Промовирани огласи »

Повеќето луѓе додека се на компјутер социјалната мрежа Фејсбук главно ја користат со помош на глушецот. Но, оваа друштвена мрежа воведе можност да се користи и со помош на тастатурата.

Погледнете кои комбинации ќе ви овозможат брзо и лесно отворање на саканата содржина на Фејсбук:

Alt+1 – враќање на почетната страна

Alt+2 – преглед на Тајмлајн

Alt+3 – покажување на листата на пријатели кои ви испратиле барање

Alt+4 – приказ на листата на пораки

Alt+5 – отворање нотификации

Alt+6 – отворање на опцијата за конфигурации

Alt+7 – отворање на опцијата за средување на личните информации

Alt+0 – Корисничкиот центар на Фејсбук

Alt+m – креирање на нова порака

Alt+? – пребарување

Промовирани огласи »

Слободан Муфиќ од Хрватска со својата сопруга и 11 годишна ќерка се преселил во Шведска, земја која ја опишува дека има отворени врати и каде е пријатно на 25-ти да ви исплатат плата за тековниот месец. 

Вели дека во Шведска има можности за сите амбициозни луѓе согласно нивните способности и образование. 

Муфиќ раскажува дека Шведска се препознава како земја со не толку убава клима и благосостојба. 

Додава дека во второто тромесечје на 2017 година во однос на истиот период лани, земјата има раст од 4%. 

Ниту моравме да заминеме, ниту сме го планирале тоа со години. Едноставно со влез на Хрватска во ЕУ на пазарот почнаа да стигнуваат подобри понуди за работа - вели тој. 

Вели дека заедно со сопругата се преселиле во мал град во близина на Гетеборг. Намерно бирале мал град затоа што им било смачено од голем град како Загреб. Веднаш почнале да учат шведски, а сопругата се вработила во болница каде има лекари и персонал од многу земји. 

Промовирани огласи »

Шведскиот милијардер Ласло Зомбатфалви, основач на  "The Global Challenges Foundation" планира да исплати 5 милиони долари на оној кој ќе помогне за светските збиднувања. 

Ласло вели дека на светот му е потребно ново државно уредување. 

Наградата ќе ја добие компанија, здружение, група или универзитет кој работи по целиот свет, а ќе предложи најдобар модел на државно уредување. 

Новиот модел мора да биде јасен, но и да помогне за проблеми како климатски промени, пренаселеност, и зголемување на населението во одредени делови на светот, проблем со сиромаштија и друго. 

Краен рок е 30 септември за пријавување на предлозите. 

Промовирани огласи »

Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на РМ – СИЕР, смета дека и покрај евентуалното усвојување на измените на Законот за минимална плата во Македонија ниту имало, ниту ќе има утврдена гарантирана минимална заработувачка за работникот за полно работно време, поради тоа што во решенијата е вметнат терминот „нормиран учинок“ како услов за нејзино остварување.

Се додека во законот стои терминот „нормиран учинок“ како услов за остварување на минималната плата, тоа значи дека пред се нема никаква гаранција дека работникот ќе ја добие минималната сума предвидена со законот. Тоа исто така значи можност за манипулација од страна на работодавачите, што беше пракса и до сега. Текстот на измените на законот усогласен во јавната расправа и потврден на Економско-социјалниот совет на 18 јули 2017 од страна на трите социјални партнери не содржеше „нормиран учинок“ во членот 2 од Законот. Затоа се прашуваме кој, зошто и во чие име ја додаде повторно оваа формулација, се вели во соопштението од СИЕР.

Такво нешто, посочуваат од СИЕР, нема во регулативата за минимлна плата во нашето опкружување ниту во земјите-членки на ЕУ, ниту во другите (Словенија, Хрватска, Бугарија, Србија…)

Бараме Владата на РМ, односно пратениците кои се предлагачи на законот амандмански да интервенираат и да се исфрлат зборовите „нормиран учинок“ од членот 2 од Законот за минимална плата, односно Собранието да го прифати усогласениот текст на законот на Економско – социјалниот совет. Само на тој начин Македонија конечно ќе добие Закон за минимална плата кој гарантира дека работникот кој работи со полно работно време ќе ја добие, без условувања, злоупотреби и присила да работи подолго од полното работно време без дополнителен надомест, се вели во соопштението од Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство во врска со законското решение за утврдување минимална плата.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »