Тежината е главна преокупација и мака на сите жени од светот. Замислете само, ова да биде и најважниот критериум при вашето вработување! Да, можеби не можете да поверувате но тежината и вашиот изглед се сегменти кои се земаат во предвид на секое интервју.
Резултатите од едно истражување наведуваат дека без оглед на тоа колку сте квалификувани, физичкиот изглед дефинитиво може да ја засени вашата биографија.

Во рамки на едно истражување, дебелите луѓе кои оделе на разговори за работа имале помали шанси да добијат работа, за разлика од оние луѓе со нормална тежина.
Видов како ме набљудуваат згодните и убави девојки кои работат во одделот за човекови ресурси. Со мене зборуваа десетина минути, притоа не прашувајќи ме за моите вештини и знаења. Ми рекоа дека нема да го поминам следниот круг, а кога ги прашав зошто, ми рекоа дека немало да им се допаднам на партнерите.
Истражувачите спровеле експеримент така што кандидатите прво биле интервјуирани преку телефон. Нормално дека во оваа фаза немало разлики меѓу слабите и подебелите кандидати.
Според истражувачите, работодавците имаат предрасуди кон дебелите луѓе, сметајќи ги за мрзливи или недисциплинирани.
Сепак, постои уште една можност, а тоа е дека дебелите кандидати поминуваат полошо на интервјуата, бидејќи имаат помалку самодоверба и се чувствуваат непријатно.
