Сите менаџери кои што се одговорни за вработување знаат дека фазите на интервјуирање на еден кандидат можат да бидат навистина тешки. Кандидатите кои сте ги избрале може да бидат навистина одлично квалификувани и вешти на хартија, но сепак начинот на кој што ќе се претстават за време на интервјуто често претставува одлучувачки фактор.
Личното интервју со кандидатот може да открие многу работи, од карактерот па се до нивните мотиви за работа. Иако многумина може да кажат слични работи за нивната работна позадина и професионални цели, некои кандидати може да дадат уникатен и импресивен одговор што ќе докаже дека тие се вистинската личност за таа позиција. Неколку менаџери советуваат за тоа шо е правилно да се зборува за време на едно интервју.
- Докажете го она за кое зборувате
Секој кандидат за работа сака да направи да звучи одлично, но понекогаш тие знаат да ја прошират вистината или пак да даваат нејасни одговори. Важно е да може да го потврдите она што е напишано во вашата апликација за работа и да дадете проверени резултати за да ги поткрепите своите тврдења.
- Определете која е вашата цел за работното место за кое аплицирате
На интервју за работа може да ви постават многу прашања, но менаџерите секогаш имаат неколку клучни прашања кои може да одлучат дали вие сте соодветен кандидат за таа позиција. Едно од тие прашања може да биде кои се вашите цели за вработување во компанијата. Секогаш менаџер би сакал да има кандидат кој што ќе биде посветен на работата и ќе може да создава големи вредности за компанијата.
- Бидете смели да кажете што не ви се допаѓа
Кога ќе разговарате со менаџерот за време на вашето интервју, покажете му дека сте смел кандидат кој има свои ставови и дека би можеле да ја подобрите компанијата со тоа што ќе го известите кога нема да се согласувате со неговите ставови и одлуки.
- Дадете им до знаење дека сте спремни да учите нови работи
Ниту еден менаџер нема да биде согласен со кандидат кој мисли дека знае се. Доколку не го знаете целосно одговорот на некое прашање за време на вашето интервју, подобро е да се обидете да размислите на таа тема и да не го лажирате својот одговор. Тоа може да му даде до знаење на менаџерот дека размислувате и сакате да учите нови работи
- Бидете запознаени како функционира компанијата во која аплицирате
За секоја компанија е важно новиот вработен да може културно да се вклопи со останатие колеги. Затоа, убаво би било доколку прашате какви вредности има компанијата или пак ќе ги откриете самите преку истражувања на нивната веб страница.