Промовирани огласи »

Нормално е да бидеме возбудени кога ќе ја добиеме првата понуда за работа. Приклучувањето кон работната сила со полно работно време може да значи плата, бенефиции и пат до финансиска независност. Но, пред  да прифатите понуда, важно е да процените што точно ви ветува компанијата и да преговарате за истата. Според едни изстражувања околу 56% од работниците чуствуваат голем страв кога преговараат.

  • Како да преговарате за погоелма плата од понудената?

Бидејќи  работодавецот ве одбрал вас сметајќи ве за најдобар кандидат за одбраната функција не треба да имате страв додека преговарате. Препорачливо е никогаш да не ја прифаќате понудата на лице место и, наместо тоа, да одвоите малку време за да го истражите пазарот за вашата позиција. Откако ќе знаете што сакате од преговорите, побарајте да разговарате за понудата.

  • Како да се подгответе за преговор?

Важен дел од преговарачкиот процес е да се подготвите за сè што може да  се случи. Знаејќи што е разумна побарувача и покажува на компанијата дека имате истражувано доволно за да го направете првичното барање. Важно е да имате причина зошто барате да преговарате. На пример, ако луѓето во вашата област или во други компании на слична позиција со вашето ниво на обрзование заработуваат повеќе. За ова ви е потребна причина да докажете зошто сметате дека заслужувате поголема плата. Ако кажете само „сакам повеќе“ нема да го добиете посакуваното.

Дали кога преговаравте за вашата прва плата на вашето прво работно место го добивте посакуваното? Дали доколку ја сакате вашата професија би прифатиле помала плата?

Промовирани огласи »

Богатството на основачот на Ant Group, Џек Ма, се проценува дека вреди помалку од половина од она што беше пред само три години, кога тој одржа главен говор кој ја уништи она што требаше да биде најголемата продажба на акции во светот во тоа време.

Индексот на милијардери на Блумберг предвиде дека богатството на деловниот магнат паднало за 4,1 милијарди долари во текот на минатата година. Ма, кој исто така е ко-основач на фирмата за е-трговија Alibaba, има 9,9 отсто од акциите во Ant Group.

Претприемачот, некогаш најбогатиот човек во Азија, сега има нето богатство од приближно 30 милијарди долари, што е помалку од половина од 61,2 милијарди долари забележани во 2020 година, пред да наиде на проблеми таа година.

Ant е најпозната по водење на дигиталниот систем за плаќање Alipay кој е сеприсутен во Кина. Комбинираната загуба од пазарната капитализација за Ант и Алибаба е околу 877 милијарди долари, според пресметката на CNN врз основа на цените на акциите забележани кон крајот на октомври 2020 година, период кога претприемачот ги нападна финансиските регулатори и банките во Кина во својот говор.

Неговите критики, упатени само неколку дена пред Ант да излезе на берзата во Шангај и Хонг Конг, предизвика невидена репресија врз приватните претпријатија во Кина, што доведе до зголемена регулаторна контрола на другите технолошки компании низ целата земја.

Кинеските регулатори го укинаа ИПО на Ант од 37 милијарди долари во ноември 2020 година и и наредија на компанијата да го реструктуира своето работење.

Оттогаш, Ма се повлече. Во последниве години, тој, наводно, поминал време во Јапонија, во домот на неговиот пријател и инвеститор, извршниот директор на SoftBank, Маса Сон, и во Хонг Конг. Започнал и нова работа како визитинг професор на Универзитетот во Токио и повеќе време поминува во филантропија.

Се повлекол и од фирмите што ги основал.

Тој се повлече од функцијата претседател на Алибаба во 2019 година, кога наполни 55 години. Ant Group минатата недела беше казнета со 984 милиони долари од кинеските финансиски регулатори поради наводно кршење на правилата поврзани со заштита на потрошувачите и корпоративното управување. Аналитичарите велат дека казните се знак дека регулаторната контрола конечно завршила.

Во март, Alibaba ги објави плановите да се подели на шест одделни единици, секоја надгледувана од сопствениот извршен директор и одборот на директори. Компанијата рече дека се надева дека новата структура ќе и овозможи да биде пофлексибилна и да отвори поголема вредност за инвеститорите.

ФОТО: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Промовирани огласи »

Податоците за економијата на анкетата на ИРИ покажува дека само 4 отсто од македонските граѓани имаат доволни примања, додека 64 отсто едвај врзуваат крај со крај.

Тоа што е различно од претходните години е дека пред три ипол години дури 9 отсто од граѓаните имале доволни примања, а во најтешката категорија биле само 17 отсто, за разлика од оваа година кога бројката се зголемила на 29 отсто.

Анкетата на ИРИ, спроведена од април до мај врз примерок од 1.204 испитаници, покажува дека главен проблем за граѓаните се сиромаштијата и нискиот животен стандард - 25 проценти одговориле така.

Промовирани огласи »

Во Македонија минатата година влегле странски инвестиции во вкупна вредност од 794 милиони долари, покажуваат податоците на Агенцијата на Обединетите нации за економска и трговска организација (УНЦТАД), а пренесува Инвестор.

Според извештајот, Србија е на врвот, а Босна и Херцеговина е на дното меѓу балканските земји по износот на странски инвестиции во изминатата година. Лани во Србија биле инвестирани околу 4,6 милијарди долари, а во Албанија со 1,4 милијарди долари и Црна Гора со 877 милиони долари. На крајот од листата е Босна и Херцеговина со 661 милиони долари. Косово не е вклучено во извештајот бидејќи не е земја членка на Организацијата на Обединетите нации.

Во пандемиската 2020-та година, Македонија имаше најголем пад на странски инвестиции во регионот. Податоците објавени од Конференцијата за трговија и развој на ОН тогаш покажаа дека странските инвестиции во регионот во 2020 година се намалиле за 14 отсто во однос на 2019 година, во Македонија падот е скоро три пати поголем. Најмногу инвестиции во 2020 влегле во Србија – 3,4 милијарди американски долари, што е намалување за една петтина во однос на 2019, па потоа следува Албанија со 1,1 милијарди долари што е намалување за 14 отсто во однос на годината претходно. Црна Гора имаше 529 милиони долари, што е 27 проценти повеќе во однос на 2019, падот во Босна и Херцеговина бил 7 проценти и 2020 ја завршувале со 371 милиони долари и Македонија имаше најмалку – 224 милиони долари странски инвестиции, што е за 38 проценти помалку во однос на годината претходно. Во 2021 година Македонија имаше нешто повеќе од 300 милиони долари странски инвестиции.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »