Промовирани огласи »

Вработување во ЗЕГИН!

Погледнете ги сите огласи за вработување во ЗЕГИН!

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа.

Моментално вработува:

ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / СКОПЈЕ
ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА
КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА НАБАВКИ
АСИСТЕНТ НА ПРОДАЖБА
ЕЛЕКТРИЧАР, СТОЛАР, МОЛЕР, ГИПСАР – МАГАЦИН

Се уште невработени?! Сите останати активни работни места можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: Зегин ДОО Скопје

Промовирани огласи »

РАСТАТ ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ ВО СКОПЈЕ: На годишно ниво пораст од скоро 13 проценти!

Цените на становите во Скопје во вториот квартал годинава бележат раст од 1,6 проценти на квартално, а од 12,9 проценти на годишно ниво, соопштија од Народната банка

Цените на становите во Скопје во вториот квартал годинава бележат раст од 1,6 проценти на квартално, а од 12,9 проценти на годишно ниво, соопштија од Народната банка.

Во првиот квартал годинава цените на становите забалежале раст од 18,8 проценти на годишно ниво, а од 1,3 отсто на квартално ниво.

Во првиот квартал лани недвижностите поскапеле за 12,4 отсто на годишно ниво, по што следел раст, од 16,6 отсто во вториот квартал, од 21,2 отсто во третиот и од 20,6 проценти во четвртиот квартал.

Народната банка го подготвува индексот на цените на становите за територијата на Скопје, врз основа на податоци кои се однесуваат на огласите за продажба објавени од агенциите коишто се занимаваат со промет со недвижности.

Промовирани огласи »

Како да се справите со дискриминација на работното место?

Дали сте се соочиле со дискриминација на работното место?

Дискриминацијата на работното место се случува кога некое лице или група луѓе се третираат неправедно или нееднакво поради специфични карактеристики. Овие заштитени карактеристики вклучуваат раса, етничка припадност, родов идентитет, возраст, попреченост, сексуална ориентација, религиозни убедувања или национално потекло. Дискриминација на работното место може да се случи помеѓу соработниците, со кандидатите за работа или меѓу вработените и нивните работодавци. Без разлика дали намерно или случајно, дискриминацијата, без разлика на намерата, е незаконска.

Како да се справите со мобинг на работно место?

  • Водете евиденција
  • Не влегувајте и вие во улога на насилник, но спротивставете се кога тоа е потребно
  • Консултирајте ги надредените или професионалците за оваа проблематика

Дискриминацијата, стереотипите и пристрасноста не се прашања што исчезнуваат наскоро. Тие се истрајни, но не и несовладливи. Малтретирањето од било кој вид не смее да биде застапено никаде, па ни на работното место. Тоа е јасно и не треба да се дискутира. Вработените имаат одговорност да создадат здрава и безбедна средина за сите вработени. Деструктивното однесување може да се намали преку негување на фер и љубезна комуникација, како и преку тренинзи и работилници за здрава работна атмосфера и позитивна комуникација на работното место.

Промовирани огласи »

Холандија забрани мобилни телефони во училиштата

Истата судбина ќе ги снајде и таблетите и паметните часовници кои од 1 јануари следната година ќе бидат забранети во училниците

Мобилните телефони, таблетите и паметните часовници ќе бидат во голема мера забранети во училниците во Холандија од 1 јануари 2024 година, објави денеска холандската Влада, која настојува да го ограничи се она што им го одвлекува вниманието на учениците за време на наставата.

Уредите ќе бидат дозволени само доколку се неопходни, на пример за време на час по дигитални вештини, од медицински причини или во случај на лица со инвалидитет, објави Ројтерс.

Иако мобилните телефони се сеприсутни во нашите животи, тие не припаѓаат во училниците. На учениците мора да им се овозможи целосна концентрација за време на часовите и треба да им се даде можност да стекнат квалитетно знаење. Научните истражувања покажаа дека мобилните телефони го одвлекуваат вниманието во училниците и мораме да ги заштитиме од тоа, изјави министерот за образование Роберт Дијкграф.

Забраната е резултат на договор меѓу Министерството, училиштата и сродните организации. Училиштата ќе можат да ја спроведат забраната на начин што најмногу им одговара, рече Дијкграф, додавајќи дека ќе следат законски правила доколку мерката не ги добие очекуваните резултати до летото 2024 година.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »