Промовирани огласи »

Поради најавите за продолжување на високите температури и во текот на оваа недела, Владата донесе одлука да се применуваат соодветни препораки за заштита од топлото време. 

Според Управата за хидрометеоролошки работи, како што извести Министерството за здравство, портокаловата фаза во којашто се наоѓа државата продолжува од утре, 17 јули 2023 година (понеделник) и се очекува да трае во следните 10-тина дена - соопштуваат од Влада.
 

Сите региони во државата: скопскиот, осоговско-малешевскиот, пелагонискиот и охридско-преспанскиот ќе бидат во портокалова фаза.

Поради тоа продолжуваат да важат препораките за намалување на ризиците од високите температури, согласно Акцискиот план на Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението.
Согласно усвоеното, Владата препорачува:
• Ослободување од работни обврски на најранливите групи население, како што се: бремените жени и лица на возраст над 60 години, чии работни ангажмани не е можно да се спроведат преку онлајн работа.
Односно, ослободување од физичко присуство на работното место на најранливите групи население, како што се: бремените жени и лица на возраст над 60 години, со организирање онлајн работата, таму каде техничко-технолошкиот процес го овозможува тоа;
• Во установите за згрижување на децата (градинки), да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот;
• Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници;
• Со оглед дека одредени ризични производствени и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.
Согласно добиените информации, Владата одлучи:
• Државните органи и јавните претпријатија и установи да ги почитуваат препораките;
• Владата препорачува на приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците, пред сѐ избегнување престој на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот;


• Сите правни субјекти кои вршат активности на отворено, да ги запрат активностите во периодот од 11:00 до 17:00 часот, а ова особено се однесува на работата на градежните работници;
• Градинките треба да го организираат работното време во периодот од 7:00 до 17:00 часот, со тоа што не треба да практикуваат физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено по 11:00 часот.
Владата одлучи овие мерки да бидат со времетраење од 9 дена, од 17 - 25 јули, до натамошно одлучување.
Владата и надлежните органи постојано ја следат состојбата поврзана со временските температури, со цел навремено преземање соодветни мерки за заштита на граѓаните. 
 Исто така, Владата, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ги задолжи корисниците, односно стопанисувачите со државни шуми, согласно Законот за шумите, да прогласат забрана за движење во шумите, по добиена претходна согласност од надлежното министерство, што ќе се операционализира од утре, 17 јули 2023 година (понеделник).
Забраната важи и за движења во националните заштитени подрачја Јасен, Маврово, Попова Шапка и Пелистер. На подрачјето на Водно каде нема забрана за движење, се предвидени редовни контроли.

Промовирани огласи »

Во текот вечерта (16.07.2023) во периодот од 00.00-05.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 32 возачи од кои 22 во Битола, 5 во Прилеп, 4 во Ресен и 1 во Македонски Брод. За време на контролата биле санкционирани и 12 други видови прекршоци.

Исто така, на 15/16.07.2023 во периодот од 21.00 до 02.00 часот на подрачјето на Битола беше спроведена акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 26 возачи. Од нив 13 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 9 возеле без возачка дозвола, а 1 мотоцикл бил нерегистриран.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР. 

Промовирани огласи »

Мерката „Мој ДДВ“ е една од најуспешните мерки на концептот на СДСМ, парите назад кај граѓаните. За четири години од спроведувањето на оваа мерка, СДСМ кај граѓаните врати 107,5 милиони евра, истакна пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски.

„Тоа се сериозни пари кои Владата директно ги исплаќа на сметките на граѓаните и позитивно влијае врз семејните буџети на сите корисници на мерката Мој ДДВ.

Со последните законски измени го зголемивме и максималниот износ во едно тримесечие.

Граѓаните кои скенираат фискални сметки во едно тромесечје сега може да остварат максимален износ од 2.100 денари по корисник.

За цела една година тоа се 8.400 денари по корисник.

Доколку во едно семејство има двајца корисници на оваа мерка, тоа се 17.000 денари во семејниот буџет во текот на една година.

Само за последното тромесечје, за месеците април, мај и јуни, граѓаните ќе добијат 11,2 милиони евра, а исплатата на овие средства ќе се одвива во месец август.

За успешноста на мерката „Мој ДДВ” говори и бројот на регистрирани корисници кој постојано расте и денес изнесува 538.919.

Промовирани огласи »

Алтернатива и предлага на Владата, заради поголема заработка на локалните мали бизниси во текот на летото кога се враќаат иселениците, да дозволи да се врати работното време во недела до 31 август.

Затоа, ние како Алтернатива, врз основа на измените на Законот за трговија и Законот за работното време, ù предлагаме на Владата да ги земе предвид трговците и еснафот и економската криза што ги зафати. Бараме Владата да донесе одлука за да дозволи работење во недела и за време на државните празници во текот на летната сезона, односно од 1 јули до 31 август.

Сметаме дека ваквиот чекор неизмерно ќе им помогне на малите бизниси, но и на иселениците за време на нивниот престој во земјава.
Алтернатива отсекогаш била блиску до иселениците, до нивните потреби и барања, а тоа го докажавме со многу иницијативи и проекти за време на раководењето со Министерството за иселеништво.

Сметаме дека Владата на Северна Македонија треба да направи сè што е во нејзина надлежност за да ù помогне на дијаспората, но и да создаде услови иселениците да го помогаат локалниот бизнис“ бара Алтернатива.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »