Промовирани огласи »

Цените од 1 август ќе се земат како референтни за најавеното поевтинување на повеќе од 50 основни прехранбени производи во земјава, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Како што истакна Ковачевски, поскапувањето се случувало најмногу после 1 август, затоа е земено и како репер, но тоа не значи дека нема да земат предвид и други елементи.

Ги анализиравме цените и практично, покачувањето се случува најмногу после 1 август, затоа го земавме како репер. Но, тоа не значи дека нема да се земат предвид и другите елементи, па и јули. Анализата се прави, сметам дека до крајот на викендов ќе биде завршена. Најважно е дека се носи мерка со која ќе бидат прекинати секакви можности за манипулација со промоции на цените и тоа што се одржа состанок на кој трговските ланци изразија волја за намалување на цената за најмалку 10 отсто, како и дека нема да биде земена како рефрентна цената денес, туку цената што се наоѓа во период зад нас, потенцира Ковачевски.

Одлуката за замрзнување на цените на 50 основни прехранбени производи треба да биде донесена на владина седница во вторник идната недела.

Промовирани огласи »

Силната меморија зависи од здравјето и благосостојбата на мозокот. Кога сте во ситуација во која заборавате информации кои би требало многу лесно да ги помните, тоа ја намалува вашата самодоверба и ви прави да се чувствувате како да го губите умот.  

Во продолжение неколку совети како да ја подобрите вашата меморија за поефективно извршување на работните задачи:

  • Вклучете физичка активност во вашата дневна рутина. Физичката активност го зголемува протокот на крв во целото тело, вклучувајќи го и мозокот;
  • Останете ментално активни;
  • Редовно дружете се;
  • Организирајте се;
  • Спијте добро;
  • Воведете здрава исхрана.

Постојат многу забавни, едноставни, па дури и вкусни начини за подобрување на вашата меморија. Вежбањето на умот и телото, уживањето во квалитетно парче чоколадо и намалувањето на количината на додаден шеќер во вашата исхрана се одлични техники како до подобра меморија и успешна реализација не само на работните задачи туку воопшто.

Промовирани огласи »

Интересна мапа споделена на страницата „Dalmatian Mapper“ покажува колку години и се потребни на секоја европска земја за да заработи милион евра, а таа бројка за Македонија е 201 година.

Заедно со мапата беше наведено дека е земена предвид просечната плата на секоја земја, а со сумирање се дојде до резултат колку години ќе треба да се работи за да се достигне милион евра.

На картата, земјите со најмалку години потребни за ова достигнување се означени со темно сина боја, додека оние со најмногу се претставени со темно црвена боја.

Кога станува збор за Македонија, таа е претставена со црвена нијанса и таа бројка е 140 години. Во Србија оваа бројка е 152 години, а во Хрватска е значително помала - 87 години.

Меѓу оние земји каде најбрзо се достигнува милионот се: Швајцарија - само 15 години, потоа Исланд со 22 години, Данска со 26 и Норвешка со 27 години.

На другиот крај се оние каде што е потребно многу повеќе - на пример, во Украина се потребни 230 години за да се заработат милион евра по просечна плата, потоа Турција со 214 и Албанија со 208 години.

Промовирани огласи »

Владата нана денешната седница, како што беше претходно најавено од министерот за економија Крешник Бектеши, донесе одлука со која се забранува на трговците кои вршат трговија на мало да нудат акциска продажба (акција) и промотивна продажба (промоција) при нивно ставање во промет.

Исклучок ќе бидат единствено алкохолните и безалкохолните пијалоци. 
Одлуката, објаснуваат од Владата, е донесена со цел да се спречи злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки. Одлуката ќе се применува до 30 ноември 2023 година.

Со оваа одлука ќе се намалат можни манипулации при ваквиот вид на продажба на земјоделски и прехранбени производи, исто така ќе се намали и ќе се спречи нарушување на домашниот пазар заради злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки. Одлуката е со цел граѓаните да ја знаат точната и реална цена на производот, и да не се доведуваат во заблуда со цените на прехранбените производи, соопштуваат од владината прес-служба.

Бектеши денес пред медиумите рече дека ќе може да се продаваат производи на акција единствено ако нивниот рок на употреба е пред истекување, но и дека тоа содржински ќе треба специјално да биде истакнато на продуктите.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »