Промовирани огласи »

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, денеска во емисијата „SummerClick“ на ТВ21.рече дека во петокот е постигнат договор со синдикатот и вработените во УЈП ќе добијат покачување на платите.

Во петокот беше потпишан колективен договор меѓу синдикалната организација и УЈП и беше добиено позитивно мислење од Министерството за финансии, рече Љукаревска.

На прашањето кога ќе добијат покачување на платите, Љукаревска нагласи дека од следната недела платите ќе се исплаќаат со покачување од 30 отсто. Таа појасни дека договорот е постигнат на колегијален, транспарентен начин и преку решавање спорови.

Триесет отсто повисоки плати или генерален штрајк и блокада на даночниот сиситем и исплатата на плати. Ова беше условот на синдикатот на вработените во Управата за јавни приходи (УЈП) кој го достави минатиот месец до Министерството за финансии. Процедурата за генерален штрајк беше почната со претходење на процес на медијација.

Промовирани огласи »

Се зголемува неизвесноста кај граѓаните во очекување на одлуката на Регулаторната комисија за енергија, која ќе биде цената на топлинската енергија која ќе се наплаќа од 1 август.

Регулаторот се уште ја нема закажано седницата на која ќе бидат разгледувани предлозите на трите фирми на ЕСМ кои вршат производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија за скопјани, но тоа секако мора да се случи до крајот на оваа недела.

Во обид да се разбере барањето на компаниите за 54 % покачување на цената, експерти за „Локално“ објаснуваат дека цената за топлификација најмногу зависи од цената на горивото т.е гасот која се менува на берзите, а извесно влијание има и дали во производството на топлина ќе биде вклучена Те-То.

Како основна причина зошто се бара зголемување на цената на парно греењето, компаниите ги навеле зголемените дистрибутивни трошоци за испорака на топлинска енергија до граѓаните, поскапените материјали и опремата за работа на глобално ниво.

Од РКЕ минатата недела рекоа дека ги разгледуваат барањата за пријавени трошоци на компаниите и ветија дека ќе се бара решение кое нема да предизвика ценовен шок за граѓаните.

Промовирани огласи »

Министерството за внатрешни работи (МВР) одреди дека 12 февруари 2024 година е последен датум до кога може да се користат личните документи на кои стои старото име „Република Македонија“.

Тие нема да важат по 12 февруари 2024 година, според Преспанскиот договор, велат од МВР.

Граѓаните ќе мора да ги променат пасошите, личните карти и возачките дозволи во рок од шест месеци.

Од 13 февруари 2024 година не може да се помине границата со пасош на кој стои старото име, а исто така полицијата може да ви пише казна ако вашата возачка дозвола не е со името „Република Северна Македонија“, велат од МВР за „РСЕ“.

Промовирани огласи »

Црна Гора и Македонија заеднички ќе аплицираат за да бидат дел од онлајн системот за плаќање Пејпал (PayPal), беше соопштено   на седницата на црногорската Влада.

Министерот за јавна администрација Дукај Мараш рече дека претстои важна посета на Скопје поради што предложил предлог платформа за средба со македонскиот министер.

Ова е многу важна посета, се работи за склучување на меморандумот на двете министерства на Црна Гора и Македонија со цел дигитализација и безбедност на информациите. Исто така, идеја е Црна Гора заедно со Македонија да аплицираат за PayPal, што беше предложено од самата компанија, рече тој.

Мараш информира дека Пејпал предложил двете земји заедно да аплицираат за да имаат поголеми шанси да станат дел од таа мрежа за онлајн плаќања, пренесуваат црногорските медиуми.

На Црна Гора во моментов и е овозможен PayPal трансфер на пари само во една насока, односно при плаќање на стоки и услуги преку Интернет. Добивањето пари преку оваа платформа сè уште не е можно, што претставува значајна бариера за сите оние кои планираат да работат онлајн. /МИА

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »