Промовирани огласи »

Преку проектот „Мој ДДВ“ кај граѓаните за четири години се вратени 6,6 милијарди денари или 107,5 милиони евра, информира директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Таа со медиумите сподели податоци по повод четиригодишното постоење на проектот мој ДДВ, нагласувајќи дека е поддржан од луѓе на различна возраст. 

Според нивни податоци, регистрирани корисници на мој ДДВ низ годините имало различен број. Па само во 2019 имало 213.055 корисници, во 2020 нови 149.753, следната 2021 нововклучени се 74.668 корисници, додека пак, лани новопријавени се 70.314 корисници. Оваа година, досега се вклучени 31.129 лица, со што вкупно овој период има 538.919 корисници. 

Лукаревска сподели и податоци за исплата на мој ДДВ по години. Така во  третото и четвртото тримесечје во 2019 година биле исплатени 155.344.780 денари, во 2020 година 1.270.015.383 денари, во 2021 година 1.787.906.568 денари, во 2022 година 2.164.342.418 денари и прво тримесечје 2023 година 1.235.036.033  денари.

Според структура на корисници на Мој ДДВ, 293 348 се жени и 245.571 маж. До 18 години се 2.596 лица со вкупно над два милиона скенирани сметки, од 19 до 30 години се 99.749 со над 156 милиони скенирани сметки, од 31 до 50 години се 243.202 корисници со вкупно над 508 милиони скенирани сметки, од 51 до 61 година се 93.673 корисници со вкупно над 203 милиони скенирани сметки и над 61 година се 78.278 корисници со над 150 милиони скенирани сметки. 

Топ 10 градови со граѓани со најмногу скенирани фискални сметки се Штип, Валандово, Кичево, Битола, Велес, Скопје, Прилеп, Кочани, Неготино и Гевгелија. 

Најмногу скенирани сметки се од ланци маркети и бензински пумпи. 

Лукаревска нагласи дека проектот позитивно се одразува и врз подигнување на даночниот морал, досега биле поднесени 5.632 претставки за неиздадени фискални сметки. Со тоа, посочи, се намалува нелојалната конкуренција и сивата економија. Таа повторно се осврна и на начинот на кој може да се стане дел од овој проект и да се скенираат сметки. Засега, најбројни се корисниците што скенираат сметки, од 31 до 50 години.

Фото: МИА

Промовирани огласи »

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (01.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 302 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 128 санкции, 26 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за управување возило под дејство на алкохол, шест мерки за прекршоци што ги чинат возачи на моторцикли.

Изречени се четири санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, 11 санкции за користење мобилен телефон при управување возило, 13 мерки за некористење сигурносен појас...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Промовирани огласи »

Од денеска, 1 јули 2023 година, целосно се забранува продавањето на пластични ќеси и оксобиоразградливи ќеси, односно тоа се оние кеси кои во маркет се продаваат за 15 денари. Дозволени ќе бидат само биоразградливи ќеси.

Оваа одлука следи откако беше усвоен новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување. Според истиот ќесите од 2 поскапеа на 15 денари пред година и пол.

Претставници на производителите на последната средба со министерката за животна средина, Каја Шукова, кажаа дека материјалот за изработка на биоразградливите кеси е тешко достапен за македонскиот пазар и дека се соочуваат со потешкотии во континуираното призводство на овие кеси. Предложија да се ревидира законската регулатива и да се направат поголеми напори за да се обезбедат еднакви услови на пазарот, односно да се спречи нелојалната конкуренција со нудење на бесплатни пластични кеси. Побараа и намалување на надоместокот за биоразградливите пластични кеси, кои би се продавале после 1 јули 2023 година.

Голем дел од фабриките ставија клуч на врата по владината одлука една ќеса да се продава по 15 денари. Според информациите од производител кој беше на средба со министерката, од 32 фирми, дваесетина веќе затвориле.

Сепак за овошјето и зеленчукот и во маркетите и на пазарите се уште се користат пластичните кеси. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека лани компаниите во земјава произвеле околу 5.000 тони пластична амбалажа, вреќи и ќеси.

Од Министерството за животна средина тврдат дека употребата на пластичните кеси е за 10 пати намалена, а особено намалување има во маркетите и тоа за околу 85%.

Земјите-членки на ЕУ веќе почнаа да забрануваат употреба на пластика за еднократна употреба, како цевчиња, чепкалки за уши, чинии, чаши и пластичен прибор за јадење за еднократна употреба. Во некои земји пластичните кеси се целосно забранети, во други се даночат, а во трети се наплаќаат. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

Промовирани огласи »

Интересна идеја доаѓа од компанијата Trip.com, една од најголемите светски онлајн туристички агенции, а се однесува на нејзините околу 32.000 вработени и нивните идни деца.

Имено, за да ги поттикнат вработените да работат на проширување на семејствата, оваа кинеска компанија воведуваат нови субвенции за детска грижа во вредност од 1 милијарда јуани или 138 милиони американски долари.

Вработените со минимум три години работен стаж на Trip.com ќе добиваат годишен бонус од 1.376 долари за секое новородено дете секоја година од првиот роденден на детето додека детето не наполни пет години.

Преку воведувањето на овој бенефит за грижа за децата, ние имаме за цел да обезбедиме финансиска поддршка што ќе ги охрабри нашите вработени да основаат или растат семејства без да ги загрозат нивните професионални цели и достигнувања, изјави извршниот директор на Trip.com Џејмс Лианг за CNN.

Соопштението следи по слични иницијативи на помалите кинески компании и доаѓа во време кога земјата се соочува со демографска криза.

Имено, населението на Кина се намали во 2022 година за прв пат по повеќе од 60 години, од само 6,77 раѓања на 1.000 луѓе - што е најниска стапка на наталитет од основањето на комунистичка Кина во 1949 година. Затоа, таа повеќе не е најнаселена земја во светот, но гледа зад Индија, која има повеќе од три милиони жители или една милијарда и 429 милиони од нив.

Иако Пекинг ја заврши својата повеќедецениска политика на „едно дете“ во 2015 година, дозволувајќи им на брачните парови да имаат две деца, националната стапка на наталитет продолжи да опаѓа.

Затоа, ова прашање е клучна грижа за креаторите на политиката бидејќи може да има длабоки импликации за Кина. Ова го зголемува проблемот со стареењето на населението, може да влијае на економскиот раст и да ги намали даночните приходи и придонесите во веќе затегнатиот пензиски систем.

„Компаниите исто така можат да играат улога во рамките на нивните сопствени можности во градењето на поволна репродуктивна средина“, смета Лианг.

Има и други примери. Земјоделската компанија Beijing Dabeinong Technology, од минатата година им дава паричен бонус од 12.391 долари на вработените доколку имаат трето дете. Раѓањето на првото дете е наградено со 4130 долари, а второто со 8260 долари.

Минатиот месец, QiaoYin City Management, компанија за урбани санитарни услуги, објави дека ќе понуди бонус од 13.759 долари на вработените за раѓањето на нивното трето дете. Овој потег имаше за цел да го намали финансискиот товар на семејствата на младите вработени и да одговори на повикот на Владата да го поттикне раѓањето деца.

Падот на наталитетот не е единствената грижа на Пекинг. Премалку луѓе стапуваат во брак, што може да го влоши проблемот.

Околу 6,83 милиони парови се венчале во 2022 година, според податоците објавени од кинеското Министерство за цивилни работи претходно овој месец. Ова е пад од околу 10,5 отсто во споредба со 7,63 милиони бракови регистрирани во 2021 година и е најниската бројка забележана откако Министерството почна да објавува податоци во 1986 година.

Креаторите на политиката дополнително ја намалија границата на раѓање во 2021 година, дозволувајќи им на три деца и ги засилија напорите за поттикнување на поголеми семејства, вклучително и преку планот објавен минатата година за зголемување на породилното отсуство и нудење даночни олеснувања и други бенефиции за семејствата.

Но, тие напори допрва треба да дадат резултати во услови на промена на родовите норми, високите трошоци за живот и образование и економската несигурност.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »