Промовирани огласи »

Ако планирате да купите нов стан, а некој од познавачите на економските состојби во неформален разговор ви рече: „сега не е време за големи вложувања, а ќе биде уште полошо“, најдобро би било да му верувате.

Оти, како што тврдат нашите соговорници, инаку врвни познавачи на економијата, цената на становите не само што нема да се намалува и да се стабилизира, туку и дополнително ќе расте.

Најголемиот скок на цената на квадратот, според експертите, се очекува во декември годинава, односно тогаш кога ќе престане да важи повластениот данок од 5 отсто за продажба на станови.

Градежниците, пак, објаснуваат дека голем број фактори влијаат на состојбите во градежништвото – зголемената побарувачка и намалената понуда, честата промена во цените на градежните материјали, промената на цените на градежните парцели, високиот надоместок за комуналии, променливата цена на работната рака на градежниците…

-Не им е лесно ни на инвеститорите, ни на градежниците, а да не зборувам за купувачите. Цената на становите допрва ќе се зголемува, а и сега е прилично висока. За да купите стан во центарот на Скопје или во развиените населби како Аеродром или Карпош, потребно е да потрошите цело богатство. А воопшто не е евтин квадратот ниту на периферијата на Скопје. Во моментов, ако сакате да купите стан во скопско Ново Село, некаде помеѓу населбите Даме Груев и Волково, потребно е да издвоите 950 до 1.200 евра за квадрат. Но, таква е реалноста, бидејќи висока е цената на градежните материјали за изградба на објектите. Освен материјалите, треба да се има предвид дека за цели 50 проценти се зголемени комуналиите во општините, а да не спомнувам дека градежни мајстори не се наоѓаат лесно и скапо чинат. Лошо е тоа што квалитетните градежници веќе одамна работат за достоинствена плата во странство, а тука, со чест на исклучоци, се останати оние кои не се најквалификувани и обучени мајстори. Затоа и објектите ни се такви какви што се – објаснуваат експерти од областа на градежништвото.

Според статистиката, од јануари до април годинава се издадени вкупно 713 одобренија за градба, а речисти половина од нив се однесуваат на објекти од висока градба меѓу кои и станбени згради во кои ќе бидат сместени 2.842 станови.

Само во Скопје и во скопските општини се издадени 289 одобренија за градба.

Најактуелни скопски населби за градење сѐ уште се централните општини Карпош и Центар, но и Илинден и Петровец кои се наоѓаат на неколку километри од градот.

Според официјалните податоци на агенциите за недвижности, цените на становите се движат од 1.800 до 2.200 евра за квадрат во центарот и околу центарот на главниот град.

Промовирани огласи »

Колку крема за сончање треба да користиме?

За оптимално здравје на кожата, секогаш треба да користите одреден заштитен фактор - дури и во облачни денови! Но, во топли, топли, топли денови какви што моментално ги гледаме низ целата земја, треба да нанесуваме фактор на различни делови од телото. Постои едно незаборавно мало правило - помислете на лажички. Идеалната количина на заштита од сонце е околу две лажички за секоја област што ја покривате.

Поделено тоа е:

- Лице и врат - две лажички

- Раце – две лажички, по една лажичка за секоја рака

- Нозе – две лажички, по една кафена лажичка за секоја нога

- Градите и стомакот - две лажички

- Грб и рамења - две лажички.

Како правилно да нанесете крема за сончање?

Знаете дека две лажици крем за сончање помагаат за да немате изгореници, па кои се советите за правилно нанесување? Советите вклучуваат тресење на шишето со крем за сончање пред да направите било што. Ова „ќе помогне да се разбие секое згрутчување што се појавува со текот на времето“ и гарантира дека ја добивате најдобрата можна заштита, а не исушените делови. 

Општи совети за да останете безбедни на сонце

Заштитата на вашата кожа е важна, но грижата за вашето целокупно здравје е подеднакво важна за време на топлите денови. Експертите прво препорачуваат да се оладите колку што можете повеќе. Направете го тоа така што ќе седите под сенка, ќе облечете широка и светла облека (која ви ги покрива нозете и рацете), носете шапка со широк обод, врзете ја косата, пијте многу ладни пијалоци, редовно посипувајте се со ладна вода и ставете ладна облога на челото.

Ако можете да избегнете излегување во најжешките периоди од денот - обично помеѓу 13 и 15 часот - треба да се обидете максимално да регулирате колку сонце добивате во овие периоди. На крајот на краиштата, потребни ви се само 15 минути сончева светлина дневно за да направите витамин Д, или за потемна кожа тоа може да биде и до 30 минути.

По ова време, нема да добивате здравствени придобивки од сонцето. Следниот и многу важен - совет е да се хидрирате. Кога сонцето е надвор, сите ние треба да пиеме најмалку 3 литри вода дневно. Знаците на дехидрација вклучуваат: чувство на жед, сува уста, потонати очи,  главоболки и непријатно чувство.

Промовирани огласи »

Веќе пет години по ред, Финска го зазема првото место како најсреќна земја во светот.

Photo by SaiKrishna Saketh Yellapragada on Unsplash

Ова е дел од Светскиот извештај за среќа кој рангира 156 земји во светот според нивоата на среќа и 117 држави според среќата на мигрантите кои престојуваат на нивната територија. 

Факторите кои се земаат предвид при ваквата ранг листа се поддршката од институциите, животниот век, љубезноста, како и отсуството на корупција. Но, главното прашање е што е она што Финска веќе пет години ја става на првото место?

Психолозите ги посочуваат следните фактори.

Финците не се споредуваат себеси со другите

Во Финска е познат стихот “Kell’ onni on, se onnen kätkeköön.” Грубо преведено, тоа значи дека не треба да се споредуваме со другите, ниту пак да се фалиме со својата среќа. Па така, Финците го следат тоа, особено кога станува збор за материјалните нешта и богатството. Тие се фокусираат повеќе на она што ги прави среќни, а помалку на тоа колку се успешни. Првиот чекор за среќа според нив е нашата сопствена дефиниција и стандарди, наместо постојаната споредба со другите луѓе.

Не забораваат на природата

Според едно истражување од 2021 година, 87% од луѓето кои живеат во Финска сметаат дека природата е значајна за нивната среќа и тоа во голема мера. Во оваа држава, вработените имаат право на 4 недели летен одмор, што значи дека тие одбираат да го поминат во природа. Освен тоа, добрата структура им овозможува лесно да отидат на не толку населените места и да поминат време во природа, на свеж воздух. 

Според психолозите, минувањето време во природа ја зголемува нашата виталност, добростојба и ни дава чувство на личен развој.

Чувство на доверба

Финците си веруваат еден на друг и ја ценат чесноста и довербата. Еден експеримент од 2022 година, 192 паричници биле оставени во 16 градови во светот. Во Хелсинки, дури 11 од 12те „изгубени“ паричници биле вратени на сопствениците.

Тоа покажува дека тие не сметаат дека треба да земат нешто што не е нивно и не им припаѓа и дека имаат чувство на одговорност да бидат чесни кон другите. Ако го заборавите својот лаптоп во воз или некоја јавна библиотека, огромни се шансите дека тој ќе ви биде вратен брзо.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика ги објави прифатените трошоци според кои се формира цената на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи на вчерашната подготвителна седница. Истите треба официјално да се објават во текот на оваа недела, но веќе е прикажано дека цената која ќе ја наплаќа универзалниот снабдувач ќе поевтини само за првите два тарифни блокови кој имаат лимит до потрошени 210, односно до 630 киловатчасови, додека ќе поскапи за останатите два блока.

Цената во првиот блок од 4,7257 денари се намалува на 4,2609 денари, а во вториот од 5,1578 се снижува на 4,8936 денари. Третиот блок од 6,0563, поскапува на 6,3345 денари, додека цената на четвртиот блок се зголемува од 16,1336 на 16,6453 денари.

Ова според РКЕ ја прави просечната цена на ЕВН Хоме од 1 јули да изнесува а 4,3268 денари по киловатчас, што е нешто поевтино од вкалкулираниот просек од  4,4046 денари одреден пред половина година. Ќе има и мало зголемување на цената за малите потрошувачи, односно за фирмите.

Според она што може да се види од другите релевантни пресметки, цената на мрежарината за Електродистрибуција минимално се зголемува, додека значително ќе се намали трошокот за пренос на електрична енергија. Останува да се види како ќе се вкалкулираат сите овие одобрувања во конечната цена во сметките.

Она што е јасно е дека нема да има враќање на евтината попладневна тарифа, иако претходно се најавуваше такво нешто, а од друга страна ќе има зголемување на ДДВ-то на самите фактури од 10 на 18 отсто.

Во декември кога носевме одлуки, намаливме цена за домаќинства, намаливме цени за мали потрошувачи. Тука зборувам без ДДВ. Ќе има одредено намалување, но не можеме да влијаеме на промената на ДДВ-то, гласи последната изјава на МАрко Бислимовски, претседателот на РКЕ, вчера во Аргумент плус на Телевизија 24.

Извор Факрор.мк

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »