Промовирани огласи »

Научниците направиле анализа на годините во животот на просечен човек и како тие се одразуваат на неговите перформанси.

KARIERA.mk беше изненадена од некои резултати:

  • Учењето на странски јазик е најлесно на 7-8 години
  • Мозокот најдобро процесира работи и настани на 18 години
  • Имињата се паметат најлесно на 22 години
  • За првпат сме најзадоволни со животот на 23 години

  • Мускулите се најсилни на 25 години, а такви ќе останат во наредните 10 до 15 години
  • Идеално време за основање семејство е на 26 години
  • Најдобрите маратонци најчесто имаат 28 години
  • Коските се најцврсти на 30 години
  • Луѓето најдобро препознаваат лица на 32 години
  • Добитниците на Нобеловата награда ги направиле најголемите откритија во просек на 40 години
  • Најдобро ги разбираме туѓите емоции во четириесеттите и педесеттите години од животот
  • Задоволството од животот повторно е на врвот во 69-та година

  • Најбогат речник имаме во доцните шеесетти и раните седумдесетти
  • Навистина со годините стануваме помудри
  • Големите одлуки се носат во годините што завршуваат на 9

Промовирани огласи »

Патниците наскоро би можеле да патуваат од Лондон до Токио преку транссибирска железничка рута со должина од 13.518 километри. 

Тоа е амбициозен проект на руската Влада.  Проектот ќе опфати изградба на мост долг 45 метри што ќе овозможи премин за возот преку Источно Море. Со почетна станица од Лондон, патниците ќе можат да поминат низ Русија пред да стигнат до крајната дестинација: Ваканаи во Јапонија. Прелогот е опишан како „историски мост“, затоа што Москва и Токио не постигнаа спогодба и официјално помирување на антагонимот што настана по Втората светска војна кога Сталин ги припои Курилските Острови во 1945 година што оттогаш се предмет на територијален спор меѓу двете земји.

Возот ќе поминува низ Германија и Полска пред да стигне во Источна Европа.

Промовирани огласи »

Повеќето луѓе додека се на компјутер социјалната мрежа Фејсбук главно ја користат со помош на глушецот. Но, оваа друштвена мрежа воведе можност да се користи и со помош на тастатурата.

Погледнете кои комбинации ќе ви овозможат брзо и лесно отворање на саканата содржина на Фејсбук:

Alt+1 – враќање на почетната страна

Alt+2 – преглед на Тајмлајн

Alt+3 – покажување на листата на пријатели кои ви испратиле барање

Alt+4 – приказ на листата на пораки

Alt+5 – отворање нотификации

Alt+6 – отворање на опцијата за конфигурации

Alt+7 – отворање на опцијата за средување на личните информации

Alt+0 – Корисничкиот центар на Фејсбук

Alt+m – креирање на нова порака

Alt+? – пребарување

Промовирани огласи »

Слободан Муфиќ од Хрватска со својата сопруга и 11 годишна ќерка се преселил во Шведска, земја која ја опишува дека има отворени врати и каде е пријатно на 25-ти да ви исплатат плата за тековниот месец. 

Вели дека во Шведска има можности за сите амбициозни луѓе согласно нивните способности и образование. 

Муфиќ раскажува дека Шведска се препознава како земја со не толку убава клима и благосостојба. 

Додава дека во второто тромесечје на 2017 година во однос на истиот период лани, земјата има раст од 4%. 

Ниту моравме да заминеме, ниту сме го планирале тоа со години. Едноставно со влез на Хрватска во ЕУ на пазарот почнаа да стигнуваат подобри понуди за работа - вели тој. 

Вели дека заедно со сопругата се преселиле во мал град во близина на Гетеборг. Намерно бирале мал град затоа што им било смачено од голем град како Загреб. Веднаш почнале да учат шведски, а сопругата се вработила во болница каде има лекари и персонал од многу земји. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »