Сите граѓани на Република Македонија имаат еден неработен ден на 2 август, додека православните верници што ќе одмораат на 28 август, добиваат уште неработен ден, а со тоа и еден продолжен викенд.
Среда, 2 Август ќе биде неработен ден за сите граѓани.
Илинден е ден на Св. Илија — голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот народ заради тоа што на 2 август започнало Илинденското востание во 1903 година, а во 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ. Денес, илинденската традиција е испреплетена со патриотски, фолкорни и религиски симболи, што го прави Илинден еден од најбитните празници во Македонија.
Понеделник, 28 август ќе биде неработен ден за граѓаните кои се православни верници.
Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица е значаен христијански празник кај православните, католиците и протестантите, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос. Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму и називот успение, што значи искачување.
Следен неработен ден е Денот не независноста на Република Македонија кој се празнува на 8 септември.