Промовирани огласи »

Големо намалување на прометот во маркетите, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика. 

Имено, во трговијата на мало, во јули годинава, во споредба со јули лани, гледано по групи и класи, зголемување на прометот кај номиналните и реалните стапки е забележано само во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, и тоа номинално за 7,6 отсто, а реално за 0,5 проценти, додека во групите Трговија на мало, освен трговија со горива номинално расте за 1,5 отсто, а реално опаѓа за 6,5 процент, соопшти Државниот завод за статистика.

Во групата Трговија на мало со автомобилски горива номинално опаѓа за 20,6 процент, а реално расте за 5,5 отсто. Пад и кај двете стапки е забележан во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, и тоа номинално за 4,2 процент, а реално за 13 отсто. 

Промовирани огласи »

На девизните пазари се зголеми вредноста на доларот во однос на кошничката на валути. Сепак, таа е на пат до загуба оваа недела од околу 0,5 отсто.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 103,58 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 103,15 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 145,85 на 145,40 јени.

Сепак, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0845 долари, додека вчера во ова време беше 1,0920 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,24 отсто, на 87,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,19 отсто, на 83,80 долари.

Азиските берзи благо пораснаа

Азиските берзи денеска благо пораснаа, најмногу благодарение на новите стимулативни мерки во Кина, но претпазливото тргување пред извештајот за работните места во САД, што може да влијае на насоката на пазарот.

Индексот MSCI на азиско-пацифичкиот регион беше околу 7 часа во плус 0,15 проценти.

Истовремено, на токиската берза индексот Никеи зајакна за 0,5 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја и Шангај пораснаа за околу 0,3 отсто. Во Австралија, пак, паднаа за околу 0,2 отсто, додека во Хонг Конг нема работа поради ураганот.

Пазарите беа поддржани со нови мерки на кинеските власти за поддршка на пазарот на недвижности и зголемување на потрошувачката.

Во неколку големи градови беа намалени каматните стапки на хипотекарните заеми, додека утрово кинеската централна банка ја намали стапката на распределба на девизните резерви на финансиските институции, со цел стабилизирање на јуанот, кој е под притисок со недели.

Инвеститорите беа охрабрени и од приватниот извештај, според кој индустриската активност во Кина порасна значително повеќе отколку што очекуваа аналитичарите во август.

Вчера, пак, официјалниот извештај на кинеските власти покажа дека производната активност бележи пад петти месец по ред, додека активноста во услужниот сектор забави.

Инвеститорите се претпазливи и од фактот дека американскиот извештај за вработеноста и платите за август ќе биде објавен во петок, што би можело да има значително влијание врз насоката на пазарот.

Поради ова, тргувањето вчера беше претпазливо и на Волстрит, каде Dow Jones загуби 0,4 отсто, а S&P 500 околу 0,2 отсто. Индексот Nasdaq зајакна, од друга страна, за 0,1 отсто.

Промовирани огласи »

Нови цени на поштенските услуги во меѓународниот поштенски сообраќај се во сила од денеска.  Новите цени се однесуваат за писмата, поштенските картички, печатените работи и малите пакети. 

За стандардизираното писмо, поштенската услуга ќе чини 42 денари, а исто толку ќе чини и за поштенската картичка.

Поштенската услуга за нестандардизираното писмо до 20 грама во соседните држави и во земјите од Европа, кои се во втора зона, од септември ќе биде 42 денари, а за останатите држави од Европа, кои се во трета зона, како и за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 45 денари. 

За препорачаните писма, ќе се доплаќа 139 денари како дополнителна цена која ќе се додава на цената за основната услуга.

Кај малите пакети до 100 грама, доколку се праќаат во соседните држави и во земјите од Европа од втора зона ќе се плаќа поштенска услуга од 105 денари, а за останатите европски држави кои се во трета зона, како и за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 120 денари. За најголемите пакети од 1000 до 2000 грама, цената на поштенската услуга за соседните држави и за Европа, втора зона, ќе биде 1.115 денари, додека за останатите европски држави, Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот ќе биде 1.285 денари. 

За печатени книги, весници и списанија до 20 грама, поштенската услуга за соседните држави и Европа, втора зона, ќе биде 37 денари, а за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 39 денари. За пратка со печатени книги, весници и списанија кои тежат од 1000 до 2000 грама, ќе се плаќа поштенска услуга од 1.112 денари за соседните држави и Европа, втора зона, додека за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави во светот 1.265 денари...  

За авионски превоз за писмо, поштенска картичка, печатени работи, мали пакети и секограми (сите видови печатени работи за слепи)  за Австралија и Нов Заланд и за останатите земји во светот, цената ќе биде по 6 денари за секои 10 грама тежина на пратката, која ќе се пресметува како дополнителна цена и ќе се додава на цената за основната услуга. За земјите од Европа, цената за оваа услуга останува четири денари на секои 10 грама тежина на пратката.

Потребата од зголемување на цените, како што стои во образложението од Агенцијата за пошти, е оправдано од неколку причини - некои од постојните цени на основните и дополнителните услуги во меѓународниот сообраќај како писмо и поштенска картичка се во примена повеќе од 20 години, додека цените на нестандардизираното писмо, печатени работи и мали пакети, препорачано ракување и ракување со писмо, не се сменети шест години, а трошоците за нивно обезбедување се зголемени. 

Во образложението се наведува и дека вака зголемените цени на поштенските услуги се меѓу пониските во регионот и дека се во рамки на просекот со земјите од регионот.

Промовирани огласи »

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2023 година, живородени се 4 019 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 8.9 %.

Бројот на умрените лица во второто тримесечје годинава бележи намалување од 0.5 % во споредба со истиот квартал лани, односно починале 4 730 лица, а од нив шест се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен, - 711 лица, односно за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во второто тримесечје од 2023 година се склучени 3 228 бракови, што претставува зголемување од 10.9 % во споредба
со истиот период од 2022 година.

Во ова тримесечје се добиени 467 извештаи за разведени бракови.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »