Промовирани огласи »

Зум, компанијата што ја напојуваше револуцијата за работа на далечина за време на пандемијата, им препорачува на своите вработени да се вратат во канцеларија.

Во соопштението, Zoom рече дека сега спроведува „структуриран хибриден пристап“, што значи дека вработените кои живеат во близина на канцеларија „треба да бидат на лице место два дена во неделата“, бидејќи тоа е „најефективно“ за услугата за видео-конференции.

Зум (ZM) имаше свои потешкотии бидејќи побарувачката опаѓа по бранот поттикнат од пандемијата. Во февруари, Zoom (ZM) намали приближно 15% од својот персонал, што изнесува околу 1.300 вработени, откако пребрзо растеше. Членовите на извршниот раководен тим, исто така, ги намалија своите основни плати за 20% за претстојната фискална година и ги загубија бонусите од фискалната 2023 година.

Повеќе од повеќето компании, услугата за видеоконференции дојде да ги дефинира раните денови на пандемијата, бидејќи многумина се свртеа кон нејзината платформа за видео разговор со пријателите и колегите за време на заклучувањето. До средината на 2020 година, Зум објави вртоглаво зголемување на приходите поттикнати од порастот на деловните клиенти од многуте компании кои беа принудени да се свртат кон работа на далечина.

Акциите на компанијата пораснаа за околу 4% за годината.

Промовирани огласи »

Мајорел Скопје со задоволство го објави своето престижно достигнување да биде признаен како Бизнис лидер во Македонија за 2022 година. Посветеноста, извонредноста и одличните перформанси на компанијата им донесоа посакувано место меѓу првите 500 најголеми компании во Република Македонија, врз основа на вкупните годишни приходи за 2022 година.

Признанието „Бизнис лидер во Македонија“ е доказ за посветеностa на Мајорел за испорака на исклучителни услуги и решенија за своите клиенти. Тоа е резултат на колективните напори и стремеж кон извонредност од страна на целиот тим вo Мајорел.

Ова признание ја истакнува извонредната работа и достигнувањата на Мајорел во текот на претходната година, потврдувајќи ја неговата силна позиција на пазарот како водечки играч во земјата. Служи како симбол на доверба, сигурност и компетентност, што го прави Мајорел претпочитан избор за потенцијалните партнери кои бараат одговорна и ефективна соработка во регионот.

Елена Мановска Генерален Менаџер на Мајорел, ја изрази својата благодарност, велејќи: „Ова признание е доказ за напорната работа, посветеноста и истрајноста на целиот наш тим. Горди сме што го добивме признанието „Бизнис лидер во Македонија“, кое ја потврдува нашата посветеност за обезбедување на врвни услуги и одржување на највисоките стандарди на извонредност, истовремено подржувајќи го развојот и растот на македонската економија.

Како дел од топ 500 бизнис лидери во Македонија, Мајорел го демонстрира своето длабоко влијание врз локалната економија преку создавање значителни можности за вработување. Посветеноста на компанијата за поттикнување позитивна работна средина резултираше со признавање и доделување сертификат „Great Place to Work“ од страна на меѓународниот истражувачки и консултантски институт Great Place to Work. 

За Мајорел:

Мајорел е интернационална компанија со повеќе од 82 000 вработени во 45 земји ширум светот, обезбедува корисничка поддршка за едни од најпознатите светски брендови. Канцеларијата во Скопје обезбедува корисничка поддршка на германски и англиски јазик за клиенти од туристичката и телеком индустријата.

Сертификат за бизнис лидер во Македонија:

Сертификатот „Бизнис лидер во Македонија“ е престижно признание што им се доделува на најдобрите 500 компании во Република Македонија врз основа на нивните извонредни финансиски перформанси, влијание на пазарот и севкупниот придонес во економскиот раст на земјата. Сертификатот „Бизнис лидер во Македонија“ го доделува Таргет Груп.

Промовирани огласи »

Се бараат дури 600 кандидати кои би работеле во Министерството за внатрешни работи  во земајва. МВР денеска објави оглас за засновање работен однос на 600 извршители на работно место полицаец.

Како што посочуваат од МВР, најголем број кандидати би работеле во главниот град, но се бараат кандидати и за Охрид, Тетово, Струмица, Куманово, Штип...

Имено, за работната позиција полицаец во Секторот за внатрешни работи Скопје се бараат 300 извршители, во Секторот за внатрешни работи Охрид се отворени места за 100 извршители,  прием за 30 извршители е овозможен во Секторот за внатрешни работи Тетово, по 20 во секторите за внатрешни работи во Струмица, Куманово, Штип, во Одделот за заштита на определени личности и објекти, како и во Регионалните центри за гранични работи Север и Запад. По 15 извршители се бараат во секторите за внатрешни работи Битола и Велес, а по 10 извршители во регионалните центри за гранични работи Исток и Југ - се посочува во соопштението на МВР.

Покрај општите услови наведени во огласот, кандидатите треба да исполнуваат и посебните услови, и тоа потребна телесна висина од најмалку 175 см (мажи), 165 см (жени) и висока лична физичка подготвеност. 
Меѓупотребната документација како доказ за исполнување на потребните услови за работното место се извод од матична книга на родените, диплома за завршено четиригодишно средно образование и две фотографии (3,5 см х 4,5 см), како и своерачно потпишана изјава со која потврдува дека истиот не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија.
Постапката за селекција опфаќа административна селекција на поднесената документација, проверка на моторички способности (за мажи: најмалку 9 „склекови“ во интервал од 10 секунди, најмалку 16 „стомачни подигања“ во интервал од 30 секунди, „скок во далечина од место“ со минимална должина на скокот од 220см, „спринт на 20 метри“ за најмалку 3,35 секунди, „спринт на 100 метри“ за најмалку 15 секунди и „трчање на 1500 метри“ за најмалку 5,25 минути  и за жени: најмалку 6 „склекови“ во интервал од 10 секунди, најмалку 12 „стомачни подигања“ во интервал од 30 секунди, „скок во далечина од место“ со минимална должина на скокот од 160см, „спринт на 20 метри“ за најмалку 3,50 секунди, „спринт на 100 метри“ за најмалку 18 секунди и „трчање на 800 метри“ за најмалку 3 минути, и други физички проверки определени од страна на Комисијата), потоа тест за интегритет и психолошки тест, општо-образовен тест, интервју, безбедносна проверка и здравствени прегледи - појаснува МВР во соопштението.


Избраните кандидати за полицаец склучуваат договор за основна обука за полицаец во времетраење од една година, која ќе се спроведе во Центарот за обука во Министерството за внатрешни работи и на неа се упатуваат за 10 проценти поголем број кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан овој оглас, односно во Центарот за обука ќе бидат упатени вкупно 660 кандидати.
Рокот за доставување на пријавите изнесува 15 дена, сметано од наредниот ден од денот на објавување на јавниот оглас, не сметајќи го денот на самото објавување. Ненавремената и непотполна документација нема да се разгледува.

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика ги демантира и отфрла тврдењата дека Фондот за пензиско и инвалидско осигурување е во криза и државата доцни со исплатите кон банките.

Од МТСП тврдат дека во изминатите години нема ниту еден ден доцнење на исплатата на пензиите, а растот на истите е континуиран и јасно забележлив. Тие исто така тврдат и дека трансферите кон ПИОМ биле навремени и сигурни, дури и во време на Ковид пандемијата, кога започна првата предвремена исплата на пензиите.

Со последните измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година, и воведувањето на новиот начин на усогласување на пензијата, со усогласување со комбиниран модел од 50 орсто пораст на просечната плата и 50 отсто пораст на трошоци на живот пензиите пораснаа за околу 21 отсто. Првото усогласување во Септември 2022 година беше 6.8 отсто, второто во Март 2023 година, 8.4 отсто и моменталната проекција за Септември 2023 година која изнесува најмалку 6 отсто, известуваат од МТСП.

Нагласуваат и дека ниту едно од зголемувањата не ја загрози стабилноста на Фондот, ниту ја поремети редовната исплата на пензиите, и додадоа дека тоа е јасен показател за посветеноста кон граѓаните и стратешкиот избор на донесени политики како и долгорочното планирање кое обезбедува стабилност на Пензискиот Фонд, но и за сигурност на пензионерите.

Пензионерите се приоритет на Владата на Република Северна Македонија. Во овој владин состав се донесоа низа мерки за помош и поддршка на пензионерите, и трендот не сопира. Предлозите од пензионерите се на маса, се дискутира за истите и во најскоро време ќе продолжиме со промоција на нови мерки и пакети кои ќе осигурат достоинствен живот на пензионерите и понатаму, соопшти МТСП.

Министерството за труд и социјална политика апелира да не се креира страв кај пензионерите и да не се манипулира со недостатокот на информации кои го имаат, а се со цел да се обезбеди масовност на протестите кои се политички обоени.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »