Промовирани огласи »

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2023 година, изнесува 36 465 денари и таа е повисока за 16,1 отсто во однос на истиот месец минатата година. Зголемувањето е за 5 058 денари, соопштија од Владата. 

Согласно Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (25.5 %), Стручни, научни и технички дејности (21.4 %) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (18.8 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Други услужни дејности (5.3 %), Стручни, научни и технички дејности (5.0 %) и Транспорт и складирање (4.3 %).

Владините мерки даваат позитивни резултати и просечната нето плата во земјава континуирано расте и во услови на најголемата светска економско-енергетска криза. Наша цел е подобар стандард на граѓаните и подобро платени работни места. Платите на граѓаните и во иднина ќе растат, бидејќи сите владини политики се насочени кон подобрување на животниот стандард, се наведува во соопштението од Влада. 

Промовирани огласи »

Мајкрософт продолжува да ги проширува своите напори за вештачка интелигенција, најавувајќи серија нови иницијативи на конференцијата Microsoft Inspire што започнува денес.

Во текот на 2023 година, Мајкрософт ја форсира идејата дека има потреба од копилоти за вештачка интелигенција низ пејзажот на апликациите на претпријатијата. Основната цел на копилотот е да ја донесе моќта на генеративната вештачка интелигенција, а во случајот на Мајкрософт услугата Azure OpenAI, во апликациите за да помогне да се одговори на прашања, да се обезбедат препораки, да се врши анализа на чувствата и да се генерира содржина.

Општата цел на ажурирањето на Microsoft е да им помогне на вработените да ја завршат својата работа на пооптимизиран пристап.

Покрај ажурирањата на производите, Мајкрософт започнува и нова иницијатива за да помогне во преместувањето на своите корисници на CRM во просториите. Новата програма обезбедува стимулации за охрабрување на корисниците во просториите да се преселат во облакот, а клучен двигател е можноста да користат повеќе вештачка интелигенција.

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Силк Роуд Банка АД Скопје и е единствена банка во државата и регионот со 100% швајцарски капитал.

Моментално вработува:

РАКОВОДИТЕЛ НА ЕКСПОЗИТУРА ВО СКОПЈЕ
БАНКАРСКИ СЛУЖБЕНИК ВО ЕКСПОЗИТУРА ВО СКОПЈЕ

Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО ШТИП
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА И НАПЛАТА ВО ОХРИД

Целта на КБ Прво пензиско друштво е да создаде вредност за членовите на фондовите со кои управува, да ги заштитиме нивните интереси, да овозможиме сигурност на нивните средства и да создадеме профит со соодветно инвестирање.

Моментално вработува:

СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА ПРОДАЖБА

BtoBet е пионер во технолошките решенија за спортско обложување и онлајн казино, обезбедувајќи наградувани решенија за спортско обложување и онлајн казино и целосен опсег на услуги за управување на нашите партнери.

Моментално вработува:

VP OF MARKETING
TECHNICAL SUPPORT SPECIALIST
SENIOR DEVOPS ENGINEER
CERTIFIED PUBLIC ACCOUNTANT
QUALITY ASSURANCE ENGINEER
SENIOR .NET DEVELOPER

Гентерм е глобална, иновативна компанија –лидер во областа на термални технологии. Креира, развива и произведува уреди за греење, ладењеи вентилација за клиенти од целиот свет.

Моментално вработува:

PROCESS ENGINEER - CABLE PRODUCTION
SENIOR QUALITY ENGINEER
SQA ENGINEER
LINE LEADER - HANCHO

Просветно дело е приватно претпријатие кое е современо конципирано, со многубројни соработници во земјата и надвор од неа. Воспоставена е соработка со реномирани европски и светски издавачки куќи на полето на копродукцијата и белетристиката.

Моментално вработува:

РАБОТНИК ВО МАГАЦИН
ВОЗАЧ
ПРОДАВАЧИ/КИ - СКОПЈЕ - CITY MALL

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа, којшто работи во седум држави и обезбедува услуги за околу 24 милиони корисници.

Моментално вработува:

ТЕХНИЧАР ЗА ОПТИЧКА ИНФРАСТРУКТУРА
SALES ADVISOR – СКОПЈЕ
SALES ADVISOR – СТРУМИЦА
TELESALES AGENT

Неуромедика е првиот приватен медицински бренд во Македонија кој веќе 30 години работи на полето на современа и напредна здравствена заштита.

Моментално вработува:

ФИЗИОТЕРАПЕВТ
РТГ ТЕХНИЧАР
АДМИНИСТРАТОР – ОПЕРАТОР
ПСИХОЛОГ
МАРКЕТИНГ СПЕЦИЈАЛИСТ
ОПШТ ДОКТОР

Стокомак е ланец на дисконти продавници кој работи по концептот хард-дисконт.

Моментално вработува:

СМЕТКОВОДИТЕЛ ОВЛАСТЕН
ПРОДАВАЧ/КА - КАСИЕР/КА - СКОПЈЕ
ПРОДАВАЧ/КА - КАСИЕР/КА - СВЕТИ НИКОЛЕ
ПРОДАВАЧ/КА - КАСИЕР/КА - ЛИСИЧЕ - АЕРОДРОМ
ПРОДАВАЧ/КА - КАСИЕР/КА - ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Сите останати огласи за вработување од Стокомак можете да ги погледнете ТУКА.

Goody’s Burger House легендарни рецепти затоа вкусете го уникатното искуство со бургер во автентична куќа за бургери.

Моментално вработува:

КАСИЕРИ И РАБОТНИЦИ ВО КУЈНА

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.


 

Промовирани огласи »

Европската комисија ја претстави регулативата за половни возила, со која доколку се усвои, ќе се забрани продажба на половни возила надвор од ЕУ. Со новината која се уште е во зародиш, дотраените возила би оделе на рециклирање. Повеќето возачи на Балканот купуваат половни автомобили кои се увезуваат од европските земји, па ваквата регулатива би влијаела и на нашиот пазар.

Засега се уште не е дефинирано за кои половни возила би се однесувала регулативата, односно не е прецизирано колкава би била точната норма, година или километражата. Во предлогот што ЕК го претстави на крајот на минатата недела, описно се наведува дека се однесува на автомобили на кои им дошол крајот на животот. 

Српските аналитичари проценуваат дека извозната рампа би можела да ги опфати стандардот „евро 3“ и „4“, што би довело до зголемување на цената на возилата со стандард „евро 5“ и „6“. За предлогот на ЕК треба да одлучат Советот на ЕУ и Европскиот парламент, пишува „Новости.рс“.

Како што пренесуваат европските медиуми, ЕК предложила нова регулатива за олеснување на рециклирањето на возилата и зголемување на употребата на рециклиран материјал во производството на нови автомобили. Една од примарните цели е да се осигура дека сите критични суровини, пластика, челик и алуминиум, остануваат во европското производно коло. Секоја година, како што е наведено, околу шест милиони возила го завршуваат својот животен век низ ЕУ, а дел од вредните материјали во нив одат во отпад. Дополнително, оценуваат дека тоа ќе придонесе за намалување на несигурноста на патиштата и загадувањето на животната средина.

Петар Живковиќ, генерален секретар на Здружението на автомобилски новинари на Србија, објаснува дека ЕК се обидува да најде излез во напорите да ја направи ЕУ конкурентна со Кина на пазарот на електрични автомобили. Сепак, како што додава, немаат суровини, па дошле на идеја за тоа да ги искористат своите стари возила. Тој оценува дека донесувањето на регулативата е далечна шанса, но со оглед на тоа што зеленото лоби кое влијае на автомобилската индустрија е исклучително силно, може да се очекува да помине. Според него, се е прашање на политика, а не на реална економија.

 Можеме да претпоставиме дека новата регулатива би опфатила одредени години на автомобили кои не би можеле да се продаваат надвор од ЕУ - наведува Живковиќ. 

Тоа значи дека би останале без оние постари, поевтини автомобили, како „евро 3“ и „4“. Инаку, нашата земја планираше да го забрани увозот на тие половни автомобили. Ако гледаме така, тогаш од таа страна тоа не би било голем удар за нашиот пазар - објаснува соговорникот.

Но, како што додава, ќе поскапат оние возила што ќе можеме да ги увеземе, еуро 5 и еуро 6, што е сосема нормално. За нив ќе има поголема побарувачка во самата ЕУ. Тој наведува дека нашиот пазар моментално стагнира и дека граѓаните купуваат возила само ако треба. Половните автомобили во Србија поскапеа за околу 25 отсто за една година, а новите возила, во зависност од производителот и брендот, од 20 до 50 отсто.

Според предложената нова европска регулатива, производителите на автомобили ќе треба да дадат јасни и детални упатства за расклопување на возилата. Тие, исто така, ќе треба да наведат како да се заменат и отстрануваат деловите и компонентите за време на користењето на возилото и како на крајот од неговиот век. Најмалку 25 проценти од пластиката во новите автомобили ќе треба да дојде од рециклирање, а од тоа најмалку 25 проценти мора да се рециклираат од возила на крајот на животот. Опсегот на овие мерки постепено ќе се проширува на нови категории, како што се мотоцикли, камиони и автобуси, со што ќе се обезбеди посеопфатна покриеност.

Предлогот на новата регулатива не беше поздравен од Асоцијацијата на европски производители на автомобили ACEA. Меѓу другото, тие се прашуваат дали пазарот може да ги снабдува производителите со доволно рециклирани материјали и посочуваат дека многу пластични делови со највисок квалитет тешко може да се рециклираат.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »