Промовирани огласи »

Кина ќе има најголем нето одлив на милионери на глобално ниво оваа година, бидејќи националниот раст забавува, се вели во денешниот извештај на Henley & Partners.

Советодавната фирма проценува дека Кина ќе изгуби 13.500 поединци со висока нето вредност со инвестициско богатство од повеќе од 1 милион американски долари, проследено со Индија со егзодус од 6.500 и Велика Британија со 3.200, според Извештајот за миграција на приватното богатство на Хенли.

Продолжените ограничувања за коронавирусот, меѓу другото, предизвикаа претприемачите да се собираат на подобредојдени места како Сингапур, пренесува Блумберг.

Општиот раст на богатството во Кина се забавува во последните неколку години, што значи дека неодамнешните одливи можат да бидат поштетни од вообичаено – вели Андреј Амоилс, раководител на истражување во компанијата „New World Wealth“.

Подемот на кинеската економија е забележан од 2000-тите до 2017 година, но растот на богатството и милионерите во земјата оттогаш е занемарлив, оценува Амоилс.

Во меѓувреме, егзодусот во Обединетото Кралство се чини дека ќе се удвои, ставајќи ја земјата на третото место по одлив на милионери, оставајќи ја Русија на четвртото место.

Од друга страна, се чини дека Австралија ќе ги надмине Обединетите Арапски Емирати и ќе стане водечка земја која привлекува милионери.

Околу 5.200 милионери годинава ќе се преселат во Австралија.

ФОТО: Unsplash

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Пивара Скопје АД е една од водечките компании во Македонија, заедничко вложување помеѓу Coca-Cola HBC и Heineken. Неговата успешна приказна започна во 1922 година и е резултат на огромна посветеност, енергија, знаење, искуство и тимска работа вложени од генерации професионалци.

Моментално вработува:

УНАПРЕДУВАЧ НА ПАЗАР - СТРУМИЦА, РАДОВИШ И БЕРОВО (Ж/М)

Majorel дизајнира, гради и испорачува висококлвалитетна корисничка подршка, CX за многу светски водечки брендови. Ги сервисира клиентите ширум светот преку 82,000+ вработени, лоцирани во 45 земји на 5 континенти на 60 јазици.

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КОРИСНИЧКА ПОДДРШКА СО ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК

Мак Аутостар дооел е генерален дистрибутер на повеќе брендови од автомобилската индустрија како што се: Mercedes-Benz патнички и комерцијални возила, автобуси, Setra, Evobus, Unimog, Rolls Royce, Mitsubishi Motors и Mitsubishi Fuso. Компанијата е сопственик на брендот Premium Used, фирма која се занимава со продажба и одржување на Mercedes-Benz користени возила.

Момантално вработува:

АСИСТЕНТ ЗА НАБАВКИ И ЛОГИСТИКА НА ВОЗИЛА

Гиро Мамас е fast food ресторант каде можете да го најдете најдоброто гиро во градот.

Моментално вработува:

УГОСТИТЕЛСКИ РАБОТНИЦИ

Tezenis е лансиран во септември 2003 година, во близина на Верона, Италија, со цел да се создаде бизнис во продажба на долна облека, домашна облека и пижами за мажи, жени и деца, преку продажна мрежа за франшиза.

Моментално вработува:

АСИСТЕНТ ВО ПРОДАЖБА - EAST GATE MALL
АСИСТЕНТ ВО ПРОДАЖБА - CITY MALL

Сенатор Македонија ДОО Скопје е компанија чија основна дејност е коцкање и обложување во вкупно 50 подружници- автомат клубови за игри на среќа во главниот град, а исто така и во поголемите градови низ државата.

Моментално вработува:

ХОСТЕСИ - ШАНКЕР/КИ- КАСИЕР/КИ – ТЕТОВО
ХОСТЕСИ - ШАНКЕР/КИ- КАСИЕР/КИ – СКОПЈЕ

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа, којшто работи во седум држави и обезбедува услуги за околу 24 милиони корисници.

Сите активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ АД Прилеп светски лидер во екстракција и производство на снежно бел мермер со регистрирана трговска марка на ситно-грануларен доломитски мермер SIVEC® кој се вади од рудниците лоцирани во близината на Прилеп.

Моментално вработува:

ОПЕРАТОР НА РУДАРСКА ОПРЕМА

Скоро 26 години Телекабел е единствената голема компанија со 100% домашен капитал во телекомуникацискиот сектор. Телекабел е доказ дека со истрајност, квалитет, многу работа и професионален однос кон корисниците и државата, и во Македонија може да се раскаже успешна приказна.

Моментално вработува:

МОНТЕР

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Кога ќе успеете да ја пронајдете работата која што ја сакате ќе бидете многу среќни и задоволни,но сепак тоа претставува еден долг процес и нормално дека постои шанса да бидете одбиени од одредена позиција за која што сте аплицирале. Биографијата која што ќе ја испратите за да аплицирате за некоја работа често може да ги зголеми или да ги намали вашите шанси за време на интервјуто. Има многу свети и трикови кои може да ги користите за да изработите одлична биографија.

Вашата биографија треба да биде лесна за читање, следење и визуелно привлечна. Постојат примери за тоа како би требало да изгледа една биографија кои може да ги најдете на интернет. Треба да знаете дека од особено значење е резимето да е пократко од аспект на сите професионални контексти, бидејќи вие имате ограничен простор, а регрутерот ограничено време.

Скратете ја вашата биографија со тоа што ќе се ослободите од зборови како што се „со цел“, „во основа“, „на пример“ ,ослободете се од ирелевантните работни функции, скратете го растојанието помеѓу линиите и користете прецизни и моќни зборови. Доколку ги применувате сите овие чекори, вашата биографија ќе изгледа многу повеќе професионално и ќе направи да изгледате по квалификувано за работната позиција за која што аплицирате.

Промовирани огласи »

Axapta Masters, водечка компанија за Microsoft решенија во Македонија со голема прослава го одбележа официјалното отворање на новите канцеларии во Скопје.   Проширувањето и потребата од нов модерен деловен простор е резултат на успешно реализираната стратегија за развој на Axapta Masters.

Новите деловни простории во современиот Ентерпрајз Бизнис Центар, зафаќаат повеќе од 3000 квадратни метри и се распространети на два ката. Објектот е уреден со најсовремени простории и напредна технологија, пет конференциски сали, акустични кабини, аудиториум, делови за релаксација и одмор, оддел со игри, тераса на покривот со прекрасен поглед кон Водно.

Од менаџментот на компанијата велат дека со повеќе од девет години искуство и успешно позиционирање на Axapta Masters како водечка сила во индустријата, отворањето на новата канцеларија во Скопје претставува уникатен момент со длабоко значење за компанијата и тимот. “Новата локација ќе им овозможи на вработените да работат во удобна и современа средина, што ќе придонесе за уште поголемо подобрување на перформансите овозможувајќи им најдобри услуги и решенија на нашите соработници и клиенти”.

Axapta Masters има големо глобално присуство со разновидно портфолио на успешни проекти во голем дел на сектори како што се производство, транспорт, автомобилски сектор, малопродажба, градежништво, фармација, осигурителен сектор.  Компанијата важи за една од најпосакуваните и најатрактивни компании за вработување во земјата. Во 2022 година Axapta Masters двојно го зголеми својот тим, кој денес надминува над 220 вработени, кои се дел од  успешната приказна на компанијата во канцелариите во Скопје, Малта, а од неодамна и во канцелариите во Нови Сад, Србија и Велика Британија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »