓето кои доживуваат постојани критики од важни други – семејството, претпоставените, пријателите, наставниците – може да имаат чувство на ниска самодоверба. 

Искуството на секоја личност е различно, но во текот на животот, се чини дека самодовербата расте и опаѓа на предвидливи, систематски начини.

Во прилог неколку совети како да ја подобрите вашата самодоверба:

  • Идентификувајте ги и оспорете ги вашите негативни верувања
  • Идентификувајте го позитивното за себе
  • Создадете позитивни врски – и избегнувајте ги негативните
  • Дајте си одмор
  • Станете поасертивни и научете да кажувате „Не“
  • Подобрете го вашето физичко здравје
  • Преземете ги предизвиците

Да имате свој личен став и мислење не се однесува само за погледот кон работното место. Одличните стратегии за самоповрзување и мантри ќе ви помогнат да го негувате вашиот личен став и самодоверба со што со голема леснотија ќе ви овозможи полесно да ги извршувате работните задачи.

Доколку се чуствувате доволно самоуверени дека ви е потребна промена и нов почеток, кликнете ТУКА и промените можат да започнат.

Промовирани огласи »

Јуни е месец на вработување во Мајорел. По тој повод, Мајорел ве поканува да ги посетите нивните канцеларии и да ги истражите можносите за работа кај нив. Од 9-ти до 30-ти јуни се денови кои Мајорел ги резервира само за вас! Затоа одвојте време за да се запознаете со регрутерите на Мајорел и добиете информации како може да станете дел од тимот.

Настанот е наменет за сите оние кои зборуваат германски јазик да добијат шанса да се приклучат на тимот. Без разлика дали сте искусен професионалец или сакате да ја започнете вашата кариера, овој настан претставува одлична можност да се поврзете со регрутерите и да ги истражите можностите за работа во Мајорел.

Мајорел обезбедува исклучителна корисничка поддршка за своите клиенти и бара кандидати кои ја споделуваат страста за обезбедување на врвна услуга. Со приклучување на тимот, ќе станете витален дел од глобалното семејство на Мајорел, работејќи во опкружување со поддршка што го негува личниот и професионален раст.

Со учество на настанот:

  • Ќе се поврзете со Мајорел: ќе разговарате еден-на-еден со регрутерите и ќе добиете информации за кариера и можности за раст во Мајорел.
  • Ќе дознаете повеќе за Мајорел: ќе ја откриете културата на Мајорел, вредностите и возбудливите проекти на кои тимот на Мајорел работи.
  • Aко зборувате германски, овој настан е одличен за да го покажете вашето владеење на јазикот и неговата примена при извршување на работната позиција.

За учество на овој настан, заинтересираните кандидати треба да го пополнат формуларот за регистрација на следниов линк https://bit.ly/43tPDJo , до 30.06.23

Ги охрабруваме сите што зборуваат германски јазик да ја искористат оваа можност.
Не пропуштајте ја шансата да станете дел од тимот на Мајорел!

Промовирани огласи »

Хонг Конг го заврши своето четиригодишно владеење и ја загуби титулата најскап град во светот за иселениците во Њујорк.

Најновото истражување на ECA International „Cost of Living“ рангира 207 градови врз основа на потрошувачката кошница составена од најважните стоки и услуги неопходни за живот.

Параметрите по кои се рангирани градовите се храната, комуналните услуги, јавен превоз и основни потреби како што се покуќнина.

Цената на стоките и услугите во Хонг Конг се искачи на повеќегодишен максимум, што покажува дека градот не е поштеден од бранот на инфлација забележан низ светот во изминатата година. И покрај ова, Хонг Конг падна во рангирањето, бидејќи зголемувањето на цените на секојдневните стоки и услуги беше ублажено со падот на трошоците за сместување во градот - изјави Ли Куане, регионален директор за Азија во ECA International, пишува CNBC.

Сепак, Хонг Конг ја задржа својата позиција како најскапа локација во Азија.

Втората најскапа локација во Азија е Сингапур, кој се искачи за осум места во однос на минатогодишното рангирање. Сингапур е исто така петта најскапа локација во светот, покажа истражувањето. Неодамнешниот извештај на Азиско-пацифичкиот центар за домување на Институтот за урбана земја покажа дека приватните куќи за изнајмување во Сингапур имаат највисока месечна кирија во Азија Пацифик од 2.600 долари, „далеку повисока од другите градови“.

Токио, кој беше во првите пет во светот во последните пет години, падна пет места, сега е на 10-тото место, соопшти ECA.Според истражувањето, Њујорк се искачи за едно место, па сега е на врвот, додека Сан Франциско се искачи за четири позиции. Ова се 10-те најскапи градови за живеење доколку сте странец.

1. Њујорк

2. Хонг Конг

3. Женева

4. Лондон

5. Сингапур

6. Цирих

7. Сан Франциско

8. Тел Авив

9. Сеул

10. Токио

ФОТО: Unsplash

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »