Промовирани огласи »

Брзото вработување изгледа како тешка задача, особено ако се има предвид дека времето за вработување може да потрае. Долгите процеси на вработување може да остават многу баратели на работа помалку оптимисти кога бараат нова кариера. Ако сакате да направите чекор наскоро, може да се запрашате дали има нешто што можете да направите за да го забрзате долгиот процес.

Што мислите, кој е проблемот и што правите погрешно? Еве неколку грешки.

  • Поминувате 100% од вашето време доставувајќи онлајн-апликации
  • Аплицирате за работа што не одговара на вашата професија
  • Очекувањето дека реченицата „Јас навистина брзо учам“ ќе ви донесе работа
  • Давање CV на луѓе што не ги ни познавате
  • Постојано јавување на работодавците за резултатите

Барањето работа не е лесно, меѓутоа, може да се пронајде совршена формула. Доколку ги елиминирате тактиките што не функционираат и ги замените со поефективни алтернативи, работите ќе тргнат на подобро.

Промовирани огласи »

Премиерот Димитар Ковачевски, на својот Фејсбук профил најави ново покачување на пензиите од септември.

Како што истакна тој, на состанокот со претседателот на Партијата на пензионери Илија Николовски и потпретседателот Миле Андоновски, зборувале за политиките и мерките на Владата за пензионерите, за предлозите и прашањата што се од нивен интерес.

„ Како одговорна Влада, подеднакво се грижиме за заштита на стандардот на сите граѓани. Со новата методологија на усогласување на пензиите обезбедивме да има континуиран раст на пензиите. Со последното усогласување во март пензијата се покачи за 8,4%, а усогласување ќе има повторно и во септември, со што пензиите за една календарска година ќе достигнат раст од 25%“ напиша Ковачевски.

Промовирани огласи »

Проблемот со уличните кучиња не е присутен само во Македонија, туку го има и во соседните земји. Откако пред два дена во центарот на Приштина кучиња скитници искасаа дете, градоначалникот Перпарим Рама реши да почне акција за нивно отстранување.

Надлежните служби најавија дека кучињата ќе ги испратат во прифатилишта со лиценца, каде што ќе бидат соодветно третирани и потоа подготвени за посвојување.

Сите кои ќе покажат интерес за посвојување кучиња ќе бидат субвенционирани со 50 евра месечно.

- Лице што земe куче ќе се субвенционира со 50 евра месечно. Граѓаните можат да земат до пет кучиња, велат од градот.

Со оглед на тоа дека и Скопје има идентичен проблем со уличните кучиња, и покрај акциите на ЈП „Лајка“ за заловување на животните, можеби градот треба да размисли за слично решение.

Промовирани огласи »

Не е лесно да се работи со другите луѓе, а уште потешко е кога имаме шеф со кој тешко можеме да се разбереме.

Photo by Gabrielle Henderson on Unsplash

Ова се неколку знаци кои покажуваат дека вашиот шеф не ве почитува.

Не го цени вашето време

Ако од вас бара да завршите одредени обврски надвор од вашето време или во период од денот кога тоа вам не ви одговара, тоа значи дека не му е воопшто важно вашето време. Некогаш тоа се невозможни рокови, а друг пак барања кои не покажуваат никаква почит кон вашата работа и ангажман на работното место.

Не ви објаснува ништо

Ако постојано се случуваат нови работи, а вие не добивате никакво објаснување, тоа е уште еден знак дека вашиот шеф не ве почитува. Објаснувањата и насочувањето се особено важни за новите вработени, но ако тоа недостасува тогаш дефинитивно сте оставени на себе, што не е најубаво чувство.

Не ве консултира во вашата област

Одредени шефови сметаат дека нивно е само да носат одлуки, без да ги консултираат оние кои всушност ја извршуваат работата. Тоа е погрешен пристап бидејќи не овозможува да дадете инпут за она во што сте вклучени.

Не го цени вашиот придонес

Уште една карактеристика на шефот кој не ги почитува своите вработени е тоа што таа личност не покажува ништо со што ќе изрази дека го цени вашиот труд. Платата е важна, но секој од нас сака да биде ценет и уважен за придонесот кој го дава во одредени активности. Ако тоа не е случај со вас, тогаш дефинитивно имате шеф кој нема почит за она што го правите.

Ги краде вашите идеи

И ова се случува. Понекогаш ќе споделите идеја, а вашиот шеф ќе ја присвои и ќе ја претстави како своја. Веројатно тие мислат дека работите за нив и дека вашите идеи се и нивни, но ваквото однесување не е коректно. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »