Промовирани огласи »

Законскиот минимален износ на К-15 изнесува 40 отсто од основицата која се утврдува на денот на донесување на одлука за исплата, а се пресметува врз основа на просечната нето плата остварена во последните три месеци.

Од 1 јули почнува исплатата на К-15 на работниците, кој годинава изнесува 13.672 денари, а овој раст на регресот за годишен одмор е предизвикан со растот на платите во Македонија.

К-15 се исплатува еднаш во текот на годината, а крајниот рок за исплата на регресот е 31 декември.

Промовирани огласи »

На сите регистарски таблици кои ја содржат буквената ознака „МК“, се става налепница со идентична димензија како вертикално поставената ознака „МК“, на која е испишана националната ознака „НМК“. Ова е новиот член на изменетиот Правилник за формата и содржината на образецот на барањето за издавање на регистерските и на пробните таблици на возилата, кој го подготви МВР, а на 5 јуни е објавен во Службен весник број 114. Дополнително ќе се утврди цената на чинењето на новите налепници, а неофицијално тие ќе може да се набавуваат во станиците за технички преглед во државата. Инаку, обврската за замена на сите регистерски таблички кои не ја содржат ознаката на НМК е најдоцна до 12 февруари 2024 година.

На сите регистарски таблици кои не ја содржат буквената ознака „МК“, во делот пред регистрационото подрачје се става налепницата на која е испишана националната ознака „НМК“. Налепницата е изработена од рефлектирачка фолија која е отпорна на временските услови и други надворешни влијанија. Формата и големината на налепницата се прикажани со слика во прилогот кој е дел од новиот Правилник – пишува во објавата.

Владата во средината на мај ја усвои Информацијата во врска со потребата од ставање налепници со „НМК“ ознака на регистарските таблички, на предлог на МВР, а според министерот Оливер Спасовски, тоа значи дека „ќе се избегнат дополнителни финансиски трошоци за издавање повеќе нови документи/лиценци/сертификати, кои се поврзани со бројот на регистарската табличка, а истовремено во целост се почитува обврската за ознаката на новиот код на Република Северна Македонија“.

И граѓаните и транспортерите ја поздравија одлуката на Владата, која ќе им заштеди и време и пари. За одлуката треба да се известат ЕК и другите земји дека ова е официјална владина одлука за да нема проблеми при преминувањето на границите. Ова решение на граѓаните ќе им заштеди 1.600 денари, а на транспортерите ќе им го скуси трошокот од 5 до 10.000 евра.

Промовирани огласи »

Минималната синдикална кошница во мај изнесувала 49.025 денари.

Од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), велат дека 19.532,54 денари или 44,34 отсто биле потребни за исхрана и пијалаци, 13.392,85, односно 30,41 отсто отсто за домување, 3.196,9 денари за хигиена, 3.720,1 за превоз, 2.315,759 за облека и обувки, 1.067,86 за култура и 821,47 денари за одржување на здравје, или вкупно 44.047,52 денари.

Кога на нив ќе се додадат 4.977,37 денари или 11,3 отсто за трошоците на животот, односно инфлацијата, се доаѓа до 49.024,89 денари, додаваат од ССМ.

Објаснуваат дека просечната исплатена нето плата по вработен во март годинава изнесува 34.925 денари.

Синдикалната минимална кошничка во април изнесувала 49.384 денари.

Според ССМ, 50.799 денари биле потребни во јануари за едно семејство од четири члена за минимални месечни трошоци. 

foto freepik.com

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

ГД Гранит АД Скопје e најголемиот македонски градежен изведувач, чија основна дејност е изградбата на патишта и автопатишта, бренд кој е препознатлив и надвор од границите на Република Македонија. Главните активности на ГД Гранит АД Скопје се градежни активности од областа на високо и нискоградбата, со претежна концентрација на капиталните Проекти кои се обемни и знајчани како по нивната големина така и по нивната сложеност.

Моментално вработува:

ХИГИЕНИЧАР/КА

Унија Смарт Акаутинг е меѓународна сметководствена компанија, се одликува со висококвалитетни услуги и напредни решенија, како и висок степен на задоволство и доверба, како за клиентите, така и за професионалната јавност. Ние нудиме сметководство, платен список и консултации за компании од сите големини и форми на 14 пазари во Централна и Источна Европа, каде што највисокото ниво на квалитет е обезбедено од тим од високо професионални и искусни експерти.

Моментално вработува:

PANTHEON SUPPORT (REGIONAL)
PANTHEON DEVELOPER (REGIONAL)

ХАЛКБАНК е еден од најголемите и најсилни брендови на македонскиот финансиски пазар, како најбрзорастечка банка на пазарот.

Моментално вработува:

ИТ СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА СИСТЕМ ЗА МИС
ИТ СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА СОФТВЕР

Друштвото ПЕКО ДОО Скопје кое е дел од групацијата ПЕКО, на македонскиот пазар опстојува од 1992 год. Со цел да ги задоволи потребите на своите потрошувачи, ПЕКО ДОО Скопје е застапник на повеќе брендови меѓу кои и познатите: Ciciban, Planika, Paar, Imac, Nicola Benson, Stefano, Fly flot, Ara, Gabor, Zen, Alpina, Clarks, Obuca Marko, Urban fly, Walker flex, Atrai, Alberola, Girza, Legero, Fantasy, Mubb, итн.

Моментално вработува:

АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА

Гет Кафе е место каде можете пријатно да го поминете текот од денот или ноќта, место кое нуди позитивна енергија.

Моментално е во потрага по:

ПЕРСОНАЛ ЗА РАБОТА

Компанијата ЕНМОН е основана врз вредностите на проактивниот пристап кон пазарот, претприематчкиот духна вработените и посветеноста кон иноваците и светските трендови. Во рамките на компанијата функциониракомерцијалниот сектор (увоз/извоз, големопродажба, малопродажба, производство и складирање), секторите за планирање, набавка, квалитет, финансиии, сметководство, правен сектор, градежништво, маркетинг сектор,информатички, сектор за транспорт.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА
МАГАЦИОНЕР/МАГАЦИНСКИ РАБОТНИК

Axapta Masters е златен Microsoft Partner фокусиран на дизајнирање, управување и доставување на Microsoft Dynamics 365 имплементации, интеграции, развој, поддршка, надградба и услуги за миграција на податоци.

Моментално вработува:

SUPPLY CHAIN FUNCTIONAL CONSULTANT
DATABASE DEVELOPER
SOFTWARE DEVELOPER
PROJECT MANAGER
SUPPORT SPECIALIST
FINANCE FUNCTIONAL CONSULTANT

Кромберг и Шуберт се фокусира на развој и производство на комплексни системи за ожичување за автомобилската индустрија.

Моментално вработува:

ОДГОВОРЕН ЗА ОДНОСИ СО КЛИЕНТИ ВО ОДДЕЛ ЗА КВАЛИТЕТ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА УПРАВУВАЊЕ НА СУРОВИНИ
ДОСТАВУВАЧ НА МАТЕРИЈАЛИ НА ПРОИЗВОДНА ЛИНИЈА
ОПЕРАТОР ВО МАГАЦИН
ВОДАЧ НА СМЕНА ВО ПРОИЗВОДСТВО
ВОДАЧ НА ГРУПА ВО ПРОИЗВОДСТВО

АЛФИ БИ КОМПАНИ е компанија којашто во досегашното постоење успеа да изгради стабилен, функционален процес на работа, да креира коректни односи со своите потрошувачи, непрекинато прави регрутација на нови вработени и го зголемува својот тим се со цел да се продолжи традицијата на успешно работење и одржување на нашата препознатливост и имниџ.

Моментално вработува:

КАСИЕРИ/КИ – СКОПЈЕ
ПЕРСОНАЛ ЗА ПРОДАЖБА (СКОПЈЕ)
КЕЛНЕР/КА ШАНКЕР/КА (СКОПЈЕ)

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »