За компанијата: Нашата приказна започна во 2012 година во Скопје, Северна Македонија. Во времето кога имавме само една машина за полирање
една дупчалка и една пила работат со 3 вработени во хала од 100 метри квадратни.
X-Star...
повеќе за компанијата »ФЕРАЛ МЕХАНИКА дооел, со 10-годишно присуство во производство на метални и пластични продукти во Република Северна Македонија, бара:
ЕЛЕКТРО ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ ВО ИНДУСТРИСКО ПРОИЗВОДСТВО (м/ж)
Пријавените кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:
- ССС/IV степен на стручна подготовка, Електро техничар;
- Познавања од сервисирање и промена на делови на машини за профили, преси, машини за пластифицирање, машини за полирање итн;
- Познавање од механика, автоматика, пневматика и хидраулика, ќе се смета за предност;
- Работно искуство во одржување;
- Самоиницијативност, енергичност и посветеност кон работата со интерес за подобрување.
Работни задачи:
- Редовно оддржување на машини во производство во погон;
- Демонтирање и монтирање на машини во производство;
- Отстранување на дефекти.
Од кандидатите за бараната позиција се очекува да ги поседуваат следните вештини, способности и лични особини:
- Организираност и ефикасност;
- Способност за тимска работа;
- Работа со дадени рокови;
- Следење на интерните правила и процедури;
- Самоиницијативност и самокритичност.
НУДИМЕ:
- Бесплатен топол оброк;
- Годишен одмор согласно ЗРО;
- Додатоци на основната плата согласно ЗРО;
- Висината на платата е по договор со кандидатот;
Дополнителни обуки по барање на кандидатот
Кандидатите кои ги исполнуваат условите може да испратат кратка биографија на емаил [најави се за да го видиш е-маилот] ; [најави се за да го видиш е-маилот] или на тел за контакт: 072/246-544 во временски период од 08-16 часот.
Слични огласи »