Промовирани огласи »

Мерката „Мој ДДВ“ е една од најуспешните мерки на концептот на СДСМ, парите назад кај граѓаните. За четири години од спроведувањето на оваа мерка, СДСМ кај граѓаните врати 107,5 милиони евра, истакна пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски.

„Тоа се сериозни пари кои Владата директно ги исплаќа на сметките на граѓаните и позитивно влијае врз семејните буџети на сите корисници на мерката Мој ДДВ.

Со последните законски измени го зголемивме и максималниот износ во едно тримесечие.

Граѓаните кои скенираат фискални сметки во едно тромесечје сега може да остварат максимален износ од 2.100 денари по корисник.

За цела една година тоа се 8.400 денари по корисник.

Доколку во едно семејство има двајца корисници на оваа мерка, тоа се 17.000 денари во семејниот буџет во текот на една година.

Само за последното тромесечје, за месеците април, мај и јуни, граѓаните ќе добијат 11,2 милиони евра, а исплатата на овие средства ќе се одвива во месец август.

За успешноста на мерката „Мој ДДВ” говори и бројот на регистрирани корисници кој постојано расте и денес изнесува 538.919.

Промовирани огласи »

Алтернатива и предлага на Владата, заради поголема заработка на локалните мали бизниси во текот на летото кога се враќаат иселениците, да дозволи да се врати работното време во недела до 31 август.

Затоа, ние како Алтернатива, врз основа на измените на Законот за трговија и Законот за работното време, ù предлагаме на Владата да ги земе предвид трговците и еснафот и економската криза што ги зафати. Бараме Владата да донесе одлука за да дозволи работење во недела и за време на државните празници во текот на летната сезона, односно од 1 јули до 31 август.

Сметаме дека ваквиот чекор неизмерно ќе им помогне на малите бизниси, но и на иселениците за време на нивниот престој во земјава.
Алтернатива отсекогаш била блиску до иселениците, до нивните потреби и барања, а тоа го докажавме со многу иницијативи и проекти за време на раководењето со Министерството за иселеништво.

Сметаме дека Владата на Северна Македонија треба да направи сè што е во нејзина надлежност за да ù помогне на дијаспората, но и да создаде услови иселениците да го помогаат локалниот бизнис“ бара Алтернатива.

Промовирани огласи »

Трите компании на ЕСМ поднеле барање до Регулаторната комисија за енергетика за поскапување на парно-греењето за скопјани за втората половина од годината.

Збирот на барањата имплицира крајно зголемување на цената од 54,2 проценти, потврди претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, за Телма..

Според Бислимовски, одлуката за цената најмногу ќе зависи од проекциите за цената на природниот гас на интернационално ниво.

Добрата страна е тоа што за топлинска енергија, наплатата на ДДВ останува 5 отсто.

Промовирани огласи »

Ако предлогот претставен од Европската комисија во четвртокот помине, старите, запуштени автомобили повеќе не би можеле да се продаваат надвор од ЕУ и да придонесуваат за несигурност на патиштата и загадување на животната средина во трети земји, туку наместо тоа, ќе мора да се рециклираат.

Во наредните години на пазарот ќе излегуваат се повеќе автомобили со нулта емисија, што ќе ја зголеми побарувачката за вредни примарни материјали. Денешниот предлог ќе обезбеди рециклирање и повторна употреба на што е можно повеќе од овие материјали, што ќе овозможи нов живот на компонентите на нашите автомобили и значително ќе го намали еколошкиот отпечаток на патниот сообраќај, рече извршниот потпретседател на Комисијата Франс Тимерманс, одговорен за Европскиот зелен план.

Комисијата предложи регулатива со која би се замениле постојните директиви за возила на крајот на животот и за повторна употреба и рециклирање. Комисијата тврди дека новите регулативи ќе доведат до годишно намалување на емисиите на CO2 од 12,3 милиони тони до 2035 година, подобра валоризација на 5,4 милиони тони материјали и зголемена повторна употреба на клучните суровини. „Спроведувањето на регулативата ќе доведе до долгорочни заштеди на енергија во производствената фаза, намалување на зависноста од увезени суровини и промовирање на одржливи и кружни деловни модели“, наведуваат од Комисијата.

Покрај економските, еколошките и социјалните придобивки за ЕУ, регулативата ќе придонесе за поголема безбедност на патиштата во трети земји преку спречување на извозот на автомобили на крајот на животот и намалување на загадувањето во земјите кои увезуваат такви автомобили. Секоја година, повеќе од шест милиони возила го завршуваат својот животен век во Европа.

Автомобилската индустрија ќе стане најголемиот потрошувач на клучните суровини што се користат во трајните магнети на електронските мотори во Европа. Затоа, зајакнувањето на отпорноста на ЕУ на прекини во синџирот на снабдување и намалувањето на нејзината зависност од увозот на овие суровини е клучно за транзицијата кон возила со нулта емисија.

Според предложената нова регулатива, производителите на автомобили ќе треба да дадат јасни и детални упатства за расклопување на возилата и како да се заменат и отстрануваат деловите и компонентите за време на употребата и на крајот од животниот век на возилото. Најмалку 25 проценти од пластиката во новите автомобили ќе треба да дојде од рециклирање, а од тоа најмалку 25 проценти мора да се рециклираат од возила на крајот на животот.

Опсегот на овие мерки постепено ќе се прошири на нови категории како што се мотоцикли, камиони и автобуси, со што ќе се обезбеди посеопфатна покриеност.

Советот на ЕУ и Европскиот парламент сега одлучуваат за предлогот на Комисијата.

Извор: Пословни.хр

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »