И официјално законот за минимална плата влезе во собраниска процедура. Овој месец над 70 илјади работници треба да добијат поголема минимална плата ако законот помине во собрание.
Со 1,5 милиони евра месечно од буџетот Владата ќе ги поддржува компаниите да исплаќаат минимална плата од 12 000 денари, а средствата за финансиска поддршка на компаниите од септември до декември 2017 година, вкупно шест милиони евра, се предвидени со ребалансот на Буџетот.
Кој ќе има најмногу добивка со новата минимална плата?
Даночниот експерт Павле Гацов посочува дека со зголемувањето на минималната плата најголеми добитници ќе бидат токму вработените во овие три дејности (зголемувањето за нив изнесува 2.410 денари месечно или 25%) Производство на текстил; 14 - Производство на облека; 15 - Производство на кожа и слични производи од кожа, за кои минималната плата изнесува 9.590 денари.
Зголемувањето на минималната плата изнесува 19% или наместо моменталниот износ од 10.080 денари работниците ќе земаат минимална плата од 12 000 денари.