Finance Think ја публикуваше студијата „Влијанието на кризата предизвикана од конфликтот во Украина врз фирмите во Северна Македонија: докази од микроанкета“. Линкот до целата анализа е овде.
Целта на оваа студија, како што велат оттаму, била да се процени влијанието на кризата предизвикана од конфликтот во Украина врз фирмите во земјава. Се потпирале на Анкетата за влијанието на кризата предизвикана од конфликтот во Украина врз фирмите при што се обработени податоци за 112 фирми од различни профили и сектори, во текот на април и мај 2023 година.
„Домашните компании се увозно зависни од суровини и енергија, и глобалниот пораст на цените брзо се пренесе во домашната економија. Така, енергетската криза влијаеше врз компаниите преку порастот на трошоците за работа, и тоа, освен цената на енергијата, и трошоците за суровини и вработените забележаа пораст. Резултатите покажаа дека компаниите искусиле пораст на трошоците за суровини од 20 до 50 проценти, иако кај малите компании и кај компаниите од секторот земјоделство овој пораст е значајно поголем, што ги прави поранливи на сегашната и идни кризи. Во делот на трошоците за енергија, пак, повеќе од една третина од компаниите искусија двојно до петкратно зголемување на трошокот за струја помеѓу 2021 и 2022 година. Од аспект на големината на фирмата, во овој сегмент големите компании беа најзасегнати, затоа што тие беа најизложени, односно купуваа струја на отворен пазар. Додека од аспект на сектори, компаните од градежништвото беа најзасегнати (40 проценти од фирмите од овој сектор известија зголемување на овој трошок за повеќе од пет пати).Трошоците за работна сила се зголемија, главно, до 50 проценти во споредба со претходната година. Товарот одзголемените трошоци за работна сила е малку поголем кај малите фирми, во споредба со поголемите фирми, како и кај извозниците. Последново главно е резултат на недостигот од работна сила со средно ниво на вештини, што извршило главен притисок врз платите. Сепак, за околу третина од фирмите, зголемувањето на минималната плата било важен фактор во зголемувањето на трошоците за работната сила.
Компаниите примениле неколку стратегии за справување со кризата: примарно, тие ги пренесле трошоците на цените од своите производи, ги намалиле другите оперативни трошоци, одложиле некои планирани инвестиции, а поретко застапен беше прекин на производството (само кај некои фирми од секторот земјоделство). Сепак, постојат разлики во зависност од типот на трошокот, и големината исекторот на компанијата. Така, за да се справат со зголемените трошоци на суровините, доминантна стратегија на компаниите од сите големини бешезголемување на цените на своите производи, додека големите фирми почесто преземаа стратегија за намалување на другите трошоци.
Слично, и за соочување со порастот на трошокот за електрична енергија, доминантна беше преносот на шокот врз цените на сопствените производи. Сепак, средните и големите фирми презедоа и поструктурни чекори, односносе впуштија во инвестиции во капацитети за сопствено производство на електрична енергија, како и реорганизирање на процесите за намалување на потрошувачката на енергија. Ова е најчесто случај во индустријата, а потоа во земјоделството и во нископлатежните услужни сектори. Додека, малите фирми не преземаа никаква стратегија за соочување, што може да биде одраз на нивното работење на регулиран пазар на електрична енергија.
Резултатите од регресијата покажуваат дека колку што е поголем уделот на трошоците за енергија во вкупните трошоци, толку повеќе влезните трошоци се префрлале на крајната цена, но толку повеќе се влошувала и конкурентноста. Интересен е наодот дека за фирмите кои не презеле никаква стратегија за справување со растечките трошоци, и процесот на пренос на овие трошоци врз цените на своите производи им одел потешко, а тоа е случај со помалите локални фирми со пониска конкурентност. Резултатите покажаа дека ако цената на трудот се притиска нагоре, на пример, преку пораст на минималната плата над износот на законското усогласување, тогаш тоа нема да влијае врз трошочната инфлација само доколку фирмите одлучат товарот да го преземат на сметка на својот профит.
За справување со енергетската криза, владините мерки се проценети на 760 милиони евра. Од вкупно 33 мерки во двата пакета, 16 беа наменети за компании (или компании и домаќинства). Со исклучок на субвенционирање на цената на струјата / топлинската енергија од страна на Владата за мали потрошувачи и домаќинства, другите мерки се канализирани преку Развојна банка, а многу од нив, како зелените линии од ЕБОР, Гарантниот фонд итн. постоеја и порано, односно ги ублажуваатефектите од кризата, но не можат директно да се поврзат со кризата. Следните инфографикони ги сумираат владините мерки (за компании, за домаќинства, за компании и домаќинства).
Клучните препораки од оваа анализа се однесуваат на зголемена поддршка на процесот на инвестирање во сопствено производство на електрична енергија кај фирмите, како и други енергетски-ефикасни инвестиции во машини, опрема, хали итн., преку механизмите на државна помош кои и сега се на располагање, меѓутоа и преку популаризација на постојните мерки и поддршка за нивно искористување, вклучително и консултантска помош, особено кај помалите фирми. За да се заштитат големите фирми од изложеноста на цената на струјата на глобалниот пазар, неопходно е владата и застапниците на фирмите да се договорат за модел кој ќе ги заштити од варијабилноста на глобалната цена, на пример преку гарантирана цена која фирмите би ја плаќале кога глобалната цена е повисока од неа, но и кога е пониска од неа“, се вели во истражувањето на Finance Think.