Промовирани огласи »

Министерството за внатрешни работи (МВР) одреди дека 12 февруари 2024 година е последен датум до кога може да се користат личните документи на кои стои старото име „Република Македонија“.

Тие нема да важат по 12 февруари 2024 година, според Преспанскиот договор, велат од МВР.

Граѓаните ќе мора да ги променат пасошите, личните карти и возачките дозволи во рок од шест месеци.

Од 13 февруари 2024 година не може да се помине границата со пасош на кој стои старото име, а исто така полицијата може да ви пише казна ако вашата возачка дозвола не е со името „Република Северна Македонија“, велат од МВР за „РСЕ“.

Промовирани огласи »

Црна Гора и Македонија заеднички ќе аплицираат за да бидат дел од онлајн системот за плаќање Пејпал (PayPal), беше соопштено   на седницата на црногорската Влада.

Министерот за јавна администрација Дукај Мараш рече дека претстои важна посета на Скопје поради што предложил предлог платформа за средба со македонскиот министер.

Ова е многу важна посета, се работи за склучување на меморандумот на двете министерства на Црна Гора и Македонија со цел дигитализација и безбедност на информациите. Исто така, идеја е Црна Гора заедно со Македонија да аплицираат за PayPal, што беше предложено од самата компанија, рече тој.

Мараш информира дека Пејпал предложил двете земји заедно да аплицираат за да имаат поголеми шанси да станат дел од таа мрежа за онлајн плаќања, пренесуваат црногорските медиуми.

На Црна Гора во моментов и е овозможен PayPal трансфер на пари само во една насока, односно при плаќање на стоки и услуги преку Интернет. Добивањето пари преку оваа платформа сè уште не е можно, што претставува значајна бариера за сите оние кои планираат да работат онлајн. /МИА

Промовирани огласи »

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ, изјави дека од утре сите правни лица ќе можат да станат корисници на веб-платформата за електронска наплата на патарина, преку која ќе им биде овозможено плаќање патарина преку интернет за возење на автопатиштата во Србија и Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.

Заедничкиот таг меѓу Србија и Северна Македонија се покажа како одличен потег, за што најдобро говори фактот што речиси 20.000 луѓе во Србија ја искористија можноста да патуваат низ двете земји со еден таг, рече Весиќ, соопштија денеска на порталот на ресорното Министерство.

Тој додаде дека компаниите со заедничкиот таг ќе го забрзаат протокот на стоки и услуги, и појасни дека можноста за користење на заедничкиот таг ќе важи за сите правни лица кои сакаат да станат нови корисници, како и за постоечките корисници на припејд системот и за оние кои имаат договор со ЈП „Патишта Србија“, како овластен дистрибутер за електронска наплата на патарина во постпејд системот.

Весиќ рече дека сите правни субјекти треба да ги проверат дневните лимити на платежните картички пред да станат корисници на веб-платформата, за да се уверат дека се во рамки на нивното планирано дневно трошење.

Промовирани огласи »

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2023 година, изнесува 36 465 денари и таа е повисока за 16,1 отсто во однос на истиот месец минатата година. Зголемувањето е за 5 058 денари, соопштија од Владата. 

Согласно Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (25.5 %), Стручни, научни и технички дејности (21.4 %) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (18.8 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Други услужни дејности (5.3 %), Стручни, научни и технички дејности (5.0 %) и Транспорт и складирање (4.3 %).

Владините мерки даваат позитивни резултати и просечната нето плата во земјава континуирано расте и во услови на најголемата светска економско-енергетска криза. Наша цел е подобар стандард на граѓаните и подобро платени работни места. Платите на граѓаните и во иднина ќе растат, бидејќи сите владини политики се насочени кон подобрување на животниот стандард, се наведува во соопштението од Влада. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »