Тајната да се прави добро во интервју и минимизирање на вашата вознемиреност пред интервјуто е темелно да се подготвите пред време. Навистина, има многу работи што можете да ги направите добро пред тоа интервју тоа ве става во позиција да успеете штом ќе започне состанокот.
Неколку совети како да оставите добар впечаток за време на вашето интервју:
Воведниот говор за себе треба да ги пренесе длабочините на вашето искуство и она што го барате. Прилагодувањето на вашиот говор може да направи да звучите многу поубедливо. Поставете ги вашите намери за разговорот кој сакате да го водите за да бидете подготвени. Без разлика дали барате нова работа,се опишувате себеси во мотивациско писмо или пак сакате само унапредување,знајте што сакате и поставете го убедливо вашиот тон на зборување на правнилно артикулиран начин. Убедете ја личноста со која разговарате дека имате одлични вештини и секако се интересирате за тоа што таа има да ви го каже.
- Позиционирајте го правилно вашето тело
Сите знаеме дека позицијата на телото е особено важна. Воспоставување контакт со очите,цврсто ракување,цврстиот став и насмевка на лицето пренесуваат чувство на доверба. Довербата може да биде од големе значење,што значи дека кога се однесувате самоуверено,ќе почнете да се чувствувате посигурни,а и другите ќе ве доживуваат како сигурна и компетентна личност. Бидете свесни какви сигнали испраќате со вашиот став, тонот на гласот,држењето на телото,гестовите и изразите на вашето лице и секогаш зборувајте со голем ентузијазам.
- Одберете го внимателно вашиот изглед
Секако изгледот има свое значење. Луѓето го забележуваат начинот на кој се облекувате,како се носите себеси и вашата целокупна презентација.Колку ова толкување и да е субјективно,вие не сакате негативната перцепција за вашиот стил да ја засени суштината на состанокот.
- Покажете вистински интерес и подготвеност да помогнете
Слично како и довербата,позитивноста исто така има важна улога. Потрудете се да бидете позитивни и доверливи во професионалните интеракции. Емитувајте позитивна емоционална енергија и поставувајте прашања за да извлечете одговори.
Важно е да запомните дека оставате прв впечаток пред воопшто да запознаете некого. Потрудете се да имате добра репутација, бидејќи често луѓето ќе ве побараат на социјалните мрежи. Оставете слика за вашата репутација онаква каква што сакате да биде во сите форми, бидејќи воспоставувањето на вашиот професионален идентитет може да го зајакне вашиот следен чекор.
Интервјуата за работа се спој од возбуда и анксиозност. Но ако сте соодветно подготвени, тогаш можете да го редуцирате стресот и да го извадите максимумот од тоа искуство.