Промовирани огласи »

Транзицијата од 20-тите во 30-тите години е голема. За многумина од нас, одлуките што ги донесуваме во тие клучни години завршуваат со дефинирање на остатокот од нашата кариера.

Еве пет совети што е добро да ги знаете во вашите 20-ти години.

1. Изберете кариера што ви се допаѓа, а не онаа што плаќа повеќе

Ова е многу чест совет. Ако само се обидувате да бидете успешни само заради правење пари, тогаш ќе ви биде тешко да бидете среќни во кариерата. 

2. Никогаш не лажете во вашата професионална биографија (CV)

Можеби мислите дека може да се извлечете со малку украсување на CV-то, но порано или подоцна, некој ќе го открие тоа.

3. Преземајте ризици

Кога сте млади, можете да си дозволите да ризикувате бидејќи имате многу време и енергија за да застанете на нозе, ако работите не функционираат. 

4. Не плашете се да аплицирате за работа што ви се допаѓа, дури и ако не ги исполнувате сите услови.

Ако аплицирате за работа и не се чувствувате премногу сигурно во врска со вашите шанси, сепак треба да аплицирате затоа што секогаш вреди да се проба.

5. Секогаш можете да ја смените кариерата 

Можеби на почетокот мислите дека ќе ве интересира професијата цел живот, но на крај да се покаже дека тоа е само фаза. Добрата работа во тоа што имате 20-ти години е што имате многу живот пред себе и можете да си дозволите да направите некои грешки при изборот на кариерата.

Промовирани огласи »

ТАВ Аеродроми со воодушевување го најавуваат влегувањето на нова авиокомпанија на македонскиот авијациски пазар, водечката авиокомпанија на Балтикот, латвиската авиокомпанија airBaltic и воведувањето на нова авиолинија од Меѓународниот Аеродром Скопје, на релација Скопје–Рига–Скопје, откако авиокомпанијата го најави распоредот на летови со сите нови линии за следната летна сезона во 2024 година.  

Македонскиот главен град Скопје ќе биде поврзан со Рига, главниот град на Латвија, два пати неделно, од 3 мај, 2024, до 30 септември, 2024.    

Новата сезонска авиолинија на airBaltic, од скопскиот аеродром, ќе им овозможи на клиентите поврзување од витално значење со балтичките држави и светот и ќе им овозможи да ги истражуваат овие различни региони со огромна леснотија и удобност.

Претставниците на ТАВ Аеродроми се воодушевени за веста дека airBaltic од следната летна сезона во 2024 година влегува на македонскиот авијациски пазар со воведување на новата авиолинија Скопје–Рига–Скопје, бидејќи оваа новина ќе создаде зголемени можности за клиентите кои патуваат преку Меѓународниот Аеродром Скопје.  

Воведувањето на нов лет до Рига од скопскиот аеродром и додавањето на airBaltic како нова авиокомпанија во портфолиото на ТАВ, како и влегувањето на авиокомпанија на македонскиот авијациски пазар е одлична вест. Ова дополнување ќе им овозможи на клиентите беспрекорен пристап до многу културни, историски и деловни дестинации. Оваа нова авиолинија не само што ќе ја подобри поврзаноста, туку и ќе им овозможи на патниците да ги истражуваат овие различни региони со леснотија и удобност – Рига, со својот волшебен спој на историја, култура и современост, во исто време и бизнис-центар во балтичкиот регион, и Скопје и балканскиот регион, со своето историско значење, природни убавини, кујна и гостопримство. Честитаме на airBaltic и ја цениме нивната одлука бидејќи оваа нова авиолинија ќе ги поврзе балтичкиот и балканскиот регион. -изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.  

airBaltic и натаму е водечка авиокомпанија во регионот, а со воведувањето на 11 нови линии следното лето, ќе ја зајакнеме нашата позиција и нашата амбиција да растеме, подобрувајќи ја поврзаноста од Балтикот. При подготовките за следна сезона, секогаш внимателно ја проценуваме состојбата на пазарот и побарувачката. Овој пат, идентификувавме можност да ја прошириме нашата мрежа во Централна и Југоисточна Европа со конекции со балтичките и нордиските земји. Затоа, драго ни е да ја прошириме понудата на airBaltic следното лето со практични и погодни директни летови до и од овој регион. – изјави Мартин Гаус, претседател и главен извршен директор на airBaltic.

Билетите за новата авиолинија се достапни за резервација преку веб страницата на airBaltic www.airbaltic.com, со цени почнувајќи од 89 евра за патување во еден правец.

Промовирани огласи »

Големо намалување на прометот во маркетите, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика. 

Имено, во трговијата на мало, во јули годинава, во споредба со јули лани, гледано по групи и класи, зголемување на прометот кај номиналните и реалните стапки е забележано само во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, и тоа номинално за 7,6 отсто, а реално за 0,5 проценти, додека во групите Трговија на мало, освен трговија со горива номинално расте за 1,5 отсто, а реално опаѓа за 6,5 процент, соопшти Државниот завод за статистика.

Во групата Трговија на мало со автомобилски горива номинално опаѓа за 20,6 процент, а реално расте за 5,5 отсто. Пад и кај двете стапки е забележан во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, и тоа номинално за 4,2 процент, а реално за 13 отсто. 

Промовирани огласи »

На девизните пазари се зголеми вредноста на доларот во однос на кошничката на валути. Сепак, таа е на пат до загуба оваа недела од околу 0,5 отсто.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 103,58 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 103,15 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 145,85 на 145,40 јени.

Сепак, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0845 долари, додека вчера во ова време беше 1,0920 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,24 отсто, на 87,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,19 отсто, на 83,80 долари.

Азиските берзи благо пораснаа

Азиските берзи денеска благо пораснаа, најмногу благодарение на новите стимулативни мерки во Кина, но претпазливото тргување пред извештајот за работните места во САД, што може да влијае на насоката на пазарот.

Индексот MSCI на азиско-пацифичкиот регион беше околу 7 часа во плус 0,15 проценти.

Истовремено, на токиската берза индексот Никеи зајакна за 0,5 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја и Шангај пораснаа за околу 0,3 отсто. Во Австралија, пак, паднаа за околу 0,2 отсто, додека во Хонг Конг нема работа поради ураганот.

Пазарите беа поддржани со нови мерки на кинеските власти за поддршка на пазарот на недвижности и зголемување на потрошувачката.

Во неколку големи градови беа намалени каматните стапки на хипотекарните заеми, додека утрово кинеската централна банка ја намали стапката на распределба на девизните резерви на финансиските институции, со цел стабилизирање на јуанот, кој е под притисок со недели.

Инвеститорите беа охрабрени и од приватниот извештај, според кој индустриската активност во Кина порасна значително повеќе отколку што очекуваа аналитичарите во август.

Вчера, пак, официјалниот извештај на кинеските власти покажа дека производната активност бележи пад петти месец по ред, додека активноста во услужниот сектор забави.

Инвеститорите се претпазливи и од фактот дека американскиот извештај за вработеноста и платите за август ќе биде објавен во петок, што би можело да има значително влијание врз насоката на пазарот.

Поради ова, тргувањето вчера беше претпазливо и на Волстрит, каде Dow Jones загуби 0,4 отсто, а S&P 500 околу 0,2 отсто. Индексот Nasdaq зајакна, од друга страна, за 0,1 отсто.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »