Промовирани огласи »

Од 1 јули престанува мерката за замрзнати маржи на основните прехранбени производи – лебот, шеќерот, јајцата и млечните производи. Со овој потег, државата ги препушта производителите и трговците сами да ги утврдуваат според пазарни услови. Сите резервирани околу проценките за раст или пад на цените.

Доколку викендов се упатите да пазарувате во маркет, рафтовите на кои се наоѓаат лебот, оризот, зејтин, макароните, млекото и млечните производи, може да ве дочекаат и со поинакви цени. Причина за тоа е одмрзнувањето на маржата на основните прехранбени производи, која претходно со одлука на влада се продолжи до 30 јуни. Ова е датумот и кога официјално државата повеќе нема да ги контролира цените и ги остава во рацете на трговците.

Одмрзнувањето доаѓа во услови кога во светски рамки веќе една година цените на храната се намалуваат, додека во Северна Македонија ниту ограничените маржи не успеаја да го зауздаат поскапувањето. Месецот што претстои ќе покаже какви ќе бидат цените на прехранбените производи во продавниците и дали повторно ќе се случуваат злоупотреби од трговците, ставајќи набилдани маржи на производите.

Од Организацијата за заштита на потрошувачи не очекуваат нивен драстичен скок, иако од друга страна, не очекуваат ниту дека цените ќе паднат.

Се смени ситуацијата, на светските пазари паѓаат цените на основните производи и ќе видиме сега дали самите производители и трговците ја научија лекцијата и дека нема да имаат толкава потреба да ги качуваат цените. Ќе има некои акции на производи каде ќе има намалување, самите трговци или домашните производители, сметаме дека сега треба да се остави на пазарот, смета претседателката на ОЗП, Мирјана Лончар Велкова.

Во време на енергетската криза, владата во неколку наврати ги одмрзнуваше и замрзнуваше цените на основните производи. Но, според професорот на Институтот за општествени и хуманистички науки, Здравко Савески, ваквите чекори упатуваат на неконзистентни политики. Според Савески, сè уште има потреба за замрзнати цени.

Промовирани огласи »

Работниците кои сакаат дополнително да се усовршуваат за да се стекнат со професионална квалификација ќе имаат право на дополнителен бонус од 150 евра месечно.

Новите правила кои ќе влијаат на паричните приходи на германските жители стапуваат на сила од 1 јули оваа година.

Граѓанскиот приход од јули е зголемен за сите оние кои ги добиваат покрај месечните примања. Тоа значи дека со приход меѓу 520 и 1.000 евра сега можете да добиете 30 отсто, наместо досегашните 20 отсто од граѓанскиот приход.

Според информациите на Сојузното Министерство за труд и социјална политика (БМАС), тоа значи дека паричникот на многу жители ќе има и до 48 евра повеќе од износот на примениот граѓански приход. Меѓу другото, германските власти ќе воведат бонус за продолжување на образованието, пишува порталот Феникс.

Владата најави дека работниците кои добиваат граѓански надомест, а сакаат дополнително да се усовршуваат за да се стекнат со професионална квалификација, ќе имаат право на дополнителен бонус од 150 евра месечно.

– Дополнително, можат да добијат и бонус за обука за полагање на средно и завршен испит – велат од Заводот за вработување.

Тука е и остварувањето на правото на 75 евра месечно како дополнителен надоместок за доусовршување кое трае подолго од осум недели и не е насочено кон стекнување професионална квалификација. Оние кои имаат потреба од основни вештини како што се подобро читање, математика или компјутерски вештини, со овој паричен надомест имаат можност да се подобрат.

Учениците, студентите и специјализантите исто така ќе имаат корист од значајните промени кои ќе бидат воведени од 1 јули. Приходите во иднина ќе можат да ги одржуваат до лимитот за мини вработувања кој моментално изнесува 520 евра. Истото важи и за џепарлакот што го добиваат преку федералната волонтерска служба и доброволната социјална година.

Покрај горенаведеното, има уште неколку измени кои ќе стапат на сила од 1 јули. Породилниот додаток повеќе не е вклучен во граѓанскиот приход како што беше порано. Во случај на медицинска рехабилитација, веќе нема потреба од поднесување барање за преоден надомест. Наследството се третира како имот, а не како приход.

Промовирани огласи »

Претстојната сабота, 01.07.2023, започнува со работа скопскиот Аква Парк.

- По стабилизирање на временските услови и покачување на температурите, Аква Паркот е вистинското место за забава и рекреација, но и да се релаксирате од летните горештини, велат од Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Аква паркот ќе работи секој ден од 10:00 до 19:00 часот.

Промовирани огласи »

Дваесеттото јубилејно издание на фестивалот на пивото во Прилеп, кој беше предвидено да се одржи од 13-16 јули, нема да се одржи.

Во официјалното соопштение од страната од фестивалот, стои дека 20-то издание на „Пиво Фест” се одлага за следната 2024 година, со нова локација и нов концепт.

Прилепчани и пошироката јавност. Сакаме да Ве информираме дека овогодинешното јубилејно издание на ПИВО ФЕСТ Прилеп 2023 се одлага за следната 2024 год, со нова локација, концепт и содржина на програмата. Образложение; На состанокот одржан од Стопанската комора на Прилеп, Општина Прилеп и бизнис фелата донесена е одлука, ПИВО ФЕСТ Прилеп 2023, дека нема да се подржи и одржи. Додека пак советот на Општина Прилеп на седницата од 22.06. 2023 донесе одлука за доделување на локација за реализација на ПИВО ФЕСТ 2023 Прилеп. (Прашањето е за што се носи одлука за доделување на локација кога предходно Стопанската комора и бизнис секторот донеле одлука со намера да не се подржи и одржи фестивалот??), соопштија од организацијата.

Според нив оваа седница е доцна одржана и одлуката за доделување на локација за организација и реализација на фестивалот е предоцна донесена.

Со оглед на навремено поднесените барања од страна на Фестивалот на 17.11. 2022 и во Април 2023 до Општината за организација и локација на ПИВО ФЕСТ 2023 сеуште нема официјално известување до Фестивалот до ден денес. Со оглед на сите овие горе наведени причини ПИВО ФЕСТ Прилеп 2023 год. спречен е да се одржи. Се извинуваме до Прилепчани и пошироката јавност, се гледаме во 2024 со нова локација, нов концепт и нова програма на ПИВО ФЕСТ 2024, ВЕ ОСТАВАМЕ ВО ДОБРО ЗДРАВЈЕ. Со почит Здружение Интернационален Фестивал за пиво и скара Пиво Фест, завршуваат од организацијата во својата објава на Фејсбук.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »