Промовирани огласи »

Ја сакате слободата што ја имате кога патувате со вашиот автомобил, но никогаш не можете да предвидите што може да ви се случи на пат. Ако случајно учествувате во сообраќајна незгода во странство, трошоците за штетата ќе бидат покриени со вашиот зелен картон. Затоа треба да знаете во кои земји важи, а во кои не важи зелениот картон издаден во Македонија.

Со оглед на тоа дека сезоната на одмори започна, а многумина се подготвуваат за долго патување со автомобил, не е непознато дека ќе ви побараат зелен картон на граница ако патувате со автомобил.

Зелената карта е задолжителен документ, чија валидност е поврзана со времетраењето на вашето осигурување од автомобилска одговорност, и всушност претставува осигурување од автомобилска одговорност во странство. Доколку имате осигурување од автомобилска одговорност кај нас, обезбедете ја исто така и зелената карта, информираат од АМСМ.

Во кои земји не важи зелениот картон?

Согласно известувањето од Националното биро за осигурување за истапување од членство на државата Израел, почнувајќи од 01.01.2022 година, Друштвото не покрива осигурување на меѓународна карта за осигурување на автомобили (зелена карта) на територијата на државата Израел.

Од 22.05.2023 Друштвото не покрива осигурување на меѓународна карта за осигурување на автомобили (зелена карта) на територијата на државите Русија и Белорусија.

Кои се цените на зелениот картон и осигурителната премија?

Според актуелните цени, зелениот картон за патничко возило до 66 kW на годишно ниво е 3.690 денари, а за оние над 66 kW за една година е 5.536 денари. Цената за патничко возило до 66 киловати за месечно ниво е 1.850 денари, а за возило над 66 kW e 3.075 денари.

За влечните и специјалните возила, мотоциклите, приклучни и работни возила цената е 5.536 денари. Цената за товарните возила и автобусите е 17.222 денари. Важност на зелената карта е 12 месеци или во рамки на времетраењето на полисата за автомобилска одговорност.

Износот на годишната премија е еднаков кај сите осигурителни компании и зависи од силата на моторот, кај товарните возила од носивоста во тони, додека кај автобусите од бројот на седишта и др. Износот на премијата со текот на годините се намалува, доколку немате предизвикано сообраќајна незгода.

Во најголемиот дел од земјите-членки на Европската Унија, сопствениците на автомобили плаќаат единствена премија за осигурување и за зелен картон.

Во регионот, пак, Србија, БиХ, Албанија, Словенија и Грција веќе се приклучија на поголемиот дел од земјите од ЕУ каде што е воведено единствено осигурување од автоодговорност и каде што зелениот картон е интегриран во цената за регистрација на возилото.

Зелен картон и премија заедно и кај нас?

Плусинфо претходно објави дека власта размислува за укинување на зелениот картон, односно воспоставување единствена премија за осигурување на возилата од автоодговорност, како што е дефинирано со директивите на ЕУ. Во Законот за задолжително осигурување во сообраќајот има одредба според која ова ќе се применува дури по влегување на земјава во Унијата.

Со оглед на тоа што примената на таквиот модел значително ќе ги зголеми трошоците на граѓаните при осигурување на возилата, правиме анализи за преминување кон моделот што се применува во ЕУ, односно плаќање единствена премија за осигурување на моторните возила, која вклучува автоодговорност и зелен картон – информираа тогаш од Министерството за финансии.

Во последното тримесечје на годинава треба да се донесе конечната одлука дали ќе се применува европскиот модел и кај нас, по што ќе треба да се направат измени на Законот.

Во актуелниот Закон за задолжително осигурување во сообраќајот пишува дека единствената премија е предвидено да почне да се применува кога земјава ќе стане полноправна членка на ЕУ. Пред неговото донесување осигурителните компании побараа да се укине зелениот картон и да се премине на единствено осигурување на возилата, но тогаш тоа нивно барање не беше прифатено. Истовремено, граѓаните и превозниците бараа поевтин зелен картон, бидејќи македонскиот е најскап во регионот. Сега владата се премисли и бара начин како да им одговори на двете барања, но каков ќе биде крајниот исход, не се знае.

Промовирани огласи »

Пловилото „МФ Естел“ (MF Estelle), произведено од норвешката нова технолошка компанија „Зеабус“ (Zeabus), е првиот самоуправувачки електричен траект во светот којшто почна да превезува патници.

Во соработка со „Торгатен“ – истакната норвешка бродска компанија, „Зеабус“ ја претстави својата прва ферибот линија меѓу отровите Содермалм и Кунгшолмен во Стокхолм, Шведска. Тоа, засега, е кратка линија којашто ќе чини 120 патувања дневно. На траектот засега има посада, но таа ќе го напушти на почетокот на следната година. Сообраќајниот метеж е постојан проблем ширум светот, па решенијата вклучуваат масовен превоз, подземни тунели… А, во градови со водни тела, на ова може да се додадат и пловилата, но досегашните начини на поводен превоз значат испуштање јаглерод и штетни материи, и се во судир со глобалните цели за „почист“ превоз.

„Зеабус“ е основана 2019 година со цел да го направи превозот на вода поодржлив и да се развијат самоуправувачки решенија за оптимизирање на користењето бродови.

„МФ Естел“ има електричен погонски систем којшто се напојува од сончеви панели и може да прими 24 патници. Има самоуправувачка навигација поддржана од последната технологија. Фазниот пристап ќе му помогне на „Зеабус“ да ја оптимизира потрошувачката на енергија потребна за едно патување.

Стокхолм ќе биде „прв тест“, но целта е да се обезбедат слични можности за патување и во други градови во светот и да се воспостават врски меѓу градовите.

Норвешка го предводи развојот на оваа технологија, па и бродоградителската компанија „Хуртигрутен“ веќе работи на првиот брод за крстарење без испуштања јаглерод, којшто ќе биде готов до крајот на десетлетие. Тоа ќе користи електричен погон, надополнето со сончева и ветерна енергија.

Промовирани огласи »

Со вкупен награден фонд од 4,306,975.00 денари „Нептун“ отпочна наградна игра со која што заедно со своите верни купувачи и клиенти ќе го прослави големиот роденден - 30 години постоење. Главна награда е стан во комплексот East Gate Living, а дополнително, компанијата ќе доделува и 87 неделни, како и седум месечни награди. Роденденската награда ќе трае до 24 декември 2023 година.

Како и секогаш, „Нептун“ и овој пат се придржува до своето популарно мото, односно дека потрошувачите секогаш добиваат повеќе кога купуваат во продажната мрежа на компанијата. Во наградната игра може да учествува секој што купил производи во кој било од продажните објекти на „Нептун“ во Македонија. Нема ограничувањата во однос на износот, што значи секоја набавка може потенцијално да донесе награда.

Учесниците треба да испратат СМС на бројот 144 030 со уникатен број на документ. Притоа, под поимот документ се подразбираат: фискална сметка, фактура КП рати, фактура кредитна апликација НЛБ, фактура кредитна апликација КБ, фактура кредитна апликација ИУТЕ, фактура продавница WEB, испратница-продавница. Цената на СМС-пораката е 49 денари со вклучен ДДВ.

Шансите за добивка се зголемуваат доколку учесниците во наградната игра испраќаат повеќе СМС-пораки. Добитниците ќе се извлекуваат по случаен избор со помош на компјутерска програма-софтвер за извлекување, која ќе избира од базата на податоци по основ на пратената порака од секој учесник. Сите детали за наградната игра се достапни на овој линк.

„Нептун“ е компанија што три децении е лидер на пазарот за продажба на бела техника; апарати за домаќинство; телевизиски, аудио и видео апарати; компјутери; смартфони; фото апарати и камери; лична нега и убавина; ладење и греење.

Уште од самите почетоци нашата цел е да го следиме исклучително брзото темпо на развој на секторот во којшто работиме на глобално ниво и сето тоа да овозможиме да биде достапно за нашите верни купувачи во Македонија. Нашите врвни услуги се достапни во 26 продажни места во 21 град во земјава, а за сите потреби и барања на потрошувачите се грижат повеќе од 400 вработени кои што се обучени според највисоките светски стандарди. Наградната игра е само уште еден од начините преку кои што на купувачите им овозможуваме да добијат повеќе за било која набавка во нашата продажна мрежа – изјави

Тасевска Александра, координатор за корпоративен маркетинг во „Нептун“.

Промовирани огласи »

Инфлацијата е во надолна линија и ова го потврдуваат официјалните податоци од Државниот завод за статистика кои покажуваат дека од 19,8% во октомври 2022 година, инфлацијата е падната на 11,3 % за претходниот месец, изјави заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во интервју за порталот Локално.

Вицепремиерот Битиќи рече дека овој тренд на намалување на инфлацијата очекува да продолжи до крајот на годината, што е на линија на проекциите на НБРМ и владините проекции според кои инфлацијата за цела 2023 би изнесувала околу 8%.

Од друга страна очекувањата за раст на платите со двоцифрени стапки е реалност со оглед на фактот што успеавме да создадеме атрактивен економски амбиент за прилив на нови како домашни така и странски директни инвестиции кои креираат многу повисока додадена вредност, а воедно ќе ја зголемат продуктивноста на целокупната економија и ќе резултира со реален раст на просечната плата во целокупната економија, рече Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи се осврна и на очекувањата за движењето на инфлацијата, за што рече дека треба да имаме во предвид дека нашата национална економија не е изолирана, затворена.

Ние сме изложени на економски сили кои не препознаваат граници и кои влијаат во дефинирањето на нашиот перформанс. Економската криза сè уште не е завршена, енергетските прашање се сè уште отворени. Не постоеше економија која не почуствува последици од руската агресија врз Украина, војна која сè уште се случува, а и никој не може да предвиде како ќе се развива. Постојат многу променливи фактори кои влијаат врз инфлацијата, а врз кои ние немаме влијание иако сме изложени на нивните последици, рече Битиќи.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »