Промовирани огласи »

KARIERA.mk истражување: Дебелите луѓе почесто не можат да најдат работа

Верувале или не предрасудите сеуште ги има

Тежината е главна преокупација и мака на сите жени од светот. Замислете само, ова да биде и најважниот критериум при вашето вработување! Да, можеби не можете да поверувате но тежината и вашиот изглед се сегменти кои се земаат во предвид на секое интервју.

Резултатите од едно истражување наведуваат дека без оглед на тоа колку сте квалификувани, физичкиот изглед дефинитиво може да ја засени вашата биографија.

Во рамки на едно истражување, дебелите луѓе кои оделе на разговори за работа имале помали шанси да добијат работа, за разлика од оние луѓе со нормална тежина.

Видов како ме набљудуваат згодните и убави девојки кои работат во одделот за човекови ресурси. Со мене зборуваа десетина минути, притоа не прашувајќи ме за моите вештини и знаења. Ми рекоа дека нема да го поминам следниот круг, а кога ги прашав зошто, ми рекоа дека немало да им се допаднам на партнерите.

Истражувачите спровеле експеримент така што кандидатите прво биле интервјуирани преку телефон. Нормално дека во оваа фаза немало разлики меѓу слабите и подебелите кандидати.

Според истражувачите, работодавците имаат предрасуди кон дебелите луѓе, сметајќи ги за мрзливи или недисциплинирани.
Сепак, постои уште една можност, а тоа е дека дебелите кандидати поминуваат полошо на интервјуата, бидејќи имаат помалку самодоверба и се чувствуваат непријатно.

Промовирани огласи »

За кирија ќе може да се плаќа и со биткоини

Иновативна градежна компанија не сака да ги изгуби муштериите

Лондонска градежна компанија која развива станбени единици на повеќе локации по големиот притисок на своите корисници ќе дозволи почетниот депозит за резервирање на становите да се плаќа со меѓународни криптовалути како што е биткоинот. 

The Collective најави дека новите станари од следниот понеделник ќе може да плаќаат со биткоини, а до крајот на годинава ќе прифаќа уплата и во друг вид на криптовалути. 

Ова е за прв британска градежна компанија да дозволи уплата на депозитите и месечните кирии во биткоин со што криптовалутата се покажува дека е во реален раст и се почесто се наоѓа и на секојдневните пазарни трансакции, а не само за онлајн потреби. 

The Collective развива станови врз принципот на ко-живеење со тоа што сите станари плаќаат по многу пониски стапки на кирија и зградите се еден вид на студентски домови но, за луѓе кои допрва ја започнуваат кариерата и за прв пат се осамостојуваат.

Промовирани огласи »

Минималната плата ќе чека „амин“ од пратениците: Кој најмногу ќе добие со покачувањето од 10.080 на 12 000 денари?

Законот влезе во влезе во собраниска процедура: Над 76 илјади работници овој месец треба да добијат повисоки плати

И официјално законот за минимална плата влезе во собраниска процедура. Овој месец над 70 илјади работници треба да добијат поголема минимална плата ако законот помине во собрание.

Со 1,5 милиони евра месечно од буџетот Владата ќе ги поддржува компаниите да исплаќаат минимална плата од 12 000 денари, а средствата за финансиска поддршка на компаниите од септември до декември 2017 година, вкупно шест милиони евра, се предвидени со ребалансот на Буџетот.

Кој ќе има најмногу добивка со новата минимална плата?

Даночниот експерт Павле Гацов посочува дека со зголемувањето на минималната плата најголеми добитници ќе бидат токму вработените во овие три дејности (зголемувањето за нив изнесува 2.410 денари месечно или 25%) Производство на текстил; 14 - Производство на облека; 15 - Производство на кожа и слични производи од кожа, за кои минималната плата изнесува 9.590 денари.

Зголемувањето на минималната плата изнесува 19% или наместо моменталниот износ од 10.080 денари работниците ќе земаат минимална плата од 12 000 денари.

Промовирани огласи »

Фотографија од првиот училишен ден која го обиколи светот

Пред и потоа фотографија од малечката Чарли од Луизијана, САД на нејзиниот прв училишен ден го обиколи светот

Пред и потоа фотографија од малечката Чарли од Луизијана, САД на нејзиниот прв училишен ден го обиколи светот бидејќи го прикажува трудот кој мајките го вложуваат за нивните деца да изгледаат совршено во тој многу важен животен момент правејќи им тешки фризури или облекувајќи во најубавите алишта. 

Маркиша Симиен, мајката на Чарли, откако ја објави фотографијата на која се гледа најпрво уредно направената фризура за која и требало долго време и „хаосот“ по враќањето од училиште стана вистински хит на социјалните мрежи со коментари од целиот свет.

Маркиша за Чарли вели дека е многу храбро девојче кое иако има астма може сама да се справи со предизвиците.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »