Раководител на експозитура во Скопје

За компанијата: Банката е формирана во 1993 година како една од првите приватни банки во земјата под името Кредитна Банка АД Скопје. Од мај 2016 година, Банката работи под името Силк Роуд Банка АД Скопје и е единствена банка во Р. Македонија и регионот со 100% швајцарски капитал. повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

Оглас за вработување
на Раководител на експозитура во Скопје

во Силк Роуд Банка АД Скопје

 

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.

Банката вработува РАКОВОДИТЕЛ НА ЕКСПОЗИТУРА ВО СКОПЈЕ, во Служба за мрежа на експозитури.   

  • Дел од работните задачи на раководител на експозитура во Служба за мрежа на експозитури се следните:
  • Одговорност за постигнувањето на целите во експозитурата и следење на напредокот со давање предлози за остварување на деловните цели;
  • Овозможување поддршка на функционирањето на експозитурата, во соработка со соодветните служби на банката, со цел правилно работење и континуирано подобрување на експозитурата;
  • Реализација на таргетите за пораст на продажбата, приходите и одржување квалитетно ниво на услуга на клиентите;
  •  Организација на тимот со цел навремено и прецизно функционирање во работењето на експозитурата и развој на банкарските активности;
  • Соработка со корпоративниот сектор и службата за производи и поддршка на продажбата за можностите за вкрстена продажба;
  • Анализа на пазарните можности во географската област што ја покрива експозитурата и истражување на можностите за деловен развој;
  • Подготовка на извештаи за напредокот на продажбата во експозитурата, идентификација на критични прашања, со предлози за подобрување;
  • Одговорност за примена на политиката за спречување на перење пари и финансирање тероризам во секојдневните деловни активности;
  • Анализа на кредитното портфолио на експозитурата и континуирано преземање активности за намалување на стапката на нефункционални кредити на најниско ниво;
  • Грижа за усогласеност со правилата, прописите и процедурите на банката.

 

  • Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:
  • Универзитетска диплома во областа на економија, финансии и банкарство
  • 3 години работно искуство, по можност раководна позиција во банкарски или друг финансиски сектор
  • Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Добро познавање на локалниот пазар
  • Добро познавање на банкарските производи
  • Добри организациски и комуникациски вештини

 

Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака за “раководител на експозитура во Скопје”, најдоцна до 25.07.2023 година.

Ве молиме во Вашите апликации не доставувајте сензитивни податоци како националност, вероисповест како и детали за вашиот приватен живот.

Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање.

Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување.

Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата   [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »